Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Маалските дуќанчиња во целост не го почитуваат Законот за алкохолни пијалоци

Post Views: 149 Во охридските продавници генерално се почитува Законот за алкохолни пијалоци. Според овој закон после 19 часот во зимскиот период и после 21часот во лето, не смее да се продаваат алкохолни пијалоци. Ѓорѓи Бошалевски, раководителот на подрачната единица на пазарниот инспекторат вели дека во големите маркети во целост се почитува овој закон, но помалите продавници и малските дуќанчиња знаат да направат пропусти. Во некои продавници не дека се продава алкохол по дозволеното време, туку сопствениците или продавачите дозволиле слободен пристап до фрижидерот со алкохолни...

Продолжи со читање

Семејството Илбер засега останува во својот дом

Post Views: 155 Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца засега нема да ја напуштат бараката во која живееле 15 години. Иако пред една недела добија решение за иселување, директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов вели дека ќе имаат одредена толеранција додека семејството не се снајде каде да се смести.Нема да ги иселиме за осум дена. Ние многу пати досега сме пуштиле вакви решенија, но не сме ги иселиле. Преовладуваат човечките и хумани чуства, но ова е само за некое време, можеби да ја поминат зимата бидејќи од таа...

Продолжи со читање

Охриѓани слабо јадат риба

Post Views: 146 Охриѓани иако живеат на езеро многу малку јадат риба. Според статистичките податоци македонецот годишно конзумира само 2 кг риба. Ова го потврдуваат и сопствениците на рибарниците во градов. Јахја Јахја кој веќе дваесет години се занимава со продажба на свежа и замрзната риба кажува дека граѓаните се поретко го купуваат овој прехрамбен производ иако речиси сите знаат колку е здраво да се јаде риба. Според него има повеќе причини за тоа. Првенствено во прашање е се помалата куповна моќ на граѓаните. а и менталитетот поради кој луѓето побрзо би купиле еден кг. свинско...

Продолжи со читање

Каналите и речните корита натрупани со отпад и обрасната со бујна вегетација

Post Views: 140 Доаѓа есента, а со тоа и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба.Денес и утре екипи од нашиот сектор и од ЈП „Комуналец“ ќе одат на терен ќе ја снимаат состојбата...

Продолжи со читање

Доцнат работите околу изградбата на новиот зелен пазар

Post Views: 142 Доцнат работите околу изградбата на новиот зелен пазар. Иако од Локалната најавија дека градежните работи ќе започнат при крајот на август или почетокот на септември, на терен сеуште нема ништо. Од градежната фирма АД „Илинден“ која е приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, велат дека три месеци чекале согласност од Завод и музеј за да започнат со градба. Деновиве согласноста е добиена и треба да се испрати до Министерството за транспорт и врски кое треба да даде одобрение. Радован Трајковски, сопственикот на АД „Илинден“ објаснува дека тие како фирма...

Продолжи со читање

Започна имунизацијата со петтовалентната вакцинавв

Post Views: 157 Од денес започна имунизацијата со петтовалентната вакцина. Оваа вакцина е наменета за децата на возраст од 3,5 и 18 месеци кај кои имунизацијата е веќе започната.  Петовалентната вакцина во својот состав содржи заштита од дифтерија, тетанус, голема кашлица, парализа и хемофилус инфлуенце тип Б. Воведувањето на поливалентните вакцини започна од 1ви август кога беа промовирани шествалентните вакцини во кои покрај од погоре наведените вируси децата се заштитуваат и од хепатит Б. Шестовалентната вакцина се дава на новороденчиња во вториот и шестиот месец. Да нема сомнеж...

Продолжи со читање

Започна новата академска година

Post Views: 144 Започна новата академска година. На ФТУ Охрид  на првиот свечен час добредојде на новите студенти им посакаа, новиот декан, новиот ректор и професорите .   ФТУ годинава може да се пофали со уште поголем број студенти кои се одлучиле своето високо образование да го стекнат токму на овој факултет. Во првиот и вториот уписен рок се запишале над 240 студенти, а на третиот се пријавени повеќе од 30 студенти.И оваа година најголем интерес студентите покажале за студиската програма Царина и шпедиција, каде квотата е пополнета уште во првиот уписен рок , како и за насоките...

Продолжи со читање

Плоштадот на четирите рајски реки, ново катче за одмор и релаксација на охриѓан

Post Views: 202   Новиот плоштад кој се ноѓа кај некогашниот Мини маркет синоќа беше свечено отворен пред многубројните граѓани, претставници на локалната самоуправа, советници и пратеници. Овој простор од 1000 метри квадратни кој е партерно и хортикултурно уреден и оплеменет со две фонтани и целосно осветлен ќе биде ново катче каде граѓаните ќе се одмараат и релаксираат. Градоначалникот Никола Бакрачески вбо своето обраќање пред присутните рече дека ѓе остави граѓаните да му го дадат името на новиот плоштад. За повозрасните охриѓани овој простор беше познат како Дуборезачка, за...

Продолжи со читање

Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба

Post Views: 165 Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба. Граѓаните можеби во детали не го знаат ХАСАП системот и што се тој треба да содржи но можат да забележат кога со некои производи се постапува како што не треба. До редакцијата на ТВМ пристигнаа реакции од граѓани за несоодветно чување вода и пијалоци во пластична амбалажа. На температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина и дополнителна топлина која доаѓа од надворешни единици на клима уред се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид....

Продолжи со читање

Дали засадените палми во Охрид се сушат

Post Views: 144   Дали засадените палми во Охрид се сушат. Дваесетина дрвца веќе покажуваат знаци на згинување па граѓаните коментираат дека овие тропски дрва воопшто не требаше да се садат овде бидејќи климата и поднебјето не им одговараат. Од ЈП „Комуналец“ пак ги демантираат ваквите коментари кажувајќи дека само шест палми се исушени, а другите десетина се во фаза на исушување, но сеуште имаат зелени листови па можно е и да успеат. Директорката на Комуналец Елена Скрческа кажува дека ги почитувале препораките дадени од ЈП „Македонски шуми“ за одржување на палмите во летниот...

Продолжи со читање

Охриѓани можат да си купат публикации од капитални едиции по пристапни цени и на рати

Post Views: 151   Охриѓани можат да си купат публикации од капитални едиции по пристапни цени и на рати. Пет национални библиотеки во РМ, од Владата добиле обврска и можност да вршат продажба на книги од светската книжевност, врвни дела од светската филозофија, историја и психологија и едицијата на македонски искушенија, 130 тома македонска книжевност на англиски јазик.Постои голем интерес за купување на книгите. Веднаш од кога објавивме за продажбата многу од нив беа купени.  Книгите можат да се купуваат поединечно, но и во комплет. Ако се купуваат во комплет тогаш може и на десет...

Продолжи со читање

Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон

Post Views: 152 Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон. Патеката Климе Савин, од Свети Наум до градското пристаниште, во должина од 30 километри Поп Ацев ја исплива во време од пет часа, 39 минути и 42 секунди. Тој стана првиот македонски пливач кој триумфирал во Охрид во последниве 29 години од возобновувањето na охридскиот маратон. На целта беше пречекан со силни емоции од охриѓани, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и од покровителот на трката, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој нашиот маратонец го овенча со победничкиот ловоров...

Продолжи со читање