Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 1 Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна. Со продажба на свои ракотворби и цртежи тие собираа пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Ваквите акции ја развиваат нивната свест и желбата некому да се помогне. Нивната креативност и имагинација навистина воодушевуваат. Овој денешен хуманитарен велигденски хепенинг има и забавен карактер. Посетителите на штандот кој се наоѓа во просториите на маркетот Кам на ул. 7 Ноември ќе можат да уживаат во убавата предвелигденска атмосфера. На крајот има и еден симболичен натпревар во...
Почна празничната еуфорија
Post Views: 5 Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата. Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 250 до 280 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Здравко Анѓелсоки од месарницата Бизер, месар со...
Задолжителна вакцинација за патување во Азија и Африка
Post Views: 17 Нема патување во одредени азиски и африкански држави, доколку граѓаните не се заштитат од заразните заболувања кои таму се присутни. Охридските туристички агенции имаат добра соработка со охридскиот ЦЗЈЗ и постојано се интересираат кои вакцини треба да ги примат нивните патници кои посетуваат некои поегзотични земји. Со ЦЗЈЗ соработуваат и градежните фирми, кои посебно во летниот период испраќаат работници на работа во странство. Бараат совети и добиваат совети. Посебно оние кои патуваат во странство прашуваат како треба да се заштитат и како можат да бидат...
Заврши судскиот процес за случајот „Лизгалиште“
Post Views: 9 Заврши судски процес за случајот „Лизгалиште“. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески уште пред три години го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески за клевета бидејќи проектот за лизгалиштето на охридскиот плоштад го нарекол штетен и криминален, а при тоа го споменал неговото име како потписник на договорот. Блажески пак, тврдеше дека никаде не споменал дека договорот е криминален туку дека имал основано сомнение за контроверзен договор. Спасески во овој спор првенствено бараше оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското...
Во регионов има доста талентирани хакери
Post Views: 3 Сајбер криминалот е во пораст, а во регионов има доста талентирани хакери. Борбата со нив е постојана и затоа младите треба да се обучуваат како да се справат со овој вид криминал, вели еден од најпознатите етички хакери Ралф Ечемендија кој работи за ФБИ. Спопред него „Кодфест“, програмерскиот маратон кој започна вчера во Охрид и на кој има учесници од повеќе земји од регионов и пошироко е одлична можност програмерите да ги развијат своите бизнис вештини и да се заштитат од хакерите. Моето присуство овде е доволен показател дека секој може да успее, без оглед од...
Има надеж за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“
Post Views: 2 Има надеж за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“. Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески одржале состанок на кој се разгледале случувањата со Веслачкиот клуб „ Југ“ и предложиле мерки како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид, информира советникот Јоне Станкоски, кој е претседател на Комисијата за млади и спорт. Донесовме одлука на последниот состанок на комисијата да му предложиме на Советот да донесе одлука за покривање на трошоците на веслачкиот клуб Југ, како тој не...
Уметност преточена на велигденските јајца
Post Views: 9 Уметност преточена на велигденските јајца. Денес охриѓани имаа можност да видат како велигденските јајца се украсуваат и бојадисуваат во Русија, земјата лулка на православието. Тие беа воодушевени од начинот на шарање јајца со восок и посакаа да научат повеќе за таа техника и да ја испробаат и дома. Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид се одржа настан за историјатот на украсување и бојадисување на Велигденски јајца во Русија на кој присуствуваше и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски. Преку овој настан...
Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“
Post Views: 3 Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата, истакна Јасна Тренгоска, коосновач на манифестацијата. Настанот е осмислен како своевидна мотивациска платформа каде младите луѓе од Македонија и регионот можат да започнат и развиваат свои бизнис-проекти, при што ќе имаат можност да црпат знаења и искуства од врвни експерти и професионалци од целиот...