Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 155 И ова лето во Охрид не изостанаа физичките пресметки меѓу туристите, но и меѓу локалното население. Само за викендов биле регистрирани две тепачки во коишто биле повредени повеќе лица. Во саботата во раните утрински часови во полиција бил пријавен инцидент во кафуле на плажа. Околу два часот еден од гостите се качил на маса и почнал да игра, по што влегле непознати лица облечени во црни маици со натпис “Кадмо” го фатиле за кошула и го извлекле надвор. Малдото момче од Љубаништа добило удари по главата и телото, а не била поштедена ниту девојката која...
И ова лето пченки, американски крофни, пуканки и скара се продаваат на отворено
Post Views: 165 И ова лето пченки, американски крофни, пуканки и скара се продаваат на отворено. Иако во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на овие производи,сликата на терен е сосема поинаква. Не само што се продава храна на отворено туку пченки, американски крофни, пуканки можат да се купат во самиот центар на градот. Морам да признам дека има одредени прекршувања на одлуката за поставување на урбана опрема, но инспекциските служби постојано се на терен. Досега имаат направено стотина контроли и против прекршителите имаат...
Во Охрид се прават свадби од бајките
Post Views: 172 Михајло и Стејси кои живеат во Јоханесбург во Јужна Африка, решиле својата љубов да ја крунисаат со брак токму во Охрид. Михајло кој по потекло е од охридско пред две години кога за прв пат ја донесол Стејси во Охрид решил да ја побара за жена и тоа додека се шетале по кејот на езерото. Тогаш се договориле дека ако прават свадба таа ќе биде токму овде.Идејата ни дојде да правиме во Охрид свадба бидејќи моето потекло е од тука, но и поради убавината на овај град. Никаде во светот нема поубаво место. Јас уште кога ја сретнав Стејси многу ја засакав и посакав цел живот...
Холандска брошура, туристички водич за Охрид
Post Views: 156 Холандска брошура, туристички водич за Охрид. Пред една година ANWB Media од Хаг издаде брошура во која се сконцентрирани убавините на Македонија и на Охрид како најпосетувана дестинација на гостите од Бенелукс. Во оваа мала книшка наведени се сите позначајни места, културно историски споменици и локалитети кои туристите треба да ги видат. Во неа меѓу другото се назначени единаесет дуќани во охридската чаршија кои холанѓаните при доаѓањето во градов задолжително треба да ги посетат. Тоа се продавници во кои сеуште може да се почуствува духот на онај Охрид кој уште...
Туристи има ама промет во охридската чаршија нема
Post Views: 159 Охридската чаршија викендов што помина беше преполна со туристи. Како што се вели да нема игла каде да се фрли, но тоа не ги наполни касите на дуќанџиите. Посетивме повеќе дуќани, занаетчиски работилници, сувенирници и продавници за накит. И секаде ја слушнавме речиси истата приказна. Велат туристите повеќе шетале и разгледувале одошто купувале. Во градов посебно во викендите најмногу се застапени туристите од помладата генерација, а тие немаат намера да купуваат по дуќаните туку пред се се дојдени за забава по плажите, кафулињата и ноќните клубови, велат сопствениците...
Внимавајте на која плажа одите
Post Views: 171 Вчерашниот случај кога кај Горица од водите на езерото беше извадено безживотното тело на 46 годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево повторно ја актуелизира темата колку се безбедни плажите на охридско-струшкото крјбрежје. Од Црвен крст Охрид кажуваат дека од 44 капалишта на охридскиот дел на езерото, 36 се безбедни бидејќи ги исполнуваат сите пропишани услови од Министерството за транспорт и врски за безбедни капалкишта меѓу кои да имаат обезбедено и спасители, а осум не се безбедни. Ние препорачуваме граѓаните да ги посетуваат само плажите кои се безбедни...
Легализирањето на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас ќе го деградира Охридското езеро
Post Views: 183 Легализирањето на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас ќе го деградира Охридското езеро, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод од Охрид. Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кој сопствениците на куќи во појасот од 50 метри од брегот во стариот дел на Охрид, Трпејца, Пештани, Канео, Андон Дуков, Струга, Калишта и Радожда на Охридското езеро, ќе можат да поднесат барање за легализација, нова главоболка за еколозите. Ова многу негативно ќе се одрази врз езерото бидејќи тие градби...
Наместо Мостот на желбите ќе се направи нов мост
Post Views: 251 Преку Мостот на желбите од центарот на Охрид кон плажата Канео во сезона секојдневно поминуваат илјадници туристи и жителите на населбата Канео. Овај премин многу често се оштетува од страна на минувачите, но пред извесно време беше оштетен и од градежните активности кои се превземаа за санарирање на бедемот на Долни Сарај. Со тоа се доведува во прашање безбедноста на минувачите.Овој мост е безбеден толку колку што може да е безбедна една ваква градба. За неговото одржување треба да се грижи концесионерот на плажата Потпеш, вели Томе Џамтоски- портпаролот на Локалната...
Галичица нуди можности за развој на спелеолошки туризам
Post Views: 147 Галичица нуди можности за развој на спелеолошки туризам. Десетте пештери кои се откриени и тоа претежно од странски посетители, љубители на спелеологијата, се многу интересни бидејќи се недоволно истражувани. Екипата на „ Bottom Time “ од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „ Златоврв“ од Прилеп организираат спелеолошки камп на Галичица. Кампот ќе има главно истражувачка цел, почнувајќи од потврдување на досегашните сознанија за пештерите, преку истражување на нови канали во познатите пештери, до лоцирање и истражување на нови пештери на Галичица.Галичица има...
Пловидбени знаци и информативни табли се поставуваат на охридско-струшкото крајбрежје
Post Views: 190 Од Радожда до Св. Наум на брегот на Охридското Езеро капетанијата на пристаништата поставува пловидбени знаци и информативни табли како и бови кои ќе служат за сигнализација во вода. На брегот ќе бидат поставени 179 знаци а ќе бидат обновени и светилниците во Охрид и Св. Наум, каде ќе бидат поставени најсовремени светла по последната технологија. Нов светилник ќе биде поставен и во Струга. Поради тоа деновиве зачестени се ракциите од граѓани поради поставените знаци за забрането капење на пристаништата во Охрид, Св. Наум и на некои пристапни мостови. Од Капетанијата...
Jапонските експерти утврдија дека колекторскиот систем е во незавидна состојба
Post Views: 161 Колекторскиот систем кој е изграден пред неколку децении е деградиран, оштетен и итно е потребна негова надоградба, реконструкција и ревитализација, покажаа направените испитувања од страна на јапонски експерти. Нацрт финалниот извештај за состојбата во која се наоѓа колекторскиот систем, како и мерките кои се предлагаат за негова реконструкција денеска ставен на маса пред стручната јавност, надлежните институции и претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија Проаква и Нискоградба и министерството за екологија. На извештајот му претходеа повеќе...
Високите температури ја редуцираа работата на терен
Post Views: 159 Охрид летово интензивно се гради. Но деновиве кога живата во термометрите на сонце се искачува и до 40тиот степен целзиусов градежните работи на отворено се извршуваат со намален интензитет. Владата по предлог од Министерството за здравство донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години која ќе важи до 28ми јули. Во овој период, се препорачува работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни...