Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

250 дечиња од градинката „Јасна Ристеска“ го завршуваат своето предшколско образование

Post Views: 155 250 дечиња од градинката „Јасна Ристеска“ го  завршуваат своето предшколско образование. Денес со приредба на која учествуваа децата од највисоките групи, но и оние од пониските, градинката ги испрати во ново поглавје од нивниот живот. Тие од наесен започнуваат да учат во некое од охридските основни училишта и полека ама сигурно зачекоруваат во светот на возрасните.Оваа завршна приредба колку што е свечена толку е и тажна за нас и нашиот персонал но и за дечињата . Тие веќе завршуваат со своето безгрижно детство и од наесен започнуваат во прво оделение. Голем дел...

Продолжи со читање

На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите

Post Views: 148   На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите. Тие реагираат велејќи дека покрај што ги оштетуваат своите возила се изложуваат на опасност, а ја загрозуваат безбедноста и на пешаците. Бараат од Локлната што побргу да ги санира.Од страна на надлежните служби при секторот за комунален развој сообраќај и патишта детектирани се овие ударни дупки и нивната санација е ставена во планот за работа за тековната 2016та год. Овој проект треба да се реализира во рамките на јавните набавки кои се во тек, а се однесуваат на санација на улиците во градов, изјави...

Продолжи со читање

Убавините на Охрид и Македонија магнет за љубителите на авантуристичкиот туризам

Post Views: 141   Убавините на Охрид и Македонија магнет за љубителите на авантуристичкиот туризам. Започна меѓународната конференцијата за активен туризам, што се одржува Охрид на која учествуваат 300 делегати. Меѓу нив има врвни експерти од областа на туризмот и новинари од 25 влијателни светски медиуми, како и блогери и други професионалци. На конференцијата присуствуваат и  65 светски тироператори од А листа, кои ќе ги продаваат македонските туристички производи заедно со 17 домашни агенции. Првичните впечатоци од гостите се многу позитивни. Тие денеска се на промотивни тури...

Продолжи со читање

Црвен крст од Охрид ги отвори вратите за најмладите

Post Views: 136 Црвен крст од Охрид ги отвори вратите за најмладите. Денешниот отворен ден е дел од одбележувањето на роденденот на Анри Динан, основоположникот на оваа хуманитарна организација кој е роден на 8-ми мај пред 188 години. Дечињата од градинката “Јасна Ристеска“ и второоделенците од ОУ „Христо Узунов“ одблизу видоа како функционира охридскиот Црвен крст и се информираа за неговите активности и начин на работа. При посетата на децата ние сакавме на сликовит начин да им прикажеме како работиме и која е нашата цел. Беа обмислени работилници, заедно го гледавме филмот „За...

Продолжи со читање

Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички

Post Views: 131 Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички во 5-тата рунда од плејофот во Супер лигата.  После поразите со Макс Струмица и Прилеп ова ќе биде можност нашите ракометари да си ја вратат самодовербата и да се закитат со победа  освојувајќи го првиот бод во плејофот. После двата неочакувани порази од Макс Струмица и Прилеп против Работнички немаме право за грешка. Не треба да се навраќаме на мечевите со Струмица и Прилеп, но мора да извлечеме позитивни поуки. Очекувам победа со Работнички и дека од овој натпревар ќе почнеме да играме онака како што...

Продолжи со читање

Започна изградбата на ботаничката градина на ФТУ

Post Views: 163   Започна изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Ова е дел од проектот Вотернет во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.Добивме одобрение од општината дека може да се гради. Темелите се веќе поставени , во тек објавувањето на тендерите за најдобар...

Продолжи со читање

ФТУ започна со својата промоција пред матурантите

Post Views: 159   ФТУ започна со својата промоција пред матурантите. Оваа високообразовна институција им ги презентира можностите на своите потенцијални студенти кои можат да се запишат на шест студиски програми. Во секое средно училиште настапуваат со различна програма со која ги мотивираат средношколците да се запишат токму на овој факултет. Во средното угостителско училиште ги промовираат насоките туризам и гастрономија, во пограничните области ја промовираат насоката царина и шпедиција, во средното економско училиште насоката осигурување, а во гимназиските паралелки менаџмент...

Продолжи со читање

Пристигнаа првите холандски гости

Post Views: 162   Со воден мост во форма на виножито, традиционална македонска закуска, како и торта за добредојде, утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беа дочекани првите 180 туристи кои пристигнаа од Амстердам со чартер-лет на компанијата Корендон. Летово во Охрид, преку чартер-летовите на Корендон  и Аркефлај кои почнуваат во мај и ќе траат до октомври, може да се очекуваат над 25.000 туристи од Холандија. Во овој период, од двете компании заедно, се очекува во Охрид да долетаат над 150 авиони полни со холандски туристи. Грдаоначалникот Никола Бакрачески најавува...

Продолжи со читање

Граѓаните кои се возат со јавниот градски превоз велат дека комбињата се веќе претесни

Post Views: 158 Граѓаните кои се возат со јавниот градски превоз велат дека комбињата со кои тој се врши се веќе претесни. Посебно реагираат оние кои ја користат линијата печијаре-бараки-стобекс. Велат дека поради големиот интерес за користење на градскиот превоз многупати се случува седиштата да се исполнети и дел од патниците да стојат во возилото. Бараат превозникот или да вклучи во превозот поголеми комбиња или пак да зачестат како не би се создавала гужва. Од АД „Галеб“, превозникот кој го спроведува овој градски превоз, велат дека знаат за овој проблем и прават напори да изнајдат...

Продолжи со читање

Предвелигденско изненадување за дечињата од градинката во Лескоец

Post Views: 153 Нови патики лизгалка, кукли и автомобили добија дечињата од градинката во село Лескоец. Тие со нескриена радост ги прифатија подароците и со една детска искреност се заблагодарија на овој убав гест.Овие подароци се обезбедени благодарение на група граѓани кои сакаа на ваков начин да им ги разубават велигденските празници на најмладите. Иницијаторот на оваа акција Горан Топалоски кажува дека нема некоја посебна причина зошто ја избрале токму градинката во Лескоец за да направат еден ваков гест, но додава дека во очи на големиот христијански празник Велигден сакале...

Продолжи со читање

Промовирана студијата за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид

Post Views: 160   Со студија за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид ќе се заштитува неговото културно и историско богатство. Горан Патчев, архитект- конзерватор во Завод и Музеј кој ја промовираше оваа студија рече дека таа е севкупност од мерки за зачувување и активно вклучување на недвижното културно наследство во животот на заедницата, како фактор на одржлив општествен развој, особено во областа на планирањето и уредувањето на просторот, инвестициската изградба, заштитата на животната средина и природата. Се соочуваме со нарушување на автентичноста на старото...

Продолжи со читање

Во градинката „Јасна Ристеска“ нема можност за полудневен престој на децата

Post Views: 164 Во градинката „Јасна Ристеска“ нема можност за полудневен престој на децата. Дел од родителите реагираат на тоа објаснувајќи дека не се во можност своите деца да ги оставаат на целодневен престој до 15 или 16 часот и бараат да им се излезе во пресрет. Директорката на градинката Розе Костоска кажува дека оваа предшколска установа нема просторни можности за да формира групи на деца кои ќе се само во полудневен престој, но вели дека се изнаоѓаат начини децата да се згрижени само половина ден, а родителите да не се финансиски оштетени.Има родители кои своите деца ги...

Продолжи со читање