Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Највкусните сендвичи пристигнаа и во Охрид

Post Views: 10 Во Охрид пристигна брендот „Вили“ под кој се препознаваат едни од најдобрите сендвичари во државава. Ова име веќе 13 години успешно опстојува на пазарот и им нуди на љубителите на брзата храна висок квалитет и посебно уживање. Покрај во Македонија, сендвичарите „Вили“ шест години ги имаше и во Србија каде исто така успешно работеа создавајќи свој препознатлив имиџ, вели сопственикот Вили Ракичевиќ. Плескавиците се од јунешко месо, запазен е хасап системот, имаме и сопствено производство на месо и на целиот асортиман. Значи имаме квалитет, но и пристапни цени и...

Продолжи со читање

Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоз

Post Views: 4 Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоза. Организација на ИПГ Гостивар и ЗГ Опција Охрид разговараа на оваа тема на состанокот кој неодамна се одржа, а причина за тоа е истекувањето на рокот на ,,Локалната стратегија и Акциониот план за одржливост на програмите за превенција на ХИВ и туберколоза во Охрид и негова реализација“ која важеше за период од 2014год-2016год и беше изгласана од советот на општина Охрид. Сега ќе треба да се носи нов план или да се ревидира постоечкиот и истиот да биде изгласан од советот на општината. Планот...

Продолжи со читање

Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов

Post Views: 6 Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов. Денеска пред споменикот на војводата во Градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на Општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации. Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма. Христо Узунов е човек кој се бореше за нашата слобода, една маркантна личност која и ден денес со гордост ја спомнуваме. Среќна сум што за неговото име и дело знаат и помладите генерации па и тие со гордост го спомнуваат, вели советничката Оливија...

Продолжи со читање

За една година треба да биде завршен затворениот зелен пазар

Post Views: 5 Започнаа подготвителните работи околу изградбата на новиот зелен пазар. Од градежната фирма АД „Илинден“ која е приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, велат дека тие ќе траат околу дваесеттина дена кога ќе вршат заштита на околните објекти од можни оштетувања поради градежните зафати кои ќе се прават. Потоа уште дваесеттина дена ќе се работи на подготвување на подлогата по што ќе се започне со градба на објектот. Ќе се работи и во летниот период. Имавме досега некои проблеми но за среќа ги надминавме . Како проблем уште остана една линија од...

Продолжи со читање

Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници

Post Views: 9 Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници. Тоа се должи на високиот степен на имунизациоја, велат епидемиолозите. Во првото тромесечие на 2016 процентот за прва вакцинација од МРП бил 92, а за ревакцинација 95. Додека пак во првото тромесечие на 2017та процентот нешто паднал, но сепак е доста висок и за прва вакцинација изнесува 87 за ревакцунација 92. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека во други градови и помали места во државава постои реална опасност од епидемија од морбили поради нискиот степен на имунизација. Тоа...

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ: Пресметана хајка врз поранешните директори

Post Views: 9   Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ преку политички монтирани случаи сака да го руши угледот на поранешните директори од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека политичкиот прогон е секојдневно присутен и дека СДСМ води нарачана, и пресметана хајка врз поранешните директори на ВМРО-ДПМНЕ поднесувајќи преку институциите неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел. Се работи за партиски нарачки, класичен дегутантен пример на политички монтирани случаи, базирани на погрешни претпоставки и лажни конструкции а целта е рушење на угледот на личноста...

Продолжи со читање

Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд

Post Views: 5 Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд. Капацитетите речиси полни, понудата солидна, а гостите задоволни. Ова на некој начин е и почеток на туристичката сезона која ни престои. Се надеваат дека таа ќе биде поуспешна од минатата бидејќи покрај традиционалните гости од земјите од Бенелукс кои доаѓаат со востановените чартер летови, оваа година ќе имаме чартери и од Полска. Тоа ќе биде и новитет во регионот бидејќиполските туристи ќе ги има во доста голем број. За нив се подготвува и посебна анимација со самата агенција која ги организира...

Продолжи со читање

Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Post Views: 5 Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Членките на женскиот лајанс клуб Деница денес на грдскиот плоштад продаваа велигденски јајца украсени од нив самите и готвачот со рецепти „Готвиете Деници“ кој неодамна го промовираа по повод 5тиот роденден. Имајќи во предвид дека во клубот членуваат успешни жени, сопруги, домакинки и професионалци во она што го работат сакавме за нашето петгодишно постоење да оставиме еден убав белег и со таа цел го создадовме куварот „Гответе со Деници“ кој првично беше промовиран на традиционалниот бал под маски кој се...

Продолжи со читање