Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Сензорната соба од голема помош за децата кои се со пречки во својот психички развој

Post Views: 5 Сензорната соба која есенва се отвори во рамките на ОУ „Св. Климент Охридски“, од голема помош за децата кои се со пречки во својот психички развој. Дефектолозите велат дека со помош на методите кои се применуваат во оваа соба веќе се гледаат првите резултати кај овие деца. Тука се стимулираат аудитивните сетила, визуелните, сетилата за допир, рамнотежа, зголемување на концентрација и внимание. Се работи на релаксација, рекреакција на децата, но не како во некоја  игротека, туку има точно поставена цел која треба да се реализира, објаснува дефектологот Билјана...

Продолжи со читање

АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град

Post Views: 5 Охрид доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град. На простор од 600 метри квадратни, на два ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Охрид. Овај бренд постои веќе 23 години  и успешно работи со 8 други продажни центри во државава.  Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите цени, а секако не...

Продолжи со читање

Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права

Post Views: 6   Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права. Денес охриѓани имаа можност да се запознаат како да си помогнат доколку се најдат во ваква ситуација. Тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права заедно со лица вработени во македонското Здружение на млади правници, граѓаните кои беа на градскиот плоштад ги информираа за  активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Отворена е и бесплатна...

Продолжи со читање

Улицата „Јордан Мијалков“ е претворена во вистинска депонија

Post Views: 9 Улицата „Јордан Мијалков“ е претворена во вистинска депонија. Градежен шут има насекаде, а сега несовесните граѓани почнале да си фрлаат и комунален отпад. Жителите во оваа населба се жалат дека од сите страни се затрупани во ѓубре. Не можат да отворат прозорец, ниту пак да излезат на тераса. Се обратиле повеќепати до Локланата, но депонирањето на шут и ѓубре продолжува и понатаму.Ние ги испраќаме до Општинскиот инспекторат од каде во неколку наврати превзедоа определени мерки за расчистување на овој потег од дотогаш депонираниот градежен шут. Станува збор за...

Продолжи со читање

Уште еден полов напад врз дете

Post Views: 2 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 77годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“. На 12-ти минатиот месец околу 14 часот, пријавениот, управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во детската игра. Притоа, пријавениот започнал разговор со 11 годишниот малолетник околу претстојниот празник „Василица“ прашувајќи го кога се палат огнови. Грозоморниот чин се случил во...

Продолжи со читање

Попушти потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“

Post Views: 5 Попушти потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“. Студот, мразот, големата влага и температурните разлики причина за одронот на дел од ѕидот во стариот дел на Охрид. Мештаните велат дека состојбата е ваква веќе една недела и дека за проблемот ја известиле локалната самоуправа. Бараат надлежните служби да преземат нешто бидејќи потпорниот ѕид секој момент може да се урне.Стручни екипи од Секторот за комунален развој извршија увид на терен и констатираа делумно оштетување на еден од потпорните ѕидови по должината на ул. „Григор Прличев“. По одржаните консултативни...

Продолжи со читање

Студената зима им ги изгоре дрвата на граѓаните

Post Views: 8 Студената зима им ги изгоре дрвата на граѓаните. Голем дел од нив се жалат дека речиси веќе и да немаат дрва за огрев. Посебно се загрижени пензионерите. Прашуваат дали оние кои се снабдија со дрва преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца ќе можат повторно да нарачаат бидејќи на ваков начин дадена им е можност дрвата да ги плаќаат на рати, а тоа е големо олеснување за нивниот буџет.Сега преку здружението не може да се нарачаат дрва. Ние веќе запишуваме заинтересирани кои сакаат да купат дрва на рати, но тие ќе ги добијат дури на есен. Сите кои имаат...

Продолжи со читање

Оваа зима врие од глувци во градов

Post Views: 4 И по извршената дератизација од страна на екипи од Центарот за јавно здравје граѓаните од стариот дел на градот и од населбата Бараки „Гоце Делчев“се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред четири месеци со дератизација беа опфатени 3000 шахти во охридскиот регион, но глодарите и понатаму ги има во голем број и тоа во населени објекти и подруми. Тоа пред се се должи на лошите временски услови поради што глувците бараат засолниште, објаснува Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Охрид.Ако е потребно ние ќе извршиме...

Продолжи со читање