Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Англичани и швајцарци од аеродром до градов се возат со двокатниот панорамски автобус

Post Views: 192   Најзаинтересирани за разглед на убавините на Охрид со двокатниот панорамски автобус се холанѓаните. Поаѓаат од градскиот плоштад а турата не е прецизирана, се плаќа по 80 ден. од километар. Автобусот го користат и странците кои доаѓаат во Охрид со новите дирекни авионски линииза превоз од аеродромот Св. Апостол Павле до градот.  Од неодамна ЈП „Билјанини извори“ склучи договотр со ТАВ Македонија за превезување на гостите со панорамскиот автобус  во среда и недела кога на аеродромот пристигнуваат гости од Лондон и Базел.Со овој договор ние се надеваме дека на некој...

Продолжи со читање

На Галичица денес не гори

Post Views: 157 На Галичица денес не гори. Одвреме на време може да се забележи само чад од пожариштата, но екипи од Противпожарната единица од Охрид и од НП Галичица се на терен и ја следат состојбата. Причините за пожарот кој вчера попладне избувнана на две места во близина на далноводите кои го снабдуваат Охрид со електрична енергија, не се познати. Дали се работи за некаков дефект на електричната инсталација, човечки фактор или друга причина, треба да открие истрагата која трба да ја спроведе јавниот обвинител. За подетални информации за пожарот но и за тоа каква е состојбата...

Продолжи со читање

Пожар на Петрино

Post Views: 170 Попладнево околу 1часот и 30 мин. избувна пожар  на планината Петрино, над трафостаницата 110, кај местото викано Мечкина дупка. Поради близината на 110-киловолтната трафостаница делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија, а и во делови од населбата Рача немаше струја. По дојавата за пожарот екипи на противпожарната единица од Охрид веднаш излегле  на терен со две возила, а потоа пристигнале уште две, информира командирот на противпожарната единица Охрид Спасе Прентоски. Подоцна се приклучиле и   екипите од НП Галичица, од Црвен крст, како и загрижени...

Продолжи со читање

Водената линија Охрид-Поградец функционира и ова лето

Post Views: 155 Водената линија Охрид-Поградец функционира и ова лето. Досега се реализирани три тури. Од охридската капетанија велат дека оваа линија не е редовна, туку дека е чартер, и пред се зависи од интересот на патниците. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски вели дека откога ги поедноставиле царинските процедури за спроведување на овие екскурзии, интересот се зголемил. Тој додава дека сите бродови ги исполнуваат условите за да сообраќаат на оваа релација.Успехот на оваа линија зависи од менаџерските способности на сопствениците на бродовите и од нивните менаџерски...

Продолжи со читање

Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола

Post Views: 213 Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола. Од охридската капетанија велат дека досега не се регистрирани некои поголеми отстапувања и нарушувања на законот и правилата за пловидба. Помал проблем преставуваат некои несовесни глисерџии кои доаѓаат блиску до брегот, но и со нив се справуваме, вели капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски. Овааа сезона барем на охридскиот дел од езерото нема проблем со скутерџиите. Повеќе прекршоци се прават на струшкото крајбрежје. Дојава за ваков прекршок стигна и денес по што екипа од Охрид замина за...

Продолжи со читање

Специјалните возила немаат пристап на Кеј „Македонија“

Post Views: 162 Специјалните возила на противпожарната единица и комбињата на брзата помош немаат пристап на Кеј „Македонија“. Со новиот летен режим на сообраќај оваа сообраќајница од двете страни е затворена со физички препреки, од едната страна рампа, а од другата жардињери. На овој потег се хотелите Ривиера, ресторанот Белведере, ланч барот Објектив,  неколку индивидуални куќи. Недај боже да се случи пожар или пак да имаат потреба од итна медицинска помош, возилата не ќе можат да стигнат до таму. Од локалната признаваат дека ова е проблем и ветуваат дека ќе најдат начин да го...

Продолжи со читање

Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води

Post Views: 153   Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води. Ова е резултат на обуката за спасување и извлекување на давеници од брзи води, кои во организација на Црвен крст Охрид и под водство на инструктор за безбедност на вода од Операција Флориан во изминатите четири дена се реализира  на реката Црн Дрим во Струга.Обуките поминаа без никаков проблем. За овие четири дена успеавме да ги оспособиме волонтерите за интервенции на брзи води. Ние сме задоволни како се помина и се надеваме дека помогнавме за зголемување на безбедноста...

Продолжи со читање

Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода

Post Views: 150 Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода. Гостите кои тука минатото лето паркирале и плаќале по 30 ден. за час пријатно изненадени. Тие прашуваат на што се должи ова олеснување. Од ЈП „Билјанини извори“ кои минатата година стопанисуваа со овој паркинг објаснуваат дека не се откажани од него. Овој паркинг треба дополнително да се уреди. Треба да се фрли чакал  и да се обележи. Паркингот треба да се направи по сите стандарди. Се до тогаш нема да се наплаќа, вели Теодор Андоноски-раководител на секторот паркинзи при ЈП „Билјанини извори“.Уредувањето...

Продолжи со читање

Спроведена обуката за укажување прва помош

Post Views: 171   Спроведена обуката за укажување прва помош. Црвен крст од Охрид заедно со своите партнери од операција Флоријан од Манчестер, Англија и со противпожарната единица од Охрид на заинтересираните присутни на грдаскиот плоштад синоќа им ги презентираа активностите кои во изминатите неколку дена се одвиваа во црвениот крст.Беше прикажано сето она што англиските инструктори ги научија охридските волонтери.Првата помош е насекаде иста во цел свет но различни се стандардите и процедурите. Нашите волонтери бњеа обучувани според англиски стандарди кои многу не се разликуваат...

Продолжи со читање

„ Охрид без бариери за лицата со попреченост“

Post Views: 165 „ Охрид без бариери за лицата со попреченост“. Овој проект општина Охрид го реализира во Дневниот центар „ Зраци“ со грант од Амбасадата на Австралија во Белград. Проектот денес беше промовиран во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Австралија, Џулија Фини на јавна трибина на која учествуваа и лица со попреченост во развојот. Активностите од проектот се одвиваат во Дневниот центар „Зраци“ каде основната цел е социјална инклузија и дневна грижа на лицата со попреченост, подобрување на нивниот психосоцијален развој преку креативни активности...

Продолжи со читање

Идните средношколци го направија својот избор

Post Views: 176 Идните средношколци го направија својот избор. Во првиот уписен рок кој заврши вчера поголемиот дел од нив веќе се определија во кое средно училиште ќе го продолжат своето образование. Во Гимназијата „Св. Климент Охрдски“ се пријавиле 226 ученици од кои само 198 се запишани бидејќи го исполниле условот да имаат минимум 60 поени. Директорот Ѕвонко Трпески вели дека оваа година е забележан мал тренд на пораст на бројот на средношколци кои се пријавиле во гимназијата. Минатата година во првиот уписен рок се пријавиле 205. Квотата која и е одобрена на оваа образовна...

Продолжи со читање

Охридските млади виолинисти на сцената во Милано

Post Views: 139   Тројца млади виолинисти од ОМУ ,,Методи Патче“ беа дел од меѓународниот оркестар ,,100 млади,, како единствени учесници од Р. Македонијана. Концертот  се одржа во црквата Санта Кроче во Милано-Италија. Оркестарот е формиран од 100 млади музичари на возраст меѓу 13 и 21 години кои доаѓаат од Италија, Словенија, Србија, Македонија и Чешка. Чест да настапат на сцената во Милано имаа  виолинистите  Даниел Мојсоски, Александар Грунчески и Бајрам Рамаданоски. Како најмлад солист со оркестарот настапи Даниел Мојсоски.Беше прекрасно иако малку напорно бидејќи патувавме...

Продолжи со читање