Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 4 Семејствата Гигер, Неданоски и Тасески годинава имаа најбаво украсени дворови во Охрид. Новогодишните и божикните празници за овие семејстасекогаш преставуваат голем мотив за своите дворови да ги претворат во вистинска бајка. Од нивната убавина секојдневно се воодушевуват случајните минувачи, а не остана имуна ниту општинската комисија која веќе години наназад распишува конкурс и избира најубаво украсен двор во градов. Годинава на конкурсот се пријавиле девет учесници па не било лесно да се избере кој двор е најубав.Им се заблагодаруваме на учесниците за нивните...
Охрид окован во мраз
Post Views: 7 Охрид окован во мраз. Десеттина сантиметри снег кој наврна пред една недела и кој не се исчисти навреме поради ниските температури, замрзна па сега градот е едно големо лизгалиште. Уште еднаш излегоа на површина сите слабости и пропусти во функционирањето на надлежните служби и претпријатија. Иако надлежните уште пред да заврне снегот одржаа неколку состаноци и будно ја следеа состојбата, на терен изгледа дека не се справија најдобро со не толку големиот по обем снежен нанос. Причината ја гледаат во ниските температури. Можеби на граѓаните им изгледа дека градот...
Марина ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција
Post Views: 4 Од 2018-2020 година ќе се реализира проектот за изградба на марина во Охрид, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Д-р Љубен Арнаудов. Марината според првичните проекции ќе чини 2 милиони евра, а целта со нејзината изградба е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро. Марината ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција. Ќе има најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти, 10 бродови и...
Градскиот пазар празен на-10
Post Views: 6 Охридскиот пазар речиси празен. На температури под -10 ретко кој од пазарџиите се охрабрил да излезе и да ја продава својата стока. Тие се жалат дека пазарот нема никакви услови за работа. На зима смрзнуваат, а на лето не се издржува од пеколните горештини. Поради ваквите температури трпат и производите. Повеќето од нив им измрзнале. Пазарџиите прашуваат кога конечно ќе се направи затворениот пазар кој се ветува години наназад. Велат дека последен пат им било кажано дека во септември минатата година ќе започнат градежнитѕе работи околу изградбата на современ...
Расте бројот на заболени од грип
Post Views: 3 Расте бројот на заболени од грип во општина Охрид. Почнувајќи од 40тата до 48та недела седмично имало од четири до шест заболени од грип, но после 48та недела тој број нагло расте. Последнава недела се пријавени 300 заболени од грип. За овој период од годината не е карактеристична олку висока бројка на заболени што зборува дека годинава многу порано започна сезоната на грип. Тестираните примероци на вирусот покажуваат дека станува бор за грип од типот АХ3. ЗА лекување на вирусот не се препишува лекот тамифлу кој годиниве наназад се покажа како делотворен.Тамифлу...
Новогодишните празници бериќетни за охридските угостители
Post Views: 6 Охридските угостители со позитивни впечатоци од тоа како изминаа новогодишните празници. Локалите полни, понудата разновидна, а гостите задоволни. Најважно од се е дека во сите угостителски објекти забавите поминале без никакви инциденти, вели Михаил Мишев, претседател на еснафот на охридските угостители. Покрај домашните еден добар процент од гостите беа од странство што ни дава за право да се надеваме дека ќе имаме успешна летна сезона, додава тој.Јас не можам да разберам од каде доаѓаат такви дезинформации. Ние навистина не вршиме ама баш никакви корекции на...
Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет
Post Views: 7 Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет од домаќинствата. Мештаните уште вчера утрото го извадија сметот од своите домови за ЈП „Комуналец“ да го подигне како што е предвидено со програмата за подигање на отпад во која стои дека понеделник и четврток се денови одредени за тоа, но камионот на „Комуналец“ не помина вчера. Сметот не беше подигнат ниту утрово па кучиња и мачки го разнесуваа по улицата.Токму денес од ЈП „Комуналец“ не информираа дека имале мал технички дефект на едното возило и задоцнале да го подигнат отпадот. Сега е...
Внимавајте што и од каде купувате
Post Views: 1 Внимавајте што и од каде купувате. Внимателно читајте ја декларацијата на производите и нека не ве залажуваат празничните попусти да пазарувате од непроверени места, советуваат од Организацијата на потрошувачи. Посебно да се води сметка од каде се купуваат детски играчки да не се увезени на црно и да немаат некои вештачки бои и материи кои можат да бидат опасни по здравјето на дечињата. Отворете очи и кога купувате храна и пијалоци, вели Вангел Спироски, од охридската ОПМ. Тој додава дека за време на празниците и пред тоа граѓаните многу често купуваат техничка...