Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе добие нов лифт

Post Views: 144 Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе добие нов лифт. Министерството за образование објави јавен повик за набавка на 8 лифтови за сите студентски домови во државава. По завршувањето на сите административни работи, до втората половина на годинава,  ќе се започне со реализација на овој проект. Вредноста на проектот е 15 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на РМ.Ние години наназад работиме на подобрување на условите во студентскиот дом. Ние имаме лифт во згарадата, но е стар околу десет години. Со новиот лифт ќе се подобри безбедноста на студентите и...

Продолжи со читање

Новата градинка во Пештани не ги исполни првичните очекувања

Post Views: 383   Новата градинка во Пештани која беше отворена пред два месеци во склоп на ОУ „Св Наум Охридски“, не ги исполни првичните очекувања. Според анкетата која беше направена во оваа дисперзирана група на градинката „Јасна Ристеска“ требаше да бидат запишани  25 дечиња, а сега има само 12. Нормативите за успешно работење на една група се од 15 до 20 деца. Причина за тоа што долго време се чекаше за да се отвори оваа група па многу деца кои беа на возраст од  пет до шест години сега не се запишаа бидејќи од наесен ќе започнат да одат на училиште. Еден дел од родителите...

Продолжи со читање

ГДОМ во Охрид

Post Views: 178 Мирко Томоски писател од Охрид, член на ГДОМ, во обраќањето порача дека се подготвени да направат се за да ја зачуваат Македонија и испрати  порака за избори на 5-ти јуни и ставање на дефинитивен крај на избори преку изразување на народната волја.Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Томоски се осврна на состојбата во која се наоѓа општината и долгот што го наследи од претходните локлни власти.Во Охрид направен е долг...

Продолжи со читање

Ќе се подобрува пристапот на лицата со хендикеп до музеите во Охрид

Post Views: 142 Ќе се подобруваат пристапните места за лицата со попреченост до музејските збирки во градов. Завод и музеј како и невладините организации имаат можност да аплицираат со проекти за добивање грантови во висина до 4000 евра за оваа намена. Рокот за аплицирање е до 4 мај. Проектите се финансирани од фондацијата Ставрос Ниаркос. Рокот е краток за аплицирање затоа ги повикувам сите заинтересирани невладини организации кои се во можност да изготват ваков проект да го сторат тоа и да го достават до Завод и музеј па ние ќе аплицираме во нивно име, објаснува Горан Патчев-архитект...

Продолжи со читање

Училиштата се здружија заеднички да ги решаваат недостатоците по математика и македонски јазик

Post Views: 154 Училиштата се здружија заеднички да ги решаваат недостатоците кои се јавуваат при изучувањето на програмата по предметите математика и македонски јазик. Учителите од пониските одделенија во основното образование воочиле некои проблеми со кои се сретнуваат учениците  во јазичната и математичката писменост и се нафатиле на стручен начин да работат на тој проблем. Ова е дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ кој го спроведува фондацијата „Чекор по чекор“. Ова вмрежување на училиштата ќе им помогне да користат туѓи искуства при изнаоѓањето на  механизми како...

Продолжи со читање

Охрид полн со гости како на лето

Post Views: 143 Охрид за време на викендов полн со гости како на лето. Во градов веќе се чуствува присуството на странски, но и на домашни гости. Преполните летни тераси и посетеноста на културно историските споменици им дава за право на туристичките работници да кажат дека сезоната полека, но сигурно започнува. Сите интензивно се подготвуваат за првомајските и велигденските празници, кои веќе години наназад се вовед во главната летна туристичка сезона. Хотелските капацитети во градов се речиси полни. Во хотелите Метропол и Белви засега исполнетоста е околу 80%. Најмногу има интерес...

Продолжи со читање

Хотелите во Охрид и Струга не инвестираат во нивните капацитети, тврдат од Комората

Post Views: 181 Хотелите во Охрид и Струга во ништо не инвестираат. Немаат спа центри, сауни, фитнес клубови, а и собите не се реновирани, смета Аркан Керим, претседателот на  Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Тој додава дека посебно домашните туристи поради тоа повеќе одат во Грција и Бугарија, наместо во Охрид, Струга. Керим смета дека  за претстојниот празник, Први мај околу 150.000 – 200.000 македонски граѓани ќе отидат во Грција,  наместо да ги посетат нашите туристички центри, а минатата година 470.000 македонски туристи биле...

Продолжи со читање

Со искуства од Естонија ќе се намалува стапката на невработеност

Post Views: 161   150 невработени  лица од градов ќе се советуваат како да ги зајакнат вештините за да можат да си најдат вработување Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” во соработка со НВО Советодавен Центар од Естонија и НВО Еднаков Пристап го започнаа проектот „Зголемување на понудата на квалификувана работна сила меѓу ризични групи на пазарот на трудот“. Целта на проектот е зголемена вклученост на лицата кои се во најслаба позиција на пазарот на трудот преку зајакнување на вработливоста на социјално исклучените лица. ЗА то че се користат искуствата...

Продолжи со читање

Кејот на езерото се повеќе се руинира

Post Views: 155 Кејот на езерото се повеќе се руинира. На неколку места можат да се забележат пропаднати бекатон плочки и изронато цименто. Статиката на оваа најпосетувана патека од охриѓани и гостие е нарушена, велат стручните служби од Локалната па потребна е целосна реконструкција на ова шеталиште. На делови од фронтот доаѓа до попуштање и има значителни оштетувања, кои што во иднина би претставувале и опасност за минувачите. Ова е најрепрезентативниот дел од градов па треба да му се обрне посебно внимание сметаат граѓаните.Локланата уште од добивањето на мандатот пред три години...

Продолжи со читање

Во општина Охрид поднесени 3178 барања за легализација на бесправно изградени објекти

Post Views: 140   3178 барања за легализација на бесправно изградени објекти се поднесени до 31 март кој беше последниот датум од вториот рок кој им го даде Владата на граѓаните. Барањата за легализација кои биле доставени до општината до 2011година изнесуваат 11 357 или вкупно во Општина Охрид се поднесени 14 535 барања за легализација на диво изградени објекти.Оваа бројка покажува голем интерес на граѓаните за легализација на бесправно изградени објекти. Ако се споредат бројките до 2011год. и новите  ќе се види дека се зголемени за 30%, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локалната...

Продолжи со читање

Охрид нема ликовна градска галерија

Post Views: 155   Охрид нема ликовна градска галерија. Пред дваесеттина години градов имал ваков простор во кој биле изложени дела на врвни македонски и светски уметници, а тоа била зградата каде сега се наоѓа ОМУ „Методиј Патчев“, но му бил одземен и даден на тогашниот шаховски клуб. Одтогаш па наваму се организираат само ликовни изложби од времен карактер и тоа најчесто во двете галерии на Центарот за култура „Григор Прличев“, во куќата на Уранија и на Робевци.Ние имаме една извонредна збирка на уметнички дела кои стојат во депоата и кои за жал никој не ги видел. Една ваква галерија...

Продолжи со читање

Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов

Post Views: 140 Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов како истите би можеле да се одржат во добра финансиска кондиција. Во еден париод може да се видат вработени од ЈП „Гробишта“ како ставаат бекатон плочки по градов, после некое време тоа го прават вработените во ЈП „Нискоградба“, а на истата таа задача можат да се затекнат и работници од ЈП „Пазар“. Малку збунувачки како претпријатија чија основна дејност е сосема различна се занимаваат со иста работа. Но, градоначалникот Никола Бакрачески објасни дека овој нов принцип е воведен со цел обезбедување...

Продолжи со читање