Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 162 Охриѓани реагираат дека на Мауцкер се одлага комунален отпад. Кажуваат дека отпадот потоа се пали што создава непријатна миризба на чад. Се жалат дека овој простор кој веќе е затрупан со градежен шут сега прераснува во депонија. Од Локалната велат дека кај нив досега не е пријавен ваков случај и дека немаат никакви сознанија оти на Мауцкер се депонира комунален отпад.Јас ве уверувам дека уште утре инспекциските служби ќе излезат на терен и ќе проверат дали навистина состојбата е таква. Одговорно тврдам дека ако има отпад тогаш тој е депониран од несовесни граѓани,...
Стево Пендаровски; За Македонија е опасно да оди на избори на 24ти
Post Views: 171 За Македонија е опасно да оди на избори на 24ти април затоа што не се испочитувани клучните столбови на пржинскиот договор, смета професор Стево Пендаровски. Според него во моментов не постојат услови тие да се одржат на овој датум затоа што не е извршена регулацијата на медиумите, пречистувањето на Избирачкиот список доцни, а не се обезбедени ниту услови за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.Македонија не смее да си дозволи луксуз- да има еднострано закажани избори на 24 април не затоа што тоа не чини, е интерес или страв, туку затоа што не се...
Се обновува СОСУ Св.„Кирил и Методиј“
Post Views: 153 Средното општинско стручно училиште Св.„Кирил и Методиј“ час поскоро треба да се поднови. Од буџетот на Општина Охрид секоја година се издвојуваат средства за реновирање на основните и средните училишта, но на оваа образовна институција и е потребна поголема финансиска инјекција. Училиштето бидејќи години наназад работеше во рамките на гимназијата Св. „Климент Охридски“ малку беше подзаборавено. Уште пред четири години требаше да се реновира фискултурната сала, да се изградат нови соблекувални и кабинет по физичка култура, но досега сеуште ништо од тоа. Во летниот...
Завршна екскурзија во Будимпешта и Виена
Post Views: 172 Средното општинско стручно училоште „Св. Кирил и Методиј за прв пат од неговото основање организира завршна екскурзија. Вчера излезе и јавниот повик за прибираење понуди од туристичките агенции. Комисијата која е формирана и која ќе е задолжена околу организацијата на екскурзијата треба да ја одбере најповолната понуда. Според претходно извршената анкета на учениците тие ќе патуваат на дестинација Будимпешта- Виена.Ми се чини дека посетата на едно место е попродуктивно и поефикасно отколку посета на повеќе градови бидејќи на тој начин децата најголемиот дел од...
Лицата со оштетен слух и вид ќе се обучуваат за водоинсталатери, заварувачи и масери
Post Views: 169 Во Охрид ќе се спроведуваат четиримесечни обуки на лицата со оштетен слух и вид. Обуките ги организира Агенцијата за вработување и тоа за струката водоинсталатер и заварувач каде можат да се пријават глуви и наглуви лица и масери каде можат да аплицираат лица со оштетен вид. Целта е да им се овозможи на оваа категорија граѓани да имаат поголеми можности за вработување.Ова е убава иницијатива но сметам дека не треба да се застане тука. Најдобро би било овие струки да се воведат во средното специјално училиште за глуви ученици. Кај нас работодавачите сеуште немаат...
Доделени стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образованиe
Post Views: 163 Денес Локалната додели 85 стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образование. 40 од нив се за основците, 35 за учениците од средните училишта и 10 за студентите. Вредноста на сите нив изнесува 1 174 500ден. За средноошколците и основците се издвоени 1 012 500 ден, а за студентите 162 000 ден. Овие суми се за 80% повисоки од минатата година. Основците ќе добиваат по 1500 ден. месечно и тоа за време од девет месеци, а средношколците и студентите по 2000 ден. Александар Грунчески кој е ученик во деветто одделение во ОУ „Христо Узунов“ по...
Дадено зелено светло за отварање на градинката во Пештани
Post Views: 367 Дадено зелено светло за отварање на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во Пештани. Комисијата пред две недели направила увид на просторијата и дворната површина и констатирала дека условите се идеални за згрижување деца.Веќе сме целосно подготвени за отварање на паралелката. Со помош на Министерството за труд и социјална политика и на Локалната успеавме да ги докомплетираме сите работи. Чекаме само термин кога ќе може бугарскиот конзулат да присуствува, бидејќи дел од средствата за изградба на оваа просторија ги донираа тие, вели Розе Костеска,...
Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата
Post Views: 160 Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата од три до шест годишна возраст. Овај проект се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а потребата за вакви прегледи се јавила од фактот што се поголем процент од децата уште во најмала возраст имаат проблеми со видот. После 16 ти февруари треба точно да се определи во кои денови ќе се вршат прегледите за да можат родителите да донесат здравствени книшки, но и да ги подготват своите деца доколку кај нив се воочи некаков проблем.И за возрасните носењето...
Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси
Post Views: 154 Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сревисот на Локланата самоуправа поднесени се 529 барања на граѓаните. Секојдневно се доставуваат и по десетина барања, објаснува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ.Граѓаните треба да внимаваат. Само оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, вели Џамтоски.Доколку и има некакви обиди за легализација...
Српскиот државјанин обвинет за убиство на Димитар Матилоски ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства
Post Views: 184 Српскиот државјанин Бојан У. од Краљево обвинет за убиство на Димитар Матилоски од Охрид за време на Новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства. Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Според полицијата, на 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија, и на...
Каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов
Post Views: 174 Се чекаат завршните сметки за да се види каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов. Граѓаните прашуваат во каква кондиција се наоѓаат, дали работат рентабилно, дали имаат загуба во работењето, но од Локалната самоуправа сеуште немаат комплетни податоци за тоа. Велат дека се обработуваат бројките со кои јавните претпријатија ќе излезат пред граѓаните и ќе дадат отчет.Ние знаеме дека најтешка е ситуацијата во МЈП “Проаква“, па потоа во ЈП „Комуналец“, а најповолна е во ЈП “Нискоградба“, „Градски гробишта“ и „Градски пазар“, но конкретни податоци сеуште...
На 24-ти април не би можеле да се спроведат квалитетни избори, сметаат од ЦИВИЛ
Post Views: 248 На 24-ти април не би можеле да се спроведат квалитетни избори, смета претседателот на центарот за слобода-ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Оваа констатација доаѓа како резултат на проценките на неговата организација која долги години наназад ги следи изборните процеси во Македонија. Цивил во сериозна комуникација и консултација со широка експертска група, која вклучува и меѓународни експерти со кои често соработуваме, дојдовме до заклучок дека навистина нема многу време до 24-ти април. Технички и стручно гледано, не веруваме дека има услови тие да се спроведат квалитетно. Без...