Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Заливот на коските ќе се санира

Post Views: 203 Ќе се санираат објектите на познатиот локалитет Залив на коските. Поради оштетувањата кои ги предизвика невремето кое го зафати нашиот регион пред два месеци неопходно е да се извршат некои поправки на видиковците кои се покриени со шиндра и на дел од објектите на палафитната населба. Тендерот за најдобар понудувач за извршување на овие зафати веќе е завршен, така да нема причина повеќе да се чека за да се започне со работа.Со работа започнуваме веќе деновиве за зимата да ја пречекаме подготвени бидејќи ако вакви зафати се прават на зима може да дојде до уште поголеми...

Продолжи со читање

Со богата културна понуда ќе се привлекуваат гостите од балканот и пошироко

Post Views: 134 Познати ди џеи и други атрактивни музички имиња, ќе ја збогатат туристичката понуда претстојнава летна сезона. Со тоа се очекува да се зголеми бројот на гости во Охрид од балканските земји, но и пошироко. Од Локалната информираат дека во соработка со продукциската куќа „Авалон“, дел од концертите веќе се потврдени, а се финализираат преговорите и за останатиот дел од нив. Под логото „Ohrid calling“, ќе се овозможи настап на светски познати музички имиња во Охрид што е од големо значење за збогатување на туристичката понуда во летната сезона. Понуда за која веруваме...

Продолжи со читање

Продолжен конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата

Post Views: 134 Продолжен конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата, распишан од страна на локалната самоуправа. Граѓаните кои се заинтересирани да конкурираат и кои ги исполнуваат условите, ќе можат да се пријават до 10 јуни. Локалната самоуправа во соработка со работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ ги спроведува обуките, а тие се прават врз основа на претходни истражувања и анализи на побарувањата на пазарот на труд. Со истражувањето биле опфатени 30 фирми од Охрид, а резултатите покажале дека најбарани профили се од електро и машинската струка,...

Продолжи со читање

Во државава има се повеќе високообразован кадар а недостига стручен кадар

Post Views: 145 Во државава има се повеќе високообразован кадар одколку стручен кадар. Поради тоа има недостиг во машинската струка, во електро-техничката, градежната струка, нема фасадери ниту плочкари, а се кубури и со готвачи и келнери. Ова го покажало истражувањето направено од страна на Стопанската комора на РМ што било причина за да покренат иницијатива за воспоставување на дуелен систем на образование во средното стручно образование. Тоа значи во образованието да се направи комбинација на теоријата и праксата за да можат учениците кои го завршуват средното стручно образование...

Продолжи со читање

Охрид достојно се претстави во Рим

Post Views: 146 Македонија со дел од своето културно наследство и оваа година достојно се претстави во Рим. На манифестацијата организирана во чест на Св.Кирил која  годинава се одржа по 48-ми пат, Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид учествуваше со своја изложба на оригинални икони, фреско копии и тематски фотографии. На изложбата во Рим беа преставени вкупно 38 експонати, 18 фреско копии, од кои 16 се на Заводот и Музеј од Охрид, а две од Музејот на Македонија, 5 икони дел од колекцијата на Завод и Музеј, дела од нашето културно наследство од највисока категорија и фотографии,...

Продолжи со читање

Зеленчукот и овошјето од голем број маркети и продавници, изложено на улица

Post Views: 154 Голем дел од маркетите и продавниците во градов зеленчукот и овошјето кои се за продажба го имаат изложено на тротоарите кои се наоѓаат пред нив, се жалат потрошувачите. Тие додаваат дека покрај што овие прехрамбени производи се изложени на секакви временски влијанија тие се загадуваат и со издувните гасови од автомобилите кои поминуваат на сообраќајниците. Од Организацијата на потрошувачи на РМ велат дека на ваков начин се крши законот и граѓаните слободно да  пријават за сите воочени недоследности при продажба на овошје и зеленчук.Доколку потрошувачите се посомневаат...

Продолжи со читање

Познати се проектите за кои општината одобри финансиски средства

Post Views: 133 Познати се проектите за кои општината одобри  финансиски средства по јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година. Општината од својот буџет годинава за оваа намена издвои 1 750 000 ден. за 58 субјекти кои се јавиле на јавниот повик. Сметаме дека оваа сума е пристојна бидејќи ние ги кофинансираме , а не ги финансираме проектите. Се надевеме дека сите учесници на јавниот повик се задоволни од доделените средства за нивните проекти, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локланата самоуправа.Најмногу проекти со кои...

Продолжи со читање

Дел од кејот на езерото повторно узурпиран со урбана опрема

Post Views: 141 Тротоарот на дел од улицата „Коста Абраш“ на самиот кеј на езерото повторно узурпиран со урбана опрема.  Околните угостителски и хотелски објекти особено во летниот период на овај потег поставуваат маси и столици со што им го попречуваат слободното движење на пешаците. Се наметнува прашањето дали поставената урбана опрема е ставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест или некој си зел за право да узурпира јавна површина.Морам да ви кажам дека екипи од инспекторатот  реагирале во два наврати и веќе се отстранети одредени маси и столици...

Продолжи со читање

Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите

Post Views: 151 Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите. Овој коктел кој пред нова година беше промовиран како автентичен охридски туристички производ си го најде патот до потрошувачите. Неговиот специфичен вкус на вотка со шмек на ванила и сируп од тропското овошје маракуја, неговата тиркизно сина боја и лажицата со оргинален охридски бисер  која после останува за тој што го конзумирал пијалокот, се доволна причина тој се почесто да се нарачува од гостите.Самите охриѓани зимскиот период многу го бараа овој коктел . Изненадувачки е што последниов месец групи на странски туристи ...

Продолжи со читање

Настрадаа новите автобуски постојки

Post Views: 144   Настрадаа новите автобуски постојки. Несовесни граѓани ги ишкртаа и ги испишаа со разноразни графити. Уште еднаш се покажа негрижата на охриѓани кон јавните добра.Го детектиравме тоа уште пред еден месец. Граѓаните долго време чекаа да се постават современи автобуски постојки, а сега некој ги уништува. Ваквото вандалско однесување е за секаква критика. Апелираме до сторителите да не го уништуваат општинскиот имот, во спротивно, ќе следуваат санкции, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.Најмногу на удар се постојките в долж Булевар...

Продолжи со читање

Булеварот „Туристичка“ речиси секој ден е запоседнат со туристички автобуси

Post Views: 151 Започна туристичката сезона, а со тоа започнаа и старите проблеми. Повторно колони од по неколку туристички автобуси  деновиве можат да се забележат паркирани на коловознаите лент булеварот „Туристичка“. Со тоа не само што се отежнува одвивањето на сообраќајот на нашата најголема сообраќајница, туку и пешаците се доведени во опасност. Откога се направи кружниот тек во близина на Охридска банка, токму на овој потег се постави пешачкиот премин по кој пешаците минуваат на другата страна од улицата. Поради неправилно паркираните автобуси тие немаат прегледност и можат...

Продолжи со читање

Локалната бара зголемена полициска присутност кај новите кружни текови

Post Views: 137   Локалната бара зголемена полициска присутност кај новите кружни текови кај Гимназијата и на пресекот на бул. „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“. Причина за тоа е што сеуште не е поставена хоризонталната сигнализација односно не се обележани пешачките премини поради што пешаците не се чуствуваат доволно безбедни при преминувањето на улицата. Одделението за сообраќај и патишта е во постојана корелација со сообраќајната полиција при СВР Охрид. Ние ги нформиравме дека ќе биде потребно дополнително ангажирање на полицајци кај овие кружни текови додека не завршат градежните...

Продолжи со читање