Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 4 Нова туристичка содржина во градов. Спортската манифестација Охрид трчаТ која за прв пат се одржа викендов атрактивна за гостите, но и за охриѓани кои масовно се приклучија трчајќи по охридските улици. Целта на овај настан кој беше во организација на Асоцијацијата Спорт за сите, сите за спорт е да се промовира здравиот начин на живот и да се оттргне младината од пороците. Охрид сам по себе е многу убав, има природни реткости и културни знаменитости. Но сепак му недостасуваа содржини. Ние тоа треба да го подобриме со ваков вид на настани. Сите видовме каква...
Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости
Post Views: 11 Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости. Речиси и да нема турист кој дошол во градов оваа сезона, а кој не ѕирнал што се случува во овој автентичен простор во непосредна близина на катедралната црква Св. Софија. Покрај што таму можат да се купат убави и уникатни парчиња накит изработен од охридски бисер, може на лице место да се види како бисерот се изработува, со каква емулзија тоа се прави, кој е начинот за да се дојде до тие сјајни перли кои красат многу дами. Семејството Филеви веќе 100 години ја негува традицијата на изработка на...
Како ќе функционира градов летово
Post Views: 1 Охриѓани прашуваат каков режим на сообраќај ќе има ова лето во градов. Бидејќи секоја година со одлука на совет се носи ново сообраќајно решение кое важи во текот на летната сезона, а мандатот на советот заврши уште на 24 март, се јави дилема како ќе биде решено ова прашање. Сообраќајниот режим е многу важен бидејќи во Охрид на лето речиси и да не може да се вози поради големиот метеж кој го создаваат зголемениот број возила со кои доаѓаат туристите. Со летниот режим кој функционираше години наназад дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел...
Украдени садници кај спомениците на паднатите борци
Post Views: 7 Зимзелените дрвца кои беа засадени во Спомен паркот на паднатите борци од активностите на здружението „Брег на младоста“, откорнати и украдени. 20тина стебла на ела од пред една недела ги нема во паркот. Група на вандали украле 15 елки при тоа не почитувајќи ја историјата на паднатите борци и заштитената флора на Националниот парк Галичица, но и непочитувајќи ги младите кои за прв пат засадија садници и се радуваа на своето постигнато дело, вели Теа Петкоска- претседател на младите волонтери на здружението „Брег на младоста“. Волонтерите на здружението „Брег на...
Брендот Лорис стигна и во Охрид
Post Views: 3 Нова парфимерија во градов. Брендот Лорис стигна и во Охрид. Околу 450 копии на оригиналните парфеми, спакувани во идентично шише можат да се купат сега и кај нас. Не се работи за фалсификати туку парфемите се производ на турска компанија, маслата се идентични како кај оригиналите и имаат трајност од 6 до 8 часа, многу повеќе и од оригиналните парфеми, објаснува сопственикот на парфимеријата, Јосиф Ќурчиески. Има парфеми од речиси сите познати брендови, машки и женски како и спрејови за тело, гелови за туширање, ролони. Ваква парфимерија е отворена во Скопје и...
Охриѓани подготвени да трчаат
Post Views: 2 Охриѓани подготвени да трчаат. Големиот спортски настан „Охрид трчаТ“ кој е во организација на Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги обедини граѓаните од различни возрасни и социјални категории. Досега се пријавени околу 150 охриѓани кои трчајќи сакаат да дадат свој допринос во промоцијата на спортските настани кои се одржуваат во Охрид. Како спортска дисциплина е избрано трчањето бидејќи атлетиката е основа на сите спортови, но и здрава навика за добар психофизички живот. Oвој настан организаторите планираат да прерасне во традиција. Целта е...
Општинскиот пазарен инспекторат ги чешлаше вилите во градов
Post Views: 5 Општинскиот пазарен инспекторат во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат и со туристичките инспектори од Локланата самоуправа, ги чешлаа вилите во градов. Проверуваа дали во согласност со нивната категоризацијата поседуваат решение за работа. Контролирани биле преку 60 субјекти на територијата на Општина Охрид и тоа во Велестово во Коњско и Рача. Оваа акција била на иницијатива на ХОТАМ бидејќи ваквите приватни субјекти кои го прекршуваат законот преставуваат нелојална конкуренција за хотелите. Тие сите поседуваат решение за категоризација меѓутоа...
„Спортот и семејните вредности“
Post Views: 5 „Спортот и семејните вредности“. Под ова мото во спортската сала од Основното училиште „Григор Прличев“ во организација на Агенцијата за спорт и млади, Сојузот на спортските федерации на Македонија и Општина Охрид се одржа спортски хепенинг на кој учествуваа основци од речиси сите училишта во градов и нивните родители. Тие низ игра ги одгатнуваа спортските задачи кои беа навистина интертесни и предизвика воодушевување и кај учесниците и кај публиката. На присутните им се обрати поранешниот Европски првак во карате, Наташа Илиевска Јордановска која рече дека...