Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охриѓанчињата од градинката „Јасна Ристеска“ го поздравија доаѓањето на пролетта

Post Views: 1 Со весела песна и игра над 500 охриѓанчиња го поздравија доаѓањето на пролетта. На првиот пролетен ден децата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари и што уште не. На градскиот плоштад се чуствуваше радоста и раздвиженоста која доаѓа со пролетта. Програмата ја следеа голем број родители, баби и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа како нивните најмили танцуваат и пеат, прикажувајќи што научиле од своите наставнички во градинките каде што престојуваат. На манифестацијата учествуваа дечиња на возраст од...

Продолжи со читање

Синоќа гореше во стариот дел на градот

Post Views: 4 Синоќа гореше во стариот дел на градот. Во 21часот и 25 минути во противпожарната единица пријавен е пожар на улицата „Петар Чауле“. Веднаш, седум пожарникари и три возила се упатиле на местото каде беснеела огнената стихија, но се соочиле со повеќе препреки. Најпрво возилата се обиделе да стигнат до куќата која горела преку плоштадот, но тоа било невозможно бидејќи единствениот пристап од кружниот тек бил блокиран со мотори. Втор обид бил противпожарните возила да се пробијат од улицата кај некогашната рибарница, но тука ги чекал нов предизвик. Патот бил блокиран...

Продолжи со читање

Стопирана градбата на хотелскиот комплекс во Лагадин

Post Views: 2 Нови моменти околу изградбата на хотелскиот комплекс во Лагадин. Од вчера, од страна на општинскиот градежен инспекторат e стопирана градбата на овој објект. Уште пред една недела државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упати до Општина Охрид барање да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во една од најелитните населби на езерскиот брег, но тогаш, од секторт за урбанзиам тврдеа дека нема причина за стопирање на градбата бидејќи се е законски во издаденото одобрение за градење на хотелот во Лагдин. Она што беше став на...

Продолжи со читање

Училишните спортови се враќаат на голема врата

Post Views: 8 По тригодишна пауза, од денес, повторно започнува одржувањето на спортските лиги на мали спортови. Локалната оваа година издвои средства за оваа намена на задоволство на учениците, професорите по физичка култура, но и на сите љубители на спортот. Ќе се игра футсал, пинг понг, шах, одбојка, баскет, атлетика и фудбал. Учениците од сите основни и средни училишта во градов ќе се натпреваруваат во овие спортови во наредниот период. Јоне Станкоски кој е професор по физичко и здравствено образование се надева дека овие спортски лиги ќе имаат континуитет бидејќи се многу...

Продолжи со читање

Пазарната инспекција се подготвува за летниот период

Post Views: 2 Пазарната инспекција интензивно се подготвува за засилени контроли во летниот период. Досега според нивниот годишен план на работа контролирале еднаш месечно, но летово тоа ќе биде позачестено. Посебно акцент ќе се стави на угостителските објекти кои често ги прекршуваат законите .Пазарните инспектори веќе почнаа да контролираат дали летните тераси имаат решение за поставување урбана опрема бидејќи уште на крај на декември советот на општина Охрид ја донесе програмата. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на подрачното оделение на Пазарна инспекција вели дека...

Продолжи со читање

Основното училиште „Братство и единство“ потонато во мрак

Post Views: 4 Основното училиште „Братство и единство“ потонато во мрак. Поради немање осветлување во дворот на школото учениците кои се втора смена мора да носат со себе некакво светло или пак родителите да ги чекаат по завршувањето на часовите за да можат безбедно да си одат дома. За овој проблем информирана е Локланата и побарано е да се постави осветлување во училишниот двор, но и да се поправи уличното осветлување кое во моментов е во дефект. Од училиштето велат дека 6 години наназад поднесувале барање до локалната да се постават 10 улични сијалични места во дворот и во...

Продолжи со читање

Низ градов насекаде се веат државни знамиња

Post Views: 10 Веќе неколку дена низ градов на повеќе локации се вее македонското знаме. Граѓаните прашуваат по кој повод се поставени знамињата и тоа на локации кои општината ги има одредено за поставување на овај симбол кога се празници, кога е ден на жалост или пак имаме посета на градов од страна на некоја делегација. Знамиња има кај кружните текови кај Охридска банка и кај гимназијата, а се веат и на градскиот плоштад. Истакнувањето на знамето на РМ не го одредува општина Охрид. Таа само ги истакнува местата каде може да се постави знамето. Други државни органи или...

Продолжи со читање

Државниот студентски дом „Никола Карев“ започна со подготовки за новите станари

Post Views: 5 Државниот студентски дом „Никола Карев“ започна со подготовки за новите станари. Бројката на легла за студенти од 1,2,3, 4, 5 и 6 год. e 231 легло, распоредени во 86 соби. Директорот на домот Марјан Ристески очекува исполнетоста оваа година да биде околу 90%. Тој додава дека во изминатиов период континуирано се работи на подобрување на условите за сместување и во целост се подготвени да ги пречекаат новите студенти. Набавени се нови перални и сушари, ставен е нов лифт и направени се повеќе зафати за уредување на домот. Една од предностите на нашиот дом е добрата...

Продолжи со читање