Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Каде да паркираме

Post Views: 264 Иницијативата да се создаде мини базар на некогашниот паркинг во близина на Чинарот, создаде проблем. Десеттина семејства кои имаат куќи на овој потег и кои своите автомобили ги паркирале таму, сега немаат каде да ги остават. Поради тоа поднеле барање до Локалната самоуправа, и до ЈП „Билјанини извори“ кое претходно стопанисуваше со паркингот и на кое му плаќале месечен или годишен надомест за паркирање, да го решат проблемот. Директорката на ова јавно претпријатие, Гордана Јованоска денеска на средба со засегнатите граѓани им објасни дека со одлука на совет паркингот...

Продолжи со читање

Во сред сезона охридските плажи нерегулирани

Post Views: 267 Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Старите концесионери си стопанисуваат со плажите без да плаќаат ниту денар на општината за тоа. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје. Додека на плажите се работи на црно инспекторатот не постапува. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти. Изминатите две недели ние...

Продолжи со читање

Пазар ли е или панаѓур

Post Views: 238 Секој понеделник педесеттина продавачи на импровизирани тезги го окупираат просторот и улицата околу пазарот. Сликата наликува на пазарите во некоја од источните земји каде стоката се продава буквално на земја. Ако се земе во предвид дека станува збор за храна, навистина купувачите треба да се замислат пред да купат нешто. Од ЈП „Градски пазар“ велат дека просторот не дозволува да се обезбеди дополнително место за оние кои продаваат само во понеделник кога во Охрид е пазарен ден, а интересот е голем. Тие не им наплаќаат на пазарџиите за тоа што ги изложуваат своите...

Продолжи со читање

Новиот сообраќаен режим во стариот дел на градот ќе профункционира од наредниот понеделник

Post Views: 252 Новиот сообраќаен режим во стариот дел на градот ќе профункционира од наредниот понеделник. Иако беше најавено дека новиот режим ќе се спроведе од средината на минатиот месец, работите се пролонгираа. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека системот е готов, рампите се поставени, картичките се реевидентирани, но има потреба уште еднаш да се презентира начинот на одвивање на сообраќајот во стариот дел на градот затоа за утре е закажана повторна средба со граѓаните кои живеат таму бидејќи оваа година во системот има доста измени за разлика од минатата година. Лицето...

Продолжи со читање

12 тезги ќе бидат поставени на паркингот кај Ваикики

Post Views: 224 12 тезги ќе бидат поставени на паркингот кај Ваикики. На овој простор наместо автомобили ќе има мини базар. Од ЈП „Градски пазар“, кое стопанисