Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица, обвинуваат од СДСМ

Post Views: 176   Охридските советници од СДСМ денес уште еднаш потсетија на ветувањата дадени од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески, а кои како што велат сеуште не се реализирани. Тие својата пресс конференција ја одржаа кај автобуската станица од каде упатија критика дека сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица.Изградбата на нова, современа, меѓународна автобуска станица која беше прв приоритетен проект во предизборната програма на Бакрачески очигледно била само уште една предизборна лага на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните само знаат дека беше продадена...

Продолжи со читање

Оперската дива Елина Гаранча ја крена публиката на нозе

Post Views: 146 Синоќа со прекрасните звуци на повеќе арии, оперската дива Елина Гаранча од Латвија го означи почетокот на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ја придружуваше оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Ион Марин од Романија. Во преполниот Античкиот театар многубројната публика имаше прилика да ужива во беспрекорните изведби на музичките дела од композиторите Глинка, Чајковски, Масне, Сен-Санс, Гуно, Бизе, Чапи, Лара и Пучини. Покровител на фестивалот и оваа година беше претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го прогласи...

Продолжи со читање

Градоначалникот на средба со израелскиот амбасадор

Post Views: 142 Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари работна, но и пријателска средба со израелскиот амбасадор во РМ, Дан Ориан. Се разговарало на повеќе теми кои се од заеднички интерес, но пред се се ставил акцент на развојот на образованието и на туризмот. Договорено било неколку израелски туроператори  и новинари да го посетат Охрид и да пишуваат за него и неговите природни и културни убавини, како би се привлекле гости од оваа далечна земја. Ваквата посета би се организирала кон крајот на септември или почетокот на октомври. Станало збор и за развој на здравствениот...

Продолжи со читање

Ќе се проширува ли градскиот превоз со уште неколку нови линии

Post Views: 151   Локалната најавува воведување на уште неколку нови градски линии. Планирано е во функција да се стави линијата која ќе поминува по улица „Партизанска“, пред ФТУ и по улицата „Асном“. Но се поставува прашањето дали и колкава ќе биде економската оправданост за автопревозниците кои ќе возат на овие линии.Ние како фирма немаме пројавено интерес и нема да учествуваме на тендерот. Сметаме дека овие две линии и уште неколку кои ги покриваме се сосема доволно и ги задоволуваат потребите земајќи го во предвид капацитетот на градот, вели Димитар Василевски – директор на...

Продолжи со читање

Од втор обид изгласана предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти

Post Views: 155 Предлог Одлука за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти во општина Охрид за 2016 година, точка која предизвика најмногу дискусии на  педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид. Откога на минатата седница оваа точка не беше изгласана, денес по втор пат беше ставена на дневен ред со објаснување дека е од исклучително значење за граѓаните на Охрид кои имаат времени објекти. Опозицијата со низа забелешки потенцираше дека со донесувањето на оваа одлука Локалната за едни граѓани ќе биде мајка, а за други маќеа бидејќи во 2013та година...

Продолжи со читање

На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува забраната за возењето скутери

Post Views: 164 На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува во целост забраната која стапи на сила од први овој месец, а се однесува на возењето скутери од 11 до 19 часот. Панде Рилков, инспектор за безбедност за внатрешна пловидна при капетанијата вели дека сеуште поединци си земаат за право да дивеат по езерото во оној временски интервал кој е забранет. Ние редовно правиме контроли и ги користиме сите човечки ресурси за да се направи ред и на струшкиот дел од крајбрежјето. Во тоа ни помага и езерската полиција со која имаме одлична соработка. На прекршителите им...

Продолжи со читање

Летово на десет времени паркинг локации паркирањето ќе се врши без наплата

Post Views: 142   Летово во градов ќе има десет времени паркинг локации каде што паркирањето ќе се врши без наплата. Ова е утврдено според одлуката за Летниот режим на сообраќај, која стапи на сила од 1-ви јули 2016 година. Слободни за паркирање се паркинг просторот пред Горна Порта од десната страна; Паркинг просторот од десната страна на ул„Караорман“, од ул.„Димитар Влахов“ до „Бул.Туристичка“ покрај Гимназијата и на Паркинг просторот кај амбуланта „Маларична“. Како бесплатен паркинг е определен и просторот од улицата „Јане Сандански“ наспроти „Комерцијална банка“ и Паркинг...

Продолжи со читање

Во центарот на Струга попладнево избувна голем пожар

Post Views: 216 Во центарот на Струга, зад хотел Београд, попладнево избувна голем пожар . Огнената стихија која брзо се ширела зафатила пет куќи-лепенки. Според најновите информации кои ги добивме од командирот на ТО Струга Минир Мамуди во пожарот целосно изгореле три од објектите, а пожарникарите се борат да ги спасат целосно да не изгорат четвртата и петтата куќа. Според Мамуди нема повредени лица бидејќи трите куќи биле ненаселени, а оние кои живееле во четвртата и петтта лепенка навреме биле евакуирани. Во гаснењето на пожарот со три возила  учествуваат и екипи од охридската...

Продолжи со читање

„Мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“

Post Views: 140 Угостителските објекти, хотели и ноќни клубови за време на летниот период ќе бидат дополнително контролирани од страна на полициските службеници, со цел спречување на било какво нарушување на јавниот ред и мир . На иницијатива на СВР Охрид надлежните институции денес остварија состанок под мотото „мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“. На состанокот беа изложени сите планови и програми кои се ажурирани во делот на ингеренциите на секоја од институциите и во делот на спроведување на надлежностите со цел секоја институција да го даде својот максимум при преземањето...

Продолжи со читање

„Како ќе се развива Галичица?“

Post Views: 157 „Како ќе се развива Галичица?“ Ова прашање беше поставено на денешната јавна дебата која  се одржа во организација на ДОМ и „Зелениот институт“, со поддршка од холандската фондација Bureau de Helling. Загрижени од најавите за изградба на експресен пат кој ќе поминува низ националнуиот парк како и градбата на хотелски комплекси кои ќе го наруѓат биодиверзитетот на оваа наша планинска убавица, повеќе експерти еколкогисти и подржувачи на иницијативата Галичица да се задржи во овај облик во кој што е сега јавно ги искажаа своите ставови против било кави градби и бетонски...

Продолжи со читање

Охрид се поврзува со Европската и белгијската престолнина

Post Views: 157 На охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ утрово пристигнаа 120 туристи од Белгија  со новата авионска линија Брисел-Охрид на туроператорот „Thomas Cook”. Тие пред да дојдат се информирале за нашата земја и најголем предизвик им е културното и природното богатство на градов.-Многу импресивно. Дочекот е навистина прекрасен знам дека и езерото е прекрасно. Ние ја избравме Македонија за одмор и сигурен сум дека нев згрешивме, вели турист од Белгија-Многу е убаво, ми се допаѓа, многу убава земја за посета на туристи, вели туристка од Белгија.-Прочитав некои податоци...

Продолжи со читање

На летување со АД „Галеб“

Post Views: 248 На летување со АД „Галеб“. Овај автопревозник од летово воведува повеќе редовни линии до атрактивни дестинации во Албанија, како и повеќе вонредни линии до дестинации во земјава. Од 15-ти јуни веќе започна да функционира  редовна линија Охрид – Саранда – Ксамил. На оваа релација ќе се вози секој втор ден со поаѓање во 22 часот од градската автобуска станица. Билет во еден правец ќе чини 40 евра, а повратен само 50 евра.Цените се популарни. Повратен билет чини само 50 евра што мислам дека е прифатлива сума за граѓаните. Ќе има и попуст за деца под десет години за...

Продолжи со читање