Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта

Post Views: 143 Локалната издвои уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта. Со ова ќе се заокружи проектот со кој треба да се уреди просторот околу Самоиловите тврдини кој е се поатрактивен за туристите кои доаѓаат во Охрид. Но опозиционерите реагираат дека општината не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства. Овие два милиони денари треба да бидат прикажани транспарентно и да биде кажано како и каде ќе се потрошат. Ова треба да биде дел од една годишна програма. Не смееме паушално да издвојуваме пари од буџетот...

Продолжи со читање

Истекува рокот за легализација на дивоградби

Post Views: 155   Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сервисот на Локланата самоуправа поднесени се 936 барања. Секојдневно се доставуваат по десетина, кажува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Но, само оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, објаснува Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ, а тоа е 31 март.Сеуште службите не се започнати со решавање на предметите кои се веќе...

Продолжи со читање

Одредени локациите каде што ќе се постават подземните контејнери

Post Views: 139   Охрид наскоро ќе добие три подземни контејнери. На последната седница на совет беа одредени локациите каде што ќе бидат поставени. Подземните конејнери ќе бидат распоредени в долж улицата Македонски просветители и тоа едниот кај некогашната стара стоковна куќа на пресекот со улицата Даме Груев, другиот на пресекот на Македонски просветители со улицата Димитар Влахов и третиот наспроти маркетот Рамстор. Оваа иницијатива е дел од реализација на проект од Центарот за Развој на Југозападниот плански регион. Сметаме дека ова се најсоодветните локации за поставување...

Продолжи со читање

Охридскиот театар работи со полна пареа.

Post Views: 148 После премиерата на преставата Стари времиња, проектот ИмпроВокација, серијал на една нова форма театарски импровизации на актерите, како и детската претстава Убавицата и ѕверот, следува уште една премиера. Актерите од охридскиот народен театар во подготовка на претставата Парламентарки, според Аристофановата “Жени во Народното собрание”. Претставата е во режија  на Ненад Витанов, а ќе биде изведена кон средината на април. Денес глумците ја имаа првата читачка проба за оваа престава.v

Продолжи со читање

Започнаа работите на терен за изградба на затворениот базен

Post Views: 156 Започнаа работите на терен за изградба на затворениот базен. На површина од 15 000 метри квадратни се копа за да се постават основите за затворениот пливачки базен со димензии од 33 на 22 метри. На тој простор  предвидено е да се направат и трибини со над 500 седишта. Се чини дека се поизвесно е дека по долги години искчекување Охрид и охриѓани ќе добијат затворен базен во чии рамки ќе има и деловен простор.Имам информација дека работите се интензивираат и дека се оди по зацртаниот план. Ако се работи со оваа динамика, за три години, како што ветија од Агенцијата...

Продолжи со читање

Убавицата и ѕверот

Post Views: 145 Со преставата Убавицата и ѕверот охридскиот народен театар ја започнува театарската сезона на детски престави. Оваа премиера ќе биде изведена од петмина актери кои со својата сензитивна игра имаат намера да ја привлечат не само помладата публика туку и повозрасните. Тоа всушност е една љубовна драма во која може дa се видат вистинските вредности  на човештвото  преку одредени ликови кои играат во преставата. Тоа е една драматургија убаво извезена, вели директорот на охридскиот народен театар, Горан Стојаноски.Јас успеав да видам неколку од пробите  и сватив дека...

Продолжи со читање

Градските улици не се место за трка

Post Views: 201   144 животи во текот на минатата година во РМ згасна како последица на сообраќајни незгоди. Оваа бројка и тоа како загрижува затоа граѓаните, посебно помладата популација треба да се едуцираат што е тоа сообраќајна култура и без исклучок да ги почитуваат поставените знаци. Игор Иџе Стефаноски, наш двократен европски првак во автомобилизам заедно со својот тим денес беше дел од караванот во Охрид посветен на безбедноста во сообраќајот. Тој на учениците кои беа присутни во СРЦ „Билјанини извори“  им се обрати укажувајќи им колку е важно да бидат совесни возачи, но...

Продолжи со читање

Да се оддаде поголема почит на личностите кои не задолжиле со своите дела

Post Views: 155 Роденденот на Христо Узунов, еден од најголемите македонски револуционери, човекот кој својот живот го положи за слободата на Македонија, заборавен. Со исклучок на неколку почитувачи на неговиот лик и дело кои положија цвеќе на неговата биста во паркот кај градскиот плоштад, ниту една институција не се сети на овој голем македонец. Ова го наметна прашањето колку знаеме да ги почитуваме вистинските вредности и да им одадеме почит на оние кои тоа го заслужиле. Историчарите сугерираат сериозно да се замислиме околу ова прашање бидејќи доколку не си го почитуваме минатото...

Продолжи со читање

Во училиштето „Св.Климент Охридски“ се подготвува специјална училница за децата со посебни потреби

Post Views: 166   Во основното училиште „Св.Климент Охридски“ се подготвува специјална училница за децата со посебни потреби. Таа ќе биде направена по сите стандарди за да ги задоволи нивните барања и да им го олесни процесот на учење. Училницата се прави во соработка со Црвен крст од Охрид и треба да биде комплетирана во текот на наредните месеци. Покрај оваа училница планирано е да се направи и тоалет за децата со хендикеп кој ќе им овозможи самостално да ги извршуваат своите физиолошки потреби. Ова училиште е единствената образовна институција во градов каде учат деца кои имаат...

Продолжи со читање

ТЛЕР ги обработи податоците за туристичката сезона 2015та

Post Views: 158   Туристичката сезона 2015та многу поуспешна од 2014та. Ова го покажуваат податоците од Секторот за туризам и локален туристички развој. Бројките кажуваат дека има подобрување на вкупниот број на гости  и во однос на наплатата на туристичката такса, а и во бројот на остварени ноќевања. Во 2015 за 6,6% остварените ноќевања се поголеми од минатата година, со тоа што ноќевањата на домашни гости се намалени за 2,9%, а во однос на тоа пак ноќевањата на странски гости се зголемени  за 11,4%. Ова се податоци од ТЛЕР и тие се поклопуваат со оние од Државниот завод за статистика...

Продолжи со читање

Дали рентабилно работи автопазарот во Охрид

Post Views: 142 Дали рентабилно работи автопазарот во Охрид. Граѓаните кои го посетиле овој пазар кој се отвори пред речиси две години, а и оние кои се само случајни минувачи покрај пазарот кој е лоциран на дел од паркинг просторот кај охридските градски гробишта, го поставуваат ова прашање. Сликата за овој автопазар е едно паркирано постаро возило, а најчесто и ниту едно.Ние како Локална самоуправа сме задоволни што авто пазарот ја исполнува својата функција. Морам да сум искрен дека тој не работи со некоја добивка ама не генерира ниту загуба, објаснува портпаролот на Локалната,...

Продолжи со читање

Заврши конкурсот за идејно решение за изградба на градска марина

Post Views: 248 Заврши конкурсот кој го распиша Министерството за Транспорт и врски за идејно решение за изградба на градска марина во Охрид. Од министерството информираат дека пристигнати се седум идејни решенија од архитекти и проектантски куќи од повеќе градови во Македонија.  Во огласот, Министерството бараше идејни решенија за две можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Посебна жири комисија составена од преставници од министерството...

Продолжи со читање