Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 153 Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште во месец јануари Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место и пет месеци подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа од оваа невозможна мисија. Директорката изјави дека претпријатието ниту технички...
Бакрачески со охриѓани на кафе во Летница
Post Views: 540 Средби на отворено со граѓаните на Охрид. Ова е нов начин на комуникација на Грдаоначалникот Никола Бакрачески и службите при Локалната самоуправа со охриѓани. Градоначалникот со цел да се доближи што повеќе до граѓаните и да ги слушне лично од нив проблемите со кои се соочуваат, денес, заедно со својот тим реализира средба со нив, во центарот на градот, на култното место Летница.Сметаме дека на ваков начин граѓаните ќе бидат ослободени од сите стеги кои ги предизвикуваат формалностите за да се закаже средба со мене или со некој претставник на Локалната, рече Бакрачески.Грдаоначалникот...
Охридската вода исправна за пиење
Post Views: 505 Охриѓани слободно можат да ја пијат водата од градскиот водовод. Најновите податоци од Центарот за јавно здравје покажуваат добар физичко- хемиски и микробиолошки квалитет. Останува проблемот со водата од селските водоводи која е со променлив квалитет, поради нередовното користење на средства за дезинфекција. Квалитетот на водата на шесте јавни градски чешми во Охрид е задоволителен и водата може да се користи за пиење. Редовно се следи и состојбата со квалитетот на водата во Билјанини извори. Анализите покажуваат дека таа е со променлив квалитет. Се контролира и...
Ново лето стари проблеми
Post Views: 585 Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Жителите на Стар град често пати не можат да си дојдат дома, бидејќи улицата е блокирана од паркираните автомобили. Иако од Секторот за комунален развој при Локалната самоуправа уште минатото лето беа поставени два знаци за забрането запирање и паркирање и од едната и од другата страна на спојката, непосредно до ресторанот Чун, несовесните возачи упорно ги игнорираат и не ги почитуваат. Во вакви случаи кога се прекршуваат сообраќајните знаци, обврската за постапување е во рацете...
Бакрачески излезе од ИК на ВМРО ДПМНЕ за целосно да се посвети на Охрид
Post Views: 506 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески веќе не е член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. За ТВМ изјави дека тоа е поради две причини. Прво, бидејќи тој самиот барал зошто сакал повеќе да се посвети на решавањето на проблемите на градот и на многубројните проекти кои се во тек и кои престојат во периодот што следува, а второ бидејќи ваквата промена е дел од концептот на партијата според кој на секои две години се прават ротации и се внесуваат нови и свежи кадри. Инаку, на завчерашната седница Емил Димитриев беше по втор пат избран за Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Во...
Продолженото работно време на локалите , непроспиени ноќи за граѓаните
Post Views: 187 Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Работното време на угостителските објекти во месец јуни во текот на пет празнични денови се продолжува за еден час, во јули 5 дена работното време ќе биде продолжено за два часа, а два дена за еден час. Во август, во текот на 11 празнични дена работното време ќе биде продолжено за два часа, а во септември, октомври, ноември и декември во текот на три дена од овие месеци, угостителските објекти ќе работаат подолго за еден час.Нормално е во овој период од...
Ден на идеи во Охрид
Post Views: 181 Општина Охрид денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски“организираше „Ден на идеи“. Сите граѓани кои имаа некаква идеја, проект или предлог имаа можност да ги напишат и да ги достават до службите во Локалната Самоуправа и Јавните претпријатија.Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорите од охридските јавни претпријатија, раководителите на сектори и одделенијата и стручните лица од службите на општина Охрид ги слушаа идеите, предлозите и сугестиите кои им ги даваа охриѓани, а најдобрите од нив ќе бидат инкорпорирани во идните програми за работа на општина...
Започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“
Post Views: 183 Од утре започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“. Сите заинтересирани деца на возрасат од 7 до 15 години можат да се запишат во школата за едрење и да ги научат тајните на овај спорт. Може да се запише секој кој го сака едрењето без никакви предуслови.Најосновно е детето да има желба потоа да нема страв од вода бидејќи овој спорт се учи во вопда и треба да се фатат во коштец со природата. Децата одма учат и од самиот почеток се гледа кое дете има талент за едрење а кое не. Веднаш се прави природна селекција, вели Стевчо Ставрески, инструктор во ...
Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица
Post Views: 185 Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица. Овој проект ќе го реализира Министерството за труд и социјална политика во соработка со Сојузот на слепи на РМ. Покрај во Охрид вакви патеки веќе се прават во Скопје, а ќе се направат и во Битола. Проектот чини околу 30 000 евра. Во Охрид вакви патеки планирано е да се постават до сите институвии во градов како и по кејот на езерото. Славчо Џајкоски, претседателот на Здружението на слепи лица од Охрид вели дека ваквата иницијатива е одлична бидејќи слепите лица и лицата со оштетен вид најчесто доколку сакаат да се движат...
Со правилна исхрана до превенција на ракот на дојка
Post Views: 156 Колку храната има влијание врз појавата на карцином на дојка. На оваа проблематика Д-р Јашар Џенгис од клиничката болница „Аџи Бадем“- Систина работи години наназад и дошол до фрапантни податоци. Тој заклучил дека одредени производи како што е конзервираната храна и производите кои се од животинско потекло и тоа како можат да го забрзаат развојот на оваа болест и да извршат мутација на здравите клетки во организмот.Всушност самата храна, но и начинот на кој се подготвува, амбиентот во кој се чува, лошите навики кои ги имаме при нејзиното конзумуирање, мешање на...
Ќе се отвара пливачкиот базен на СРЦ „Билјанини извори“
Post Views: 189 Се прават подготовките за отварањето на пливачкиот базен на СРЦ „Билјанини извори“. Се уредува просторот, се коси тревата околу базенот, а деновиве ќе се чисти и самиот базен. Пливачките школи и ова лето ќе обучуваат деца како правилно да пливаат и да ги усовршат сите техники од овој спорт. Школата „Делфина 2012“ од утре започнува со уписи на сите заинтересирани. Можат во школата да се запишат деца од четири години па понатаму. Интерес постои, кажува професорката Соња Думбалова Делова. Таа вели дека минатите две лета обучиле повеќе од двеста деца, а меѓу нив имало...
Еколозите во државава се погласни
Post Views: 196 Еколозите во државава се погласни . Целта им е да се слушне и нивниот глас при донесувањето на некои одлуки со кои, според нив, се загрозува животната средина. Илина Арсова од еколошкото друштво „Лагадин“ вели дека борбата е тешка но мора да се истрае бидејќи спроведувањето на некои одлуки можат многу скапо да не чинат. Таа тука акцент стави на проектот за изградба на патниот правец Охрид- Св. Наум кој треба да поминува низ националниот парк Галичица со што ќе биде исечена голема површина на шума во паркот а со тоа ќе се наруши еден единствен еко систем.Бев многу...