Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Вилата мал Св. Климент направи своја винарија

Post Views: 388 Нова туристичка понуда во градов. Вилата мал Св. Климент направи своја винарија во која ќе се прави вино од автохтони сорти на грозје кои се карактеристични за охридскиот регион. Идејата за ваква винарија произлегла од интересот на гостите  за охридските вина кои имаат свои карактеристики кои ги немаат останатите вина во светот. Сопственикот на винаријата Будимир Соколовиќ вели дека тоа можеби не се некои врвни вина по својот квалитет, но се единствени бидејќи се произведуваат од ретки сорти. Многу интересен и единствен е и начинот на производството на виното во...

Продолжи со читање

Старата турска чаршија, магнет за гостите кои доаѓаат во Охрид

Post Views: 436   Старата турска чаршија магнет за гостите кои доаѓаат во Охрид. Ова катче од градот кое има посебна душа и шарм со својата автентичност ги привлекува домашните и странските гости. Холанѓани, белгијци, срби, турци, а и туристи од Македонија доаѓаат тука за да се освежат со турски чај, боза или лимонада, да каснат вкусни ќебапи и други национални специјалитети или да се заблажат со оригинална турска баклава. Во оваа чаршија сеуште има еснаф. Сопствениците на угостителските објекти и продавници велат дека во тоа се крие и тајната на нивното долгогодишно работење и...

Продолжи со читање

Започна проектот за изградба на детски игралишта во градов

Post Views: 144 Започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина Охрид. Во тек е изградбата на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити. Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога.Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид. Идејата за изградба на вакви повеќенаменски игралишта е на градоначалникот Никола Бакрачески и неговите средби со жителите на Урбаните...

Продолжи со читање

Ќе започне производство на автохтон расад на охридската цреша-долгошишк

Post Views: 160 Задругата „Охридска цреша“ прави напори во регионов да започне производство на автохтон расад на охридската цреша-долгошишка. Сега индивидуални производители калемат најразлични видови на цреши со што полека но сигурно се губи нашата препознатлива сорта, вели Ванчо Стојаноски член на зaдаругата. Денес за таа цел преставник од Институтот за земјоделство се сретна со преставници од Локалната самоуправа, поточно со преставници на ТЛЕР за да им ги предочи можностите за изработување еден заеднички проект во кој би партиципирал институтот, локалната и задругата, а со кој...

Продолжи со читање

Пешачките премини постојано се бојадисуваат и пребојадисуваат

Post Views: 154 Охриѓани се жалат дека пешачките премини во градов постојано се бојадисуваат и пребојадисуваат. Тие велат дека тоа се должи на лошиот  квалитет на бојата со која се обележува хоризонтална патна сигнализација па затоа зебрите брзо се бришат. Деновиве повторно се бојадисуваше дел од хоризонталната сигнализација кај вториот чинар и дел од  пешачките премини и другата хоризонтална сигнализација на најфреквентната охридска сообраќајница, булеварот „Туристичка“ кои се обележуваа пред еден месец, одвај се препознаваат. Од Секторот за комунален развој и сообраќај признаваат...

Продолжи со читање

Започна изградбата на пешачката и велосипедска патека кај каналот Студенчишта

Post Views: 298 Започна изградбата на современа пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“. Според планот патеката треба да биде направена од природни материјали како што се камени плочи и дрво, а ќе има и атрактивни содржини како што се мали мостови од дрвена конструкција кои ќе се протегаат од пешачката патека до малиот канал и ќе се поврзуваат со спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“. Ќе се исчисти и малиот канал , ќе се постават платформи кои ќе се дрвени и ќе служат за пристапување на пловните објекти и неколку видиковци....

