Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Матурска парада за убав завршеток на средношколските денови

Post Views: 7 Точно напладне по единаесетти пат на плоштадот „Св. Климент Охридски“ се слушнаа звуците на штраусовиот Лилјак. Матурантите од охридските средни училишта облечени во црвени и жолти маички, пред многубројната публика во која покрај родители и нивни блиски имаше и многу љубопитни минувачи, го танцуваа матурскиот квадрил. Како и секоја година, така и оваа, преку матурската парада, младите ја пратија универзалната порака за ненасилство и мир. Парадата засекогаш ќе остане во нивното сеќавање како една убава завршница на средношколските денови. Оваа парада сигурна сум...

Продолжи со читање

Паскали Бунташеска: се е шпекулација околу реконструкцијата на Али пашината џамија

Post Views: 1 Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска денес свика пресс конференција за како што рече еднаш конечно да се разрешеле дилемите на граѓаните околу реконстркцијата на Али пашината џамија која се наоѓа во центарот на градот и да завршат шпекулациите околу ова тема. Бунташеска и официјално ги потврди информациите кои ги објави ТВМ пред неколку дена дека висината на минарето на џамијата навистина ќе биде 32 метри.Според нашите конзерваторски принципи и според сите закони за конзервација доколку...

Продолжи со читање

Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност

Post Views: 6 Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност. Деновиве се поставуваат многу прашања околу нејзиниот изглед, висината на минарето за кое се шпекулира дека ќе биде високо 32 мери, а граѓаните прашуаваат и дали е добиено одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за изградба на овој верски објект кој се наоѓа во центарот на градот. Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска не открива колку точно метри ќе биде високо минарето но вели дека ќе се градело...

Продолжи со читање

Утре е меѓународниот ден на мајката

Post Views: 13 Утре е меѓународниот ден на мајката. Овој ден нема исто значење со 8ми Март, денот на жената. Денот на мајката е посветен на сите мајки во светот со цел да се истакне нивната улога во семејството, при подигнувањето на децата и како една од основните клетки на општеството, но и како важен дел од општествените процеси која придонесува за прогрес во истите. Женскиот центар „Бисера“ веќе петнаесеттина години го одбележува овој ден. Инаку овој ден ЖЦ „Бисера“ како манифестација го одбележува на ниво на општина Охрид и досега имавме голема поддршка од сите локални...

Продолжи со читање

Прекрасни кукли во народни носии изработени од пластични шишиња и рециклиран материјал

Post Views: 5 Креативноста на наставниците и учениците од ОУ „Кочо Рацин“ нема граници. Тие од пластични шишиња и рециклиран материјал изработиле прекрасни кукли во народни носии. Проектот „Креативна работилница“ години наназад се спроведува во ова училиште, но идеата за ваквите изработки е на две колешки кои сакале да покажат каква е примената на куклите во образовниот систем. Бидејќи тоа е едно мое хоби со кое во слободно време со задоволство се занимавам, дојдов на идеа како можеме да направиме и со ученициве нешто интересно што не се прави во секое училиште , а го нема и...

Продолжи со читање

Сугарески дециден – Туристичка ќе се реконструира

Post Views: 6 Туристичка ќе се реконструира. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денес при посетата на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски најави градежни зафати на патот од влезот на Охрид до Билјанини извори, како и на патниот правец Охрид-Св. Наум. Оваа есен, рече Сугарески Охрид ќе биде едно големо градилиште. Наредните денови ќе започнат градежните работи на Туристичка. Работите малку се пролонгираа поради туристичката сезона, но во наредните петнаесеттина дена ќе отпочне реконструкцијата на тој патен правец, рече министерот Сугарески.Оваа година исто...

Продолжи со читање

Каде е флексибилноста

Post Views: 4 Родител чие дете е згрижено во градинката „Јасна Ристеска“ реагираше до нашата редакција на како што вели, некоректниот однос на директорката на оваа предшколска установа, Роза Костоска. Мајката која задоцнила 10 минути од дозволеното време за прием на децата, а тоа е 8.30 часот буквално била вербално нападната од директорката и тоа пред нејзините две деца на возраст од три и четири години. Не и било дозволено воопшто да објасни зошто доцни и дека има оправдана причина за тоа, само и било речено дека децата нема да бидат згрижени. Мајката реагира на...

Продолжи со читање

Основното училиште Св. „Климент Охридски“ се промовира пред родителите кои имаат првачиња

Post Views: 3 Основното училиште Св. „Климент Охридски“ започна со своја промоција пред родителите кои имаат првачиња. Во градинката „Јасна Ристеска“ им ги презентираа предностите на оваа образовна установа и условите кои таму се нудат. Оваа година при прзентацијата акцен ставаат на успесите кои ги има постигнатo училиштето. Минатата недела на државните натпревари најголемиот број на први места ги освоија учениците токму од нашето училиште. Тоа зборува за реформите кои ги направивме и за трудот кој наставниот кадар континуирано го вложува. На регионалните натпревари освоивме...

Продолжи со читање