Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Ќе се дозволи ли згаснување на охридскиот атлетски маратон?

Post Views: 4   Охридскиот атлетски маратон може да згасне. Маратонот кој е еден од најстарите во бившите ЈУ простори и кој оваа година слави 30 годишен јубилеј, веќе неколку години по ред опстојува “на мускули“. Финансиските средства се се помалку и трката практично се одржува со парите кои секоја година ги донира петкратниот победник на првите пет маратони, Живко Стојчески од Австралија. Организаторите на овој маратон очекуваат Локалната самоуправа од Охрид да го потпомогне овој спортски настан, кој веќе е бренд на Охрид.Ние доставивме барање до општината и доколку не ни...

Продолжи со читање

Општинската организација на СДСМ ќе спроведува внатрепартиски избори за кандидати за градоначалници и советници

Post Views: 7 Општинската организација на СДСМ главен иницијатор за спроведување внатрепартиски избори за кандидати за градоначалници и советници на престојните локалани избори. Уште на 24 јануари Централниот одбор на СДСМ го усвоил правилникот и роковникот за начинот, критериумите и постапката за евидентирање и утврдување на кандидати за градоначалници и советници по Општинските организации на СДСМ за локлните избори 2017тата год. Правилникот и роковникот се направени врз основа на  Статутот на СДСМ. Ова следува откога највисокото раководство на партијата дало насоки на...

Продолжи со читање

Во Охрид и Дебрца бројот на заболени од грип највисок во Македонија

Post Views: 7 Според извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во РМ во четвртата недела од јануари најголем број на заболени од обва заразно заболување има во Охрид и Дебрца. Од Центарот за јавно здравје велат дека во месец јануари кај нив се пријавени 1027 заболени од грип. Првата недела 428, втората 224, третата недела 228, четвртата недела 149 заболени. 92% од заболените се на возраст од 15 до 64год. Втората недела од јануари најголемиот број од заболени биле деца, а четвртата само 9 заболени биле деца а останатите 140 се возрасни. Вака високата...

Продолжи со читање

Неподнослива миризба на нафта се шири низ делови во градов

Post Views: 6 Жителите од улицата „Партизанска“, „Димитар Влахов“, дел од „Туристичка“ кај трговскиот центар од „Гранит“ се жалат дека веќе речиси една недела од канализацијата се чувствува неподнослива миризба на нафта. Велат дека миризбата е толку интензивна што не се седи во домовите или во дуќаните кои се наоѓаат во овој дел од градот. Некои се жалат и на јаки главоболки поради јаката миризба. За ваквата појава биле известени надлежните во ЈП „Нискоградба“ како и Општинскиот инспекторат. Екипи од јавното претпријатие и комунален инспектор излегле на терен и после долго...

Продолжи со читање

ЕЛЕМ од денес ќе ја применат мерката за проток на вода од езерото на биолошки минимум

Post Views: 3 ЕЛЕМ од денес ќе ја применат мерката за проток на вода од езерото на биолошки минимум кој е пропишан со закон и кој е задолжителен за да може да се одржи биодиверзитетот во реката Црн Дрим. Ова доаѓа после бурните реакции од страна на експертите, еколозите, медиумите и граѓаните за екстремно ниското ниво на Охридското Езеро. Досега се испуштале по 7 кубни метри вода во секунда, а од денес ќе се испуштаат 3,5 до 4 метри кубни во секунда. Додека на охриѓани пред очи им полека им се празнеше езерото и тоа драстично и во многу краток период ЕЛЕМ и УХМР не можеле да се...

Продолжи со читање

Нивото на Охридското Езеро е -11 сантиметри под дозволента кота

Post Views: 5 Нивото на Охридското Езеро е -11 сантиметри под дозволента кота која изнесува 693,10. Дозволениот максимален минимум е 693,07 или -7 сантиметри од најниската кота што значи дека сега дури за 4 сантиметри нивото е пониско од минимумот. Ова се најновите податоци од УХМР од каде екипа на хидролози денес беа на лице место да го мерат нивото на езерото.Добро е што јавноста реагира. Ние како УХМР сме на лице место и потврдуваме дека водостојот е многу низок и треба многу внимателно да се испушта водата од езерото кај Струга. Тука сега ЕЛЕМ е на потег кој треба да го...

Продолжи со читање

Градоначалникот Никола Бакрачески со отчет пред граѓаните

Post Views: 7 Градоначалникот Никола Бакрачески денес направи преглед на позначајните активности во изминатите години од развојната програма реализирани во Секторот за туризам како и преглед на позначајните проекти изработени и реализирани во соработка со различни меѓународни, европски и национални фондови, институции и организации. Тој истакна дека во 2016 година во фокусот на вниманието биле активностите за целосна реализација на веќе добиените меѓународни проекти од различни европски фондови како што се големите инфраструктурни зафати од проектот Вотернет со вредност од 210...

Продолжи со читање

Новите вработувања во ЈП„Охридски Комуналец“ и „Градски пазар“, неприфатливи за опозицијата

Post Views: 4 15те нови вработувања во ЈП „Охридски Комуналец“ и 11 те во ЈП „Градски пазар“, главна тема на дискусија на денешната 66та седница на градскиот совет. Советниците од опозиционите партии жестоко реагираа на предлог Одлукате за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП „Охридски Комуналец“ и  ЈП „Градски Пазар“ за 2017 година. За нив е нелогично како овие две јавни претпријатија кои не остваруваат нови приходи поради што одвај врзуваат крај со крај бараат да вработат нови лица. И во двете претпријатија дел од вработените...

Продолжи со читање