Продолжи со читање

Граѓаните бараат почист градски пазар

Post Views: 161 Градскиот пазар во Охрид е едно од најпосетените места посебно во летниот период. Граѓаните и туристите секојдневно од таму се снабдуваат со свежо овошје и зеленчук. Големата фреквенција на луѓе како и високите температури си го прават своето па многупати хигиената на пазарот не е на највисоко ниво. Граѓаните коментираат дека тоа не му доликува на туристички центар како што е Охрид.Од ЈП „Градски пазар“ тврдат дека нивните екипи особено се ангажирани околу одржувањето на хигиената во пазарот бидејќи од тоа во голема мера зависи и неговото функционирање, а додаваат...

Продолжи со читање

Доцни поставувањето на подземниот контејнер наспроти маркетот Рамстор

Post Views: 136 Доцни поставувањето на подземниот контејнер наспроти маркетот Рамстор. Од Локланата самоуправа уште пред еден месец најавија дека контејнерот ќе биде ставен во функција, но овој проект сеуште не е реализиран. Поради некои технички проблеми се оддолжи целата работа. Имаше некои пропусти во висината на контејнерот . Тие проблеми веќе се надминати и деновиве повторно ќе се активираат работите на терен. За десетина дена контејнерот треба да биде поставен, вели Томе Џамтоски-портпаролот на Локланата самоуправа. Подземниот контејнер е составен од три контејнери  кои...

Продолжи со читање

Максим Венгеров познатиот виолинист чија музика не познава граници, повторно на „Охридско лето“

Post Views: 145 Максим Венгеров, едно од највпечатливите имиња на светската уметничка сцена, познатиот виолинист чија музика не познава граници, повторно на „Охридско лето“. Директорот на фестивалот Оливер Арсовски рече дека сите кои вечерва ќе присуствуваат на концертот на Венгеров ќе имат едно неповторливо доживување, а уметничката директорка Елизабета Јосифова Неделковска изрази задоволство што Охрид и Македонија ќе бидат домаќини на една од највлијателните музички личности на денешницата. Венгеров со нескриено задоволство кажа дека секогаш со големо задоволство и радост доаѓа...

Продолжи со читање

Се наѕира крајот на изградбата на пешачката патека од мостот до Горица 1

Post Views: 141 Деновиве интензивно се работи на терен да се завршат комуналните зафати по што ќе се премине кон нејзино поплочување и хортикултурно уредување. Со тоа Охрид ќе добие една убава патека за рекреација на граѓаните и гостите, велат од Локалната. Се наѕира крајот на изградбата на пешачката патека од мостот до Горица 1. Моментално интензивно се работи на третата фаза што подразбира изградба  на преостанатите 630 метри од патеката и целосно поставување на комуналната инфраструктура. ЈП „Водовод“ и ЈП „Нискоградба“ работат на поставување на нова водоводна мрежа и нова...

Продолжи со читање

Пет идејни решенија пристигнаа на конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“

Post Views: 151 Заврши конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“. На конкурсот се пријавени пет кандидати, а кои се нивните имиња и какви се идејни решенија се нудат допрва ќе се знае кога ќе се отворат понудуите. Изборот на сувенир на градот е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општинатаа целта е да се направи вистинскиот избор за сувенир на градот кој ќе е препознатлив во промоцијата на Охрид. Ова нема да биде официјален симбол на Охрид, туку ќе биде сувенир кој Локалната самоуправа ќе го користи во сопствените промотивни дејности. Општината формира...

Продолжи со читање

Програмата за поставување времени објекти ги револтира граѓаните кои имаат такви објекти

Post Views: 149   Донесувањето на предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти на седницата на совет која се одржа во понеделникот, ги вознемири граѓаните кои имаат такви објекти. Денес реагираа сопствениците на објектите на локација бр. 6 која се наоѓа наспроти автобуската станица каде има 13 времени објекти.Таа одлука е крајно незаконска и поради нејзиното донесување ќе сносат одговорност и советниците кои ја изгласаа, а и градоначалникот кој е подносител. Овие објекти не може да се стават во таа програма бидејќи за нив има одлука на совет ...

Продолжи со читање