Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Од утре започнува имунизација против сезонски грип со комерцијални вакцини

Post Views: 12 Од утре започнува имунизација против сезонски грип, но со комерцијални вакцини. Цената на вакцината е 650 денари и е од француско потекло и е четворовалентна и со висок квалитет. Вакцинирањето ќе се врши од 8 до 14 часот. Бесплатното вакцирање ќе започне од 25 Ноември. Право на имунизација против сезонски грип без надомест имаат лица над 65 год., лица со хронични заболувања, бремени жени и здравствени работници и деца на возраст од 6месеци до 5 години. Сите тие мора да имаат упат од матичниот лекар со назначен термин за вакцинирање. Оваа вакцина е обезбедена од...

Продолжи со читање

Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка денес заседаваше во Охрид

Post Views: 18 Денес во Охрид се одржа 9-тата сесија на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Комисијата, која се реактивира по период од пет години, ги разгледа можностите за унапредување на економските и трговските односи, кои во моментов, според заедничката оценка на двете земји, се на многу ниско ниво. Ние од наша страна ги запознавме со нашите планови дека планираме да инвестираме во зејоделството кај нас, пред се ги промовиравме откупно-дистрибутивните центри, ги запознавме со можностите како може да се...

Продолжи со читање

Собранието на РМ да прогласи кризна состојба поради напливот на бегалци, бараат експертите

Post Views: 18 Бегалската криза не е проблем кој ќе се реши до Нова година и треба сериозно да се пристапи кон решавање на истиот, велат експертите. Само со прогласување на кризна состојба од страна на Собранието, Македонија може да се справи со напливот на бегалци кои влегуваат на нејзина територија, додаваат тие. Проф. Марина Митревска  од Инститиут за безбедност, одбрана и мир, кажа дека мора да се направи една тампон зона кај Гевгелија доколку сакаме да ја контролираме ситуацијата со мигрантите.Неопходно е да се прогласи кризна состојба а тоа може да го направи само...

Продолжи со читање

Отворен Саем на книгата во НУ „Григор Прличев“

Post Views: 9 Книгата, нашиот најдобар пријател. Колку оваа реченица има значење во сегашноста кога за жал се помалку се чита. Верни на пишаниот збор сеуште се оние од повозрасните генерации, додека на младите поинтересно им е да се занимаваат со своите мобилни телефони и други технолошки достигнувања. НУ Библиотека „Григор Прличев“ прави напори да го зголеми интересот за книгата, посебно кај оваа популација. Од денес во оваа национална установа отворен е Саем на книгата. Првиот ден мина во знакот на посетители, ученици од средните училишта во Охрид.На продажба се дела од...

Продолжи со читање

Ученичкиот дом во склоп на Средното стручно општинско училиште „Ванчо Питошески“ работи со полн капацитет

Post Views: 11 Бесплатно сместување, три оброци, солидни услови и максимална безбедност, нуди ученичкиот дом во склоп на Средното стручно општинско училиште „Ванчо Питошески“. Овој дом има капацитет од 120 легла, а моментално се зафатени 116. Во него се сместени основци претежно од училиштето „Ванчо Питошески“, но има ученици и од други средни училишта во градов. Единствен услов за да имаат право да аплицираат за сместување во домот е да доаѓаат од град во кој нема такво училиште. Трошоците околу сместувањето и храната целосно паѓаат на Министерството за образование. Тоа е...

Продолжи со читање

Шест години печалење на црно

Post Views: 10 Повеќе од шест години некои од плажите издадени под закуп на охридското крајбрежје работат на диво, вели градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. Никој во минатото не направил ништо по ова прашање, па некои со години печалеле бесправно, вели градоначалникот. Тој побара сите надлежни институции да се заангажираат и ваквата неправда да се корегира.Во однос на сите тие плажи коиштo периодот наназад стопанисувале во Општина Охрид, има податоци од кои и јас самиот се изненадив. Има плажи кои години наназад функционираат, меѓутоа нивните договори не се...

Продолжи со читање

Родители гневни на тоа како се отстранува азбесниот кров на ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 18 Револтирани и загрижени родители за здравјето на своите деца кои посетуваат настава во ОУ „Христо Узунов“ реагираат за начинот на кој се изведува реконструкциајта на кровот на училишната зграда. Според тврдењата на родители, поткрепени со фотографии, замената на азбестните плочи се врши без запазување на минимум стандарди. Велат дека таблите се фрлаат од покривот во дворот на училиштето при што се кршат и се шири прашина со азбестни влакна. И самите работници немаат никаква лична заштита при работата, додаваат родителите. Градежните работи кои ги финансира...

Продолжи со читање

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе половина година не функционира

Post Views: 9 Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе пола година не функционира. Уште во месец Мај заврши мандатот на претседателот на совет и на неговите членови, а од тогаш до сега не е конституиран нов. Овој Совет кој е во рамките на Локалната самоуправа има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, едукација на целните групи за почитување на сообраќајните правила и прописи и подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Затоа многу е важно тој како тело и понатаму да постои. Сигурно ќе има нов совет и нови членови...

Продолжи со читање