Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

„Рециклирање и имагинација“

Post Views: 7 Планетата Земја ни е една и единствена и сите треба да ја чуваме. Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во прекрасни костими од рециклирани материјали преку песна и игра ни ја пренесоа оваа порака. Приредбата беше дел од проектот „Рециклирање и имагинација“ кој тимот од градинката го реализира во сите групи. Овој настан предизвика радост и насмевки на детските лица. Тимот на воспитувачки од градинката повеќе од еден месец се подготвувале за денешниот настан. Покрај во учење песничките поврзани со планетата Земја многу труд бил вложен и во изработката...

Продолжи со читање

Автентични фотографии од победата над фашизмот

Post Views: 4 Победата над фашизмот, доловена преку триесеттина автентични фотографии од Втората светска војна. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Организатори на овај настан беа Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид и Општина Охрид. Пораката која што ја праќа оваа изложба е дека не треба да го заборавиме 9ти мај и тоа што нашите минати генерации и претходници го вградиле за тоа што денес го имаме и треба да го чуваме и...

Продолжи со читање

Охриѓани добро обучени за пружање прва помош

Post Views: 8 Охриѓани посебно младите заинтересирани да се обучат како да пружат прва помош. Според податоците со кои располага Општинската организација на Црвен крст, 20 до 30% од населението знае да укаже прва помош правилно, вели Сашо Точко, претседател на Црвен крст Охрид. Денес по 46-ти пат се одржа Општинскиот натпревар по прва помош. На седум пунктови низ градов, младите активисти од Црвен Крст заедно со учениците од основните и средните училишта кои посетуваа обуки за прва помош, ги спроведуваа предвидените активности. Годинава околу 200 млади биле обучени за давање...

Продолжи со читање

Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција

Post Views: 4 Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција. СВР Охрид е гарант на безбедноста на охриѓани, но и на туристите кои доаѓаат, истакна портпаролот на Секторот, Стефан Димоски на денешниот свечен прием по повод 7мај, Денот на македонската полиција. Тој додаде дека СВР Охрид е современа полициска организација која во сузбивањето на сите видови криминалитет практикува современи полициски методи тактки и стратегии.Состојбите во јавниот ред и мир се исклучително позитивни, во Охрид нема негово нарушување од поголем обем. Сите случаи се решаваат...

Продолжи со читање

Задолжителна дезинфикација на приватните станови наменети за туристичка дејност ќе се дезинфицираат

Post Views: 8 Приватните станови во кои се врши туристичка дејност ќе се дезинфицираат. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на престојната туристичка сезона, Центарот за јавно здравје Охрид кај давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор ќе спроведува задолжителна превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање угостителски услуги, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Тоа го санкционираат инспекциските служби… затоа ние апелираме да се направи навремено дезинфекција за да...

Продолжи со читање

Започна уредувањето на крошната на Чинарот во населбата Кошишта

Post Views: 6 Започна уредувањето на крошната на Чинарот во населбата Кошишта кој е стар околу 500 год. Ова е дел од проектот за ревалоризација и ревитализација на седум платанови стебла во градов кои со Законот за заштита на природните реткости од 1973год. се прогласени за споменици на природата, а кој неодамна го изработи Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид. Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите и на стариот кочеџик кај црквата Св. Богородица Перивлепта, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мониторинг и...

Продолжи со читање

Охриѓани денес се потпишуваа за поддршка на граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи

Post Views: 11 Граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи денес претставена пред граѓаните на Охрид. Иницијативата за овој настан е на Цивил Медиа од каде појаснуваат дека оваа повелба е документ кој ја реафирмира потребата од подобрување на условите, во кои граѓанското дејствување се гледа во последните години како жртва на сериозен притисок, како политички, така и од бизнис структурите. Граѓанската повелба е глобален документ, со кој се реафирмираат човековите права и слободи, потребата на граѓанките и граѓаните да учествуваат во донесувањето на...

Продолжи со читање

Казна му е мајката

Post Views: 5 Просторот помеѓу улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ повторно преполн со паркирани возила. Оваа спојка подолг период претставува проблем за жителите на Стар град кои честопати не можат да си појдат дома, бидејќи просторот е блокиран од паркираните автомобили. Уште пред три години Телевизија ТВМ го актуелизираше овој проблем, но сеуште никој не го реши. Уште тогаш од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа беа поставени два знаци за забрането запирање и паркирање и од едната и од другата страна на спојката непосредно до ресторанот...

Продолжи со читање