Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 161 Охрид ги има сите предиспозиции за да произведува здрава органска храна. Неговата специфична место положба, климатските услови, релативно чистата животна средина се првите предуслови за одгледување здрави производи. Ваквиот вид на храна е многу богата со минерали, се зголемува нејзината нутритивна вредност и е безбедна и висококвалитетна. Многу е важно да се зачуваат и автохтоните сорти на овошје и зеленчук. Охридскиот патлиџан, охридската цреша, пиперката на ниту едно друго место не успеваат и не се со таков квалитет како овде.Охридскиот регион е погоден за овие...
Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон
Post Views: 136 Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Оваа година во неговата организација учествуваа Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Светската пливачка федерација. Општината Охрид втора година по ред е вклучена во оваа најголема спортска манифестација во нашата Република.Голема е одговорноста да се биде дел од Маратон кој е препознатлив симбол за Охрид, а пред се да се организира техничкиот дел. Во соработката со ПФМ имаме високи оценки за минатогодишниот маратон што ни преставува мотив повеќе за овој и следните маратони во иднина....
Јапонци се шетаат низ охридските сокаци
Post Views: 150 Охрид привлечна дестинација за гостите од истокот. Туристи од Јапонија, Кина, Тајван, Тајланд ова лето се шетаат низ охридските сокаци. Туристичките водичи задоволни од посетеноста на градов и од разноликоста на гости кои доаѓаат. Велат дека од април имаат тури со туристи од овие далечни земји кои го откриле Охрид како привлечна дестинација.Самите културни вредности кои ги имаме на град кој е под заштита на УНЕСКО, околината на Охрид, самото Охридско Езеро и ретките природни убавини кои сеуште се недопрени од човечка рака се она што ги привлекува гостите од источните...
Секое дете заслужува љубов и топол дом
Post Views: 174 Секое дете заслужува љубов и топол дом. Оние кои немале среќа да растат и живеат со своите родители се несреќни и тажни и најчесто го одбираат погрешниот пат во животот. За среќа во Охрид има две згрижувачки семејства кои се одлучиле ширум да ги отворат вратите за децата кои имале лоша судбина. Домот на Татијана и Климе Достиноски од Велгошти сега е дом и на трите братчиња кои поради нарушени односи во семејството останале на улица. Тие пред речиси една година биле донесени во ова згрижувачко семејство во многу лоша состојба. Гладни, голи и боси, валкани и преплашени...
Математика по кембриџ ќе се учи и во 4, 5, и 6то одделение
Post Views: 153 Наставниците по математика од Охрид и Дебрца се обучуваат како да предаваат по кембриџ. Од новата учебна година оваа програма се воведува и во 4, 5 и 6то одделение. Ова е новина и за наставниците и за учениците затоа што ќе има многу промени во самиот начин на предавање и совладување на материјалот. Учениците ќе треба преку опити да решаваат задачи а не како што беше досега со користење алгоритми. Обуките кои ги спроведува Бирото за развој на образованието траат два дена.Се надевав дека оваа обука ќе биде во јуни за сега во август да ги допрецизираме работите бидејќи ...
Монографија за ОМУ „Методи Патче“
Post Views: 241 Педесетгодишното постоење на основното музичко училиште „Методи Патче“, ставено во монографија. Денес оваа книга беше промовирана пред охридската јавност од страна на некогашната професорка по флејта, Радмила Попоска. Присутни беа некогашните директори на училиштето, професори во пензија, актуелни професори како и ученици кои постигнале видни успеси и резултата. Промоцијата беше исполнета со многу емоции и спомени од времето кога училиштето се основало па до денес. Монографијата била подготвувана повеќе од една година и во неа се сконцентрирани фотографии, разговори...
Во општинава владее тренд на формирање паралелки со помалку од 24 ученици
Post Views: 141 И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината.Ние во периодот на летни одмори ќе...
Се губи автентичниот дух на охридската чаршија
Post Views: 167 Охридската чаршија полека, ама сигурно изумира. Старите еснафи кои сега можат да се избројат на прсти велат дека одамна го нема оној дух на некогашната надалеку препознатлива стара чаршија. Климент Талев чија фамилија со децении се знимава со правење оригинален охридски бисер со носталгија раскажугва дека охридската чаршија покрај што била единствена по својот лик, таа се издвојувала од другите чаршии и по квалитетот на понудената стока. Денешната чаршија е еден обичен кичерај. Секој може се да продава и да тврди дека производите се квалитетни и оригинални. Насекаде...
Основните училишта во градов се подготвуваат за новата учебна година
Post Views: 145 Основните училишта во градов забрзано се подготвуваат за новата учебна година. Распустот беше искористен за да се реновираат, исфарбаат, за да се уредат училниците, а се работеше и на дворните површини. Во уредувањето на ОУ „Христо Узунов“ биле вклучени и вработените. Директорот Тони Симоноски вели дека сите заедно работеле за училиштето на 1ви септември да светне во полн сјај.Во тек на ова тромесечие го саниравме она што беше запоставено и руинирано. Доста од просториите се исфарбани, уредена е спортската сала и поголем број кабинети и набавени се нови надгледни...
Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов
Post Views: 175 Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов. Граѓаните револтирано велат дека овај сериозен проблем години наназад се става под тепих од страна на надлежните. Воопшто не е пријатна сликата на кучиња скитници кои се шетаат во центарот на градот. Тие се потенцијална опасност за минувачите од кои голем дел се туристи, велат граѓаните.Од Здружението за заштита на животни „Анималиа“ кажуваат дека тие веќе две години интензивно работата на ублажување на проблемот со кучињата скитници во градв. Во текот на минатата седмица за прв пат во Охрид започнаа да...
Започна ловната сезона на прелетен дивеч
Post Views: 405 Започна ловната сезона на прелетен дивеч. Охридските ловџии од 1ви август до 31ви октомври ќе можат да ловат прлица потполошка и гулаб. Здружението на ловци- Охрид од Охрид располага со три ловишта и тоа ловиште Белчишта, Мешеишта и Косел. Состојбата со птици во ловиштата е задоволителен. Најмногу има потполошка и прлица. Ловот се врши поединечно и групно, а пред тоа мора да се обезбедат специјални дозволи за лов. Во Охрид се регистрирани 350 ловци. Со Законот за ловство секој ловец мора да има положено ловечки испит за да може да добие дневна дозвола. Голем интерес...
Никола Бакрачески не успеа да реализира ниту еден значаен проект во Охрид, обвинуваат од општинската СДСМ
Post Views: 171 Во овие 28 месеци од кога Никола Бакрачески е градоначалник на Охрид, не успеа да реализира ниту еден значаен проект во Охрид. И по 2 и пол години не се реализирани таканаречените приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните,ова беше истакнато на денешната прес конференција на општинската организација на СДСМ. Тоа е доказ за неспособноста и неподготвеноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид којашто не може да ги исполни барањата и не може да одговори на потребите на охриѓани, рече Александар Кузески,секретарот и портпарол на општинската...