Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 На просторот кај игралиштето кај средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ ќе се гради повеќенаменско спортско игралиште. Уште пред десеттина дена започнале подготвителни градежни работи на овој простор, а од денес се интензивираа. Ова е дел од проектот на Владата на РМ која преку Агенцијата за спорт и млади треба да изгради 100 игралишта низ државава. Обврска на Општина Охрид беше обезбедување на локации и локациски услови и издавање на решение за градба на истото. А што се однесува до инвестицијата таа е на Агенцијата за спорт и млади. Општина Охрид ги...
Филмоција во Охрид
Post Views: 2 Филмоција во Охрид. Институтот за филм – Филмска Академија Охрид го организира својот втор студентски филмски фестивал. Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет, Хасан Приштина од Косово, ФАМУ од Чешка, ФДУ Цетиње од Црна Гора, Универзитетот Јашар од Турција и Национална Академија за Театар и Филм од Бугарија. Нас...
„Партнерство за подобра бизнис регулатива“
Post Views: 3 Малите и средни претпријатија од регионов бараат начини како да си го подобрат бизнисот и да се зголеми растот на економијата во државава. Една од можностите за тоа е усогласеност на компаниите со законската регулатива и поттикнување на бизнис секторот со свои предлози да помогне во подобрување на легислативата. Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој е подржан од УСАИД е тема на информативните сесии кои се одржуваат речиси во сите градови низ државава. Денес домаќин беше Охрид. Дури 70% од компаниите, што се целна група на овие...
Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец цел на вандали
Post Views: 4 Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец цел на вандали. Искршени се клупите во дворот, рипстолите и другите реквизити кои учениците ги користат за рекреација кога се на одмор или пак на часовите по физичко воспитување. Директорката вели дека проблем е што училишниот двор не е заштитен па несовесни граѓани во вечерните часови влегуваат и кршат и уништуваат. Имаме покренато иницијатива за да ангажираме чуварска служба или да поставиме видео надзор. Ништо мора да преземиме бидејќи ова не е прв пат да ни се уништуваат реквизитите. Вршиме често поправки, но...
Тротоарот на дел од улицата Коста Абраш повторно узурпиран од столици и маси
Post Views: 6 Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот. Со првите сончеви зраци се врати и старата слика на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На ова место има и огромна фрекфенција на пешаци кои се приморани да се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во тераси на угостителските објекти. Твм во повеќе наврати на барање на граѓаните пишуваше за овој проблем. Но, Локалната не презеде никакви мерки за негово решавање.Твм побара информација дали угостителските објекти на овој дел од улицата Коста Абраш имаат дозвола за...
„Едно капаче – Една надеж“
Post Views: 2 „Едно капаче – Една надеж“. Еколошиот одбор, сите вработени и ученици од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец заедно со подрачните училишта во Куратица, Ливоишта и Косел се придружија кон оваа хуманитарна акција која ја иницираше Македонска Медицинската студентска асоцијација. Треба да се соберат 250 килограми капачиња кои ќе бидат испратени во Турција и кои ќе бидат рециклирани. За возврат се добива една инвалидска количка која ќе биде донирана на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди. Учениците од овие училишта...
Српските туристи се враќаат во Охрид
Post Views: 2 Природните убавини на Охрид, културното богатство како и посебната гастрономска понуда повторно го освојуваат српскиот туристички пазар. Општина Охрид преку штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, успешно се престави на најголемата туристичка смотра на Балканот, Белградскиот саем за туризам кој се одржа од 23 до 26 ти февруари а на кој се претставија преку 1200 излагачи од целиот свет. Во текот на четирите саемски денови претставниците на општина Охрид преку видео презентација и печатен материјал пред посетителите и...
Хаотична седница
Post Views: 3 Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески да ги разгледа случувањата со Веслачкиот клуб „ Југ“ и да предложи мерки, како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид. Ова барање го достави советникот Јоне Станкоски на денешната, 68ма седница на совет. Toj предложи како дополнителна точка на дневниот ред да се стави и точката за добивање информација за преземените активности од градоначалникот околу случувањата и проблемите со извршителите и финансиските проблеми на веслачкиот клуб...