Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Реконструкција на Кејот „Македонија“ ќе почека

Post Views: 8   Реконструкција на Кејот „Македонија“ ќе почека. Првиот обид за пронаоѓање изведувач на градежните работи, заврши неуспешно. Од Локалната ни дадоа кратко објаснување зошто тендерот пропаднал.–Тендерот за реконструкција на кејот „Македонија“ не успеа , бидејќи согласно Член 120 од Законот за јавни набавки понудената цена  беше повисока од проценетата. Новиот тендер  за реконструкција на кејот „Македонија“ е распишан и нема измени во условите.Локалната самоуправа согласно вториот тендер за избор на фирма што ќе ги реализира изведбените работи на Кејот...

Продолжи со читање

Новогодишна хуманитарна продажна изложба

Post Views: 1 Црвен крст Охрид и Лаунџ бар НОА ја најавуваат новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица при Црвен крст, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата.Средствата кои ќе бидат собрани од оваа хуманитарно-продажна акција ќе бидат наменети за ранливата категорија за деца од социјално загрозените семејства деца од самохрани родители, деца без родители, деца со специјални потреби и деца од згрижувачки семејства. Со нив...

Продолжи со читање

Социјалните мрежи преплавени со говор на омраза

Post Views: 7 Социјалните мрежи преплавени со говор на омраза. Посебно е застапен во последниот период и е поврзан со актуелните политички случувања . Меѓу многубројните статуси можат да се прочитаат голем број навреди, клевети, пред се помеѓу граѓани кои се симпатизери или припаѓаат на различни политички опции. За жал состојбите во Македонија укажуваат дека говорот на омраза се употребува пречесто меѓутоа релевантните државни институции кои се надлежни да се борат со него односно да го казнуваат се неми за говорот на омраза, вели Елена Брмбевска од Хелсиншкиот комитет за...

Продолжи со читање

Студентите од ФТУ ја даруваа својата скапоцена течност

Post Views: 2 Црвен крст од Охрид ја реализира последната крводарителска акција за оваа година. Денес крв даруваа студентите од ФТУ, но и редовни крводарители кои учествуваат на сите акции. Охридската организација посебно внимание обрнува на одржувањето на крводарителските акции, а посебно на стимулацијата на младите да се вклучат во нив. За среќа бројот на младите крводарители расте. Задоволни сме и од одѕивот на средношколците каде редовно се организираат по две крводарителски акции на полнолетните ученици. Тоа е наесен и напролет па продолжуваме понатаму со ваквиот тренд,...

Продолжи со читање

Нов моден бренд во Охрид

Post Views: 6 Нов моден бренд во Охрид. Сите љубители на високата мода од Њујорк и Париз ќе можат да си го купат своето уникатно парче облека во „Rumor“ шоп креирано од светски познати модни креатори: Ристо/Париз, Монографи /Париз, СЕВ/Париз, Елла/Исланд и Џуми Лим – We are owls NewYork/Њујорк. Покрај со квалитет „Rumor“ своите клиенти ќе ги привлекува и со цени прикладни за македонскиот пазар. Идејата за отварање на еден ваков ексклузивен бутик е на две талентирани личности од светот на модата во Охрид, Лејла Гогова и Алек Бимбилоски. „Rumor“  е нивна голема заедничка...

Продолжи со читање

ЦИВИЛ: Многу неправилности, малку демократија

Post Views: 2 Граѓанската организација ЦИВИЛ смета дека предвремените парламентарни избори кои се одржаа пред една недела ни од далеку не беа ниту фер ниту демократски. Тие бараат од Државната изборна комисија и од другите надлежни институции повторно и целосно да ги пребројат гласовите во сите изборни единици, бараат ревизија на неважечките гласачки ливчиња, бидејќи како што велат, за неважечки ливчиња се прогласувани и такви каде што јасно се гледа волјата на гласачите. Очигледно е дека во Македонија политичките структури очекуваат една поинаква иднина за своите мандати, се...

Продолжи со читање

Во Македонија е се поприсутен говорот на омраза

Post Views: 5 Во Македонија е се поприсутен говорот на омраза. Причина за неговото секојдневно проширување е што истиот не се препознава или не се сака да се препознае од страна на институциите во системот, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.Говор на омраза имаме спрема секоја група со заеднички идентитет и карактеристики. Најчесто е по основ на социјално потекло, кон ромската заедница, поради сексуална ориентација, поради етничка припадност, кон заедниците во Македонија кои се во малцинство, особено кон албанската заедница. Она што е особено изразено во...

Продолжи со читање

Во Македонија е се поприсутен говорот на омраза

Post Views: 9 Во Македонија е се поприсутен говорот на омраза. Причина за неговото секојдневно проширување е што истиот не се препознава или не се сака да се препознае од страна на институциите во системот, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.Говор на омраза имаме спрема секоја група со заеднички идентитет и карактеристики. Најчесто е по основ на социјално потекло, кон ромската заедница, поради сексуална ориентација, поради етничка припадност, кон заедниците во Македонија кои се во малцинство, особено кон албанската заедница. Она што е особено изразено во...

Продолжи со читање