Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 8 Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во дворот на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов а училиштето одбележува и 40 годишен јубилеј. Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, здружението „Mетодија...
Се бараат партнери за продолжување на проектот „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“
Post Views: 1 Слепите лица и лицата со оштетен вид можат да ја почуствуваат културата. Завод и музеј Охрид заедно со Здружението за слепи лица од Охрид уште пред три години изработија проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Со него требаше да им се овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид подобар пристап до просториите со музејските збирки и експонати во Охрид. Идеата за еден ваков проект потекнала од проблемите со кои се соочило охридското здружение на слепи лица кога поголема група на слепи лица и лица со оштетен вид кои биле гости во нашиов...
Мал број на професионални бармени во Охрид
Post Views: 3 Денес е меѓународен ден на бармените. Професија која е многу важна за еден угостителски објект да работи успешно и да има свој уникатен имиџ. Во охридските кафулиња има многу мал број бармени кои си ја знаат својата работа. Драган Тоскоски речиси две години работи во Лаунџ барот Објектив и е еден од оние луѓе кои професионално ги подготвуваат коктелите кои ги бараат гостите. Кажува дека многу си ја сака работата, но дека кај нас тешко е да се усовршуваш. Треба доста време за да се стигне до звање бармен, но и праксата е многу важна. Се снаоѓаме. Тешко е бидејќи...
Колку си ја познаваме историјата
Post Views: 3 На денешен ден е роден големиот револуционер, Христо Узунов. Оваа информација која е пласирана во јавност е неприфатлива за поголемиот број историчари. Тие велат дека единствен автор кој 22 февруари 1878год. го смета за роденден на Христо Узунов е првиот библиограф на Узунов, а тоа е Анастас Митрев кој 1953год. ја објавил монографијата за овој наш револуционер.Сите подоцнежни податоци кои ги имаме, белешки и објавени научни дела за роденден на Христо Узунов го одбележуваат датумот 22 октомври 1878год. Тој датум не се зема паушално туку се заснова врз голем број...
Сеирџии
Post Views: 1 Охридската јавност и локалната власт набљудувачи на случувањата со драстично намаленото ниво на водата во езерото. Иако во изминатиов период имаше многу коментари за тоа што му се случува на езерото, се доби впечаток дека охриѓани своето непроценливо богатство се спремни да го бранат на социјалните мрежи. Инертни останаа и советниците кои иако можеби немаат директни ингеренции во врска со езерото не свикаа барем една вонредна седница на совет на која ќе се дискутираше на оваа тема. Јас сум запрепастен од реакциите на многумина кои членуваат во советот од неколку...
Трајкоски:Нема простор за никаков протест на жителите на Дебрца
Post Views: 4 Дебрчани ќе протестираат. Од здружението на граѓани Песочан информираат дека во недела во 10 часот ќе одржат мирен протест во Ново Село покрај бензиската пумпа, против изградбата на асфалтна и бетонска база и сепарација во местото викано Царополе. На протестот ќе биде побарано од надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки против изградбата на базите и зачувувања на животната средина. Доколку градежните активности продолжат, месното население најавува дека ќе се почне и со порадикални мерки, односно блокирање на патниот правец Охрид-Кичево....
Трајан Божиновски дарувал крв 50 пати
Post Views: 4 Охриѓанецот Трајан Божиновски досега дарувал крв 50 пати. Тој станал крводарител уште во средношколските денови, па својата драгоцена течност ја дарувал и за време на отслужувањето на воениот рок во ЈНА, а сега е редовен крводарител во охридскиот Црвен крст. Вели дека преку овој чин најдобро се изразува хуманоста. Оваа хумана акција од секогаш сум ја сакал, а и моите деца тргнаа по моите стапки. Додека можам и додека сум здрав ќе дарувам крв, а ова денешно признание ќе ми остане засекогш во сеќавање, вели Божиновски. ОО на Црвен крст, денес во своите простории...
Голем број проекти реализирани во 2016та година во Општина Дебрца
Post Views: 5 Градоначалникот на Општина Дебрца даде отчет за работењето во 2016та год. Тој зборуваше за и реализираните проекти во годината што измина, но и за оние кои ќе се реализираат во 2017та. Во 2016та реализирани се проекти со вкупна вредност од 76 770 000ден. Изградба на фекална канализација во село Горенци, асфалтирање локален пат од Злести до село Лешани во должина од 2км, изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води за селата Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа и Горенци, асвалтирање на улица во Ботун во должина од 1км, изградба на атмосферска...