Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Локалната самоуправа нема слух за развој на училишниот спорт, тврди Станкоски

Post Views: 136   Локалната самоуправа не дала ниту денар во 2015та година за развој на училишните спортови, критикува советникот на ВМРО НП, Јоне Станкоски. Тој додава дека тоа е несфатливо бидејќи развојот на училишниот спорт и тоа како е значаен за развојот на децата и на нивната личност. Станкоски вели дека иако биле предвидени средства во буџетот за 2015та година за училишниот спорт, досега не се префрлени на училиштата. Онаму каде локалната треба најмногу да се заложи, а тоа е развојот на децата, таа како да е глува. Не можам да сфатам зошто нема чуство за развојот на училишниот...

Продолжи со читање

Охрид и охриѓани имаат долга традиција за дарување крв

Post Views: 172 Охрид и охриѓани имаат долга традиција за дарување крв. Тие во секоја прилика ја покажувале својата хуманост и ја дарувале течноста што значи живот. Црвен крст Охрид преку најразлични форми на организирање и дејствување, особено внимание посветува на мотивацијата на населението за доброволно дарување крв, што има за цел задоволување на потребните количества од драгоцената течност за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид. Во охридскиот црвен крст има регистрирани крводарители кои континуирано даруваат крв, па бројките се за секоја почит. Има...

Продолжи со читање

Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство

Post Views: 187 Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство. Единствената која функционираше во рамките на Женскиот центар „Бисера“ згасна пред неколку години поради немање финансиска подршка од локалната. Членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените која функционира во рамките на Советот на општина Охрид бараат сериозно да се разгледа овој проблем, нагласувајќи дека се поголем е бројот на жени, но и на мажи кои имаат потреба од стручна помош и совет поради трпење семејно насилство. Советничката Жаклина Лазаревска која е член на оваа...

Продолжи со читање

Спортот во Охрид маргинализиран, сметаат опозиционерите

Post Views: 135   Спортот во Охрид маргинализиран, сметаат опозиционерите. Тие на вчерашната седница на совет беа гласноговорни кога дојде на ред точката за Извештајот за работа на Секторот за спорт, млади и невладини организации за 2015та година. Јован Стојаноски од СДСМ рече дека општината за некого е мајка за некого маќеа. Истакна дека дури 80% од средствата од буџетот наменети за развој на спортот во градов одат за РК „Охрид 2013“ или околу 60 000 евра општински пари плус околу 20 000 пари од спонзори, а останатите клубови и спортови не добивале ниту денар.Претседател на клубот...

Продолжи со читање

Општинскиот инспекторат има нов комунален инспектор

Post Views: 140 Гоце Ристески е новиот комунален инспектор при општинскиот инспекторат. Оваа информација ќе е многу корисна за сите граѓани кои имаа комунални проблеми, а немаа каде да се обратат бидејќи во општинскиот инспекторат подолго време немаше назначено лице на ова работно место. Граѓаните реагираа до нашата редакција дека ги пријавувале своите случаи во општината, но истите неможеле да им бидат решени бидејќи немало комунален инспектор.Доколку на одредено работно место нема соодветно лице тоа не значи дека таа дејност или тој простор не е соодветно покриен. Иако немаше...

Продолжи со читање

Кај охридските занаетчии нема интерес за субвенционирање

Post Views: 154 Министерството за економија објави Јавен повик за Субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150 000 денари. Овој повик е согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2016 година. Право на учество на Јавниот повик имаат занаетчии и вршители на дејност кои не добиле буџетски средства од проектите во 2014 и 2015 година, имаат деловно седиште во Република Македонија и ги имаат подмирено сите обврски кон државата. Знам дека воопшто нема интерес за ова субвенционирање...

Продолжи со читање

Цвеќе, прегратка и убави зборови за жените телесни инвалиди

Post Views: 163   Со цвеќе, прегратка и убави зборови преставниците на локалната самоуправа им го честитаа 8ми март на жените телесни инвалиди, членки на здружението „Мобилност“. Заменик градончалникот Ангел Јанев рече дека ваквите средби им преставуваат задоволство и дека се трудат тие да бидат почести и не само по повод на некој празник. Јанев рече дека локалната и Градоначалникот Никола Бакрачески посебно внимание посветуваат на лицата со инвалидитет и се трудат во рамки на нивните можности да им го олеснат животот.Ние правиме напори да реализираме што повеќе проекти кои се...

Продолжи со читање

Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди

Post Views: 166 Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди.  Оваа идеја стара десетина години по се изгледа конечно ќе се реализира. Венко Голабоски, претседателот на здружението на телесни инвалиди од Охрид вели дека проектот е вклучен во нивната годишна програма и е доставен до Локалната самоуправа и дека од таму добиле зелено светло. Голабоски објаснува дека вакви плажи има насекаде во поголемите туристички места во светот. Тој го посочи примерот на Задар каде секое лето го поминува својот одмор. Плажата е со сите потребни помагала за лицата со инвалидитет па тие можат...

Продолжи со читање

Не е избрано идејно решение за преуредување на плоштадот „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот

Post Views: 133 Ниту едно идејно решение кое пристигна на Јавниот конкурс што беше објавен во декември 2014 година не ги задоволи критериумите на комисијата за избор за преуредување на централниот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот, „Крушевска Република“. Право на учество на двата конкурси имаа домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејноста-предмет на конкурсот и домашни и странски физички лица, дипломирани архитекти или студенти по архитектура. Секој од учесниците имаше право да учествува со по еден труд. На јавниот конкурс за централниот плоштад...

Продолжи со читање

Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања

Post Views: 132 Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања. Таа содржи голем број новини со кои ќе се подобри урбаното живеење во градов. Најзначајно за граѓаните е што според неа е предвидено на три локации на улицата Македонски просветители да се постават подземни контејнери, а по се изгледа од ова лето ќе се намалат и проблемите со немање јавни тоалети. Тие ќе бидат поставени на неколку локации во градов каде фрекфенцијата на гости е најголема. Планирано е јавни тоалети да се монтираат кај Горна Порта, на Улицата „Кузман Капидан“ кај Плаошник,...

Продолжи со читање

11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул

Post Views: 135 11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул во болницата „Аџи Бадем“ каде малиот Кирил треба да биде опериран од малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок кај реномираниот неврохирург д- р Мемет Озек. Драги наши пријатели, сограѓани и граѓани на Македонија. Најпрво од срце ви благодариме за вашата несебична помош, хуманост и љубов. После многу консултации со многу клиники (Израел, Германија, Велика Британија, Швајцарија, Австрија) и многу доктори неврохирурзи и онколози решено е лекувањето на Кирил да се спроведе во Турција...

Продолжи со читање

Да се плати на рати

Post Views: 218 Дел од родителите на учениците во трета година во средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ кои во средината на април треба да одат на екскурзија во Будимпешта и Виена, реагираат на начинот на плаќање на сумата за екскурзијата. Оваа тура чини 200 евра, а како најдобар понудувач на тендерот кој го распиша училиштето е избрана ТА Вис пој. На родителската средба која се одржала во месец декември на родителите им било кажано дека сумата ќе се плаќа на три рати. Но поради доцнење на целокупната процедура околу изборот на агенција сега сумата ќе треба да се плати...

Продолжи со читање