Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Во Охрид расте бројот на заболени од грип

Post Views: 194 Во Охрид расте бројот на заболени од грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека во текот на претходната недела биле регистрирани 45 нови случаи, а претходно имало само 10 до 15 неделно. Оваа бројка се должи на зголемената фрекфенција во градов за време на празниците со што се зголемуваат и можностите за пренесување на ова заразно заболување. Од Центарот кажуваат дека за сезоната на грип 2015-2016та набавиле 3000 вакцини и речиси сите се веќе потрошени. Има уште педесетина за сите оние кои сеуште сакаат да се вакцинираат.Сите мислат дека после нова година не е...

Продолжи со читање

Субвенционирањето на станоиздавачите од мал обем оди по зацртаниот план

Post Views: 158   Субвенционирањето на станоиздавачите од мал обем  оди по зацртаниот план. Веќе втора година по ред според програмата на Секторот ТЛЕР сите станоиздавачи кои се уредно пријавени и регистрирани во регистерот на станоиздавачи од мал обем во Општина Охрид по завршувањето на двата периоди од јануари до јули и од јули до декември можат да аплицираат за субвенционирање на 50% од туристичката такса која ја уплатиле во претходните шест месеци.Сметам дека како идеја е добра . Ние веќе во изминативе три шестмесечија имаме исплатено околу 7000 евра. Тоа можеби не е некоја...

Продолжи со читање

Охрид подготвен за првиот снег

Post Views: 151 Снегот го заобиколи Охрид. Барем засега во градот не се очекуваат врнежи од снег, велат од Управата за хидрометереолошки работи. Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од дожд, а само на околните планини ќе врне снег.  Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 6 степени Целзиусови, информираат од УХМР. Облачно и врнежливо време ќе имаме и во наредните денови. Минималната температура ќе се движи помеѓу -2 до 6, а дневната од 3 до 12 степени. Од ЈП „Комуналец“ велат дека иако не се очекуваат врнежи од снег тие се подготвени доколку...

Продолжи со читање

Се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух

Post Views: 156 Полека, но сигурно се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух. Во охридското здружение на глуви и наглуви лица има околу 150 членови од кои неколку се малолетни лица.   Двајца од нив се во основно образование, двајца се средношколци едн апсолвент,а има и едно 4 годишно дете кое оди на подготвителна настава во училиштето во Битола за деца со оштетен слух. Според сегашните законски решенија родителите се тие кои одлучуваат каде ќе се школуваат нивните деца, дали ќе посетуваат некое специјализирано училиште или пак ќе следат настава во...

Продолжи со читање

ТЛЕР бара начин како да им помогне на станоиздавачите од мал обем

Post Views: 159 Секторот за локален економски развој бара начин како да им помогне на станоиздавачите од мал обем поради проблемот кој се јави по имплементацијата на Законот за угостителска дејност со кој се оневозможени да издаваат решенија или да им ги продолжат старите решенија на сите станоиздавачи во колективните станбени згради, односно оние кои се наоѓаат под еден покрив. Неодамна ТЛЕР организираше јавна расправа на која беа присутни и хотелиери и приватни станоиздавачи и законодавците. На јавната расправа биле донесени неколку заклучоци, а пред се целта била да се изнајде...

Продолжи со читање

Се обучуваат водичи за на планина

Post Views: 158   Се создаваат услови за развој на авантуристичкиот и планинскиот туризам во Македонија, но и во Охрид.15 млади лица се обучуваат за да станат професионални интернационални водичи во планина. Обуката ја организира Македонската асоцијација на интернационални водичи.Обуката ја вршиме по меѓународни критериуми  и по највисоки стандарди и јас сум убеден дека оваа генерација  ќе биде една од подобрите  што излегле од нашата организација, вели Антонио Додевски, генералниот секретар на  на македонската асоцијација на интернационални водичи.Нашите планини нудат идеални...

Продолжи со читање

Млад охриѓанец го загуби животот во физичка пресметка што синоќа се случи во кафе барот „Табана“

Post Views: 186 Црн биланс по новогодишната ноќ во Охрид. Едно лице го загуби животот во тепачка што синоќа се случи во кафе барот „Табана“.Димитар М. (27) од Охрид, им подлегна на повредите во општата болница во Охрид, откако претходно пред  кафе барот „Табана“ бил физички нападнат од еден државјанин на Република Србија кој на сега починатиот на плочникот од улицата пред влезот на кафе барот му нанел повеќе удари со раце и нозе по главата и телото. На овој напад, му претходела жестока вербална расправија помеѓу две групи во кои од една страна бил сега починатиот Димитар и уште...

Продолжи со читање

Се размислува Охрид да добие парк за авантури

Post Views: 165 Дали Охрид ќе добие парк за авантури? Ова е една од идеите, на која ТЛЕР работи веќе една година, со која би можело да се аплицира во ИПА фондовите наредната година. Во тек е  изготвувањето на идејното решение за изградба на ваков парк, а истото ќе го  работи една реномирана словенска компанија која има проектирано вакви авантуристички паркови во повеќе европски градови. Претставници на локалната со членови на компанијата посетиле неколку локации во градов каде би можел да биде направен паркот.Ваквиот проект воопшто нема да  и наштети на околината и може многу лесно...

Продолжи со читање

Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид ја одбележа својата 60 годишнина

Post Views: 177 Лицата со оштетен слух и глувите лица во годинава што изминува после долгогодишна борба успеаја да се изборат  за остварување на правото на глувост. Секое лице кое има оштетување на слухот над 80 децибели доби право на паричен надомест од 4000 ден. Славица Стефаноска, претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид вели дека ова има големо значење за лицата кои живеат во светот на тишината.Овој надомест не е многу но ќе го збогати буџетот на овие лица. Тие сите се работоспособни и имаат свои примања, но ова ќе придонесе за еден поквалитетен живот и...

Продолжи со читање

Од синоќа започна предновогодишната програма во градов

Post Views: 166 Градоначалникот Никола Бакрачески ја обелодени програмата за предновогодишните и новогодишните празници.  За дочекoт на Новата 2016-та година охриѓани и гостите ќе ги забавуваат групата „Компас бенд“,  охриѓанецот Боби Мојсоски, музичката ѕвезда Викторија Лоба, охридски ди џеј  и ансамблот „Билјана Јуниор“.Градоначалникот очекува за новогодишната ноќ плоштадот да биде исполнет со гости, а ветува одлична празнична забава.Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме...

Продолжи со читање

реиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам

Post Views: 137 Креиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам. BALKAN HIKING ADVENTURE е создаден во текот на 2015та година со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, преку сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион. Се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово, Јабланица, Галичица и Баба од кои 8 патеки се транснационални.Овие региони според статистиката...

Продолжи со читање

Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните и божиќните празници

Post Views: 139   Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните и божиќните празници. Хотелиерите велат дека најголем дел од гостите се од соседните земји и тоа од Србија и Бугарија. Цените за тридневен аранжман се движат од 110 до 150 евра по лице. Од хотелите Метропол и Белви велат дека многу се задоволни од продажбата на аранжманите во овој хотелски комплекс. Кај нив капацитетите се исполнети речиси 100% и тридневен аранжман чини 149 евра. Интензивно се подготвуваат за гостите од соседна Грција кои имаат резервирано за католички божик кој е на 25ти декември.Комплексите...

Продолжи со читање