Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 3 После премиерата на претставата „Стари времиња“, проектот „ИмпроВокација“ – серијал на една нова форма театарски импровизации на актерите, како и детската претстава „Убавицата и ѕверот“, следува уште една премиера. Актерите од охридскиот народен театар во подготовка на претставата „Парламентарки“, според Аристофановата “Жени во Народното собрание”. Претставата е во режија на Ненад Витанов, а ќе биде изведена кон средината на април. Денес глумците ја имаа првата читачка проба за оваа престава.
Се е подготвено за големиот христијански празник Богојавление- Водици
Post Views: 7 Се е подготвено за големиот христијански празник Богојавление- Водици. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека општината заедно со јавните претпријатија ги завршија и последните подготовки за утрешната црковно-народна манифестација и се заблагодари на сите кои несебично помогнаа за и оваа година празникот да измине во најдобар ред и организација. Чествувањето ќе започне рано наутро со свечените литургии во сите храмови во градов по што во 9.45 литиите од црквите ќе се упатат на градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши фрлањето на светиот крст во...
„Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност
Post Views: 8 „Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност. Во овој документарен филм на меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски, кој премиерно беше прикажан синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ е прикажан мрестот на охридската пастрмка во месеците јануари и февруари. Докумантарниот филм „Танцот со пастрмките“ изобилува со ексклузивни подводни снимки. Најнесекојдневна и можеби неповторлива е онаа кога искусниот нуркач Милутин Секулоски бакнува матица која се мрести во водите на Охридското Езеро.Пастрмката за време на мрест е многу смирена, но...
Општина Охрид и Јапонија ја продлабочуваат соработката
Post Views: 3 Се продлабочува соработката помеѓу Општина Охрид и Јапонија. По иницијатива на градоначалникот на општина Охрид Д-р Никола Бакрачески, а во соработка со Министерството за надворешни работи и амбасадата на Р.М. во Јапонија, уште минатата година започнаa низа активности за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу научно- истражувачките институции од двете држави и тоа Музејот на езерото Бива од Јапонија од една и ЈНУ Хидробиолошки Институт од Охрид, од друга страна. Градоначалникот Никола Бакрачески активно е вклучен и го поддржува целиот процес, тој уште во...
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива
Post Views: 4 ЈНУ Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива од Јапонија денес потпишаа договор за соработка во научната област. Охридското Езеро и езерото Бива од Јапонија се едни од најстарите езера во светот и имаат голем број заеднички карактеристики. Со потпишувањето на овој меморандум локалните власти и научните експертски тимови ќе можат да разменуваат искуства за заштита на овие еко системи. Двете институции во иднина ќе иницираат реализација на заеднички проекти. Соработката меѓу двете институции ќе се одвива на две нивоа, во научно – истражувачката дејност и на...
Акцијаштвото во Охрид се враќа на голема врата
Post Views: 7 Акцијаштвото во Охрид се враќа на голема врата. Се поголем број млади луѓе стануваат дел од Здружението „Брег на младоста“. На почетокот на минатата година имало околу педесеттина младинци, а сега има речиси 200. Осмоодделенката Теа Петкоска од ОУ „Кочо Рацин“ веќе два месеци е дел од тимот и е лидер во своето училиште.Мотивот беше солидарноста и хуманоста која се промовира преку ова здружение. Идејата е сите да се сплотиме заедно како една екипа која ќе го претставува не само нашиот град, туку и нашата земја воопшто, вели Теа. Во здружението „Брег на младоста“ од...
„Анималија“ прави куќарки за бездомните кучиња
Post Views: 8 Од денес НО „Анималија“ отвори штанд на кој ќе се прават куќарки за бездомните кучиња. Локацијата е во близина на кафулето Конект па сите љубители на животните кои сакаат да им помогнат и да ги заштитат од овие ниски температури можат да се приклучат на акцијата.Сакам да им заблагодарам на маркетите Тамаро и Тинекс кои донираа голем дел од материјалите од кои ќе се прават куќарките. Исто така добивме донации од најлони и прекривки од граѓаните и од Црвен крст. Сите тие се собрани во пунктот на Анималија и од нив ќе изработиме куќарки кои ќе ги поставиме низ целиот...
Мразот не е опасност за Охридското езеро
Post Views: 5 Делови од Охридското езеро под мраз. Поради ниските температури кои на моменти се спуштија и под 15тиот степен под нулата, на делови од крајбрежјето на езерото може да се забележи мраз. Ваква појава има наспроти хотелот Палас, на Мазија кај плажите Метропол и Градиште на некои помали површини од источниот дел на езерото. Тоа е ништо. Тоа е еден промил од Охридското езеро. Оваа појава нема воопшто да има никакво негативно влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошки завод.Д-р Талевски објаснува дека можеби ќе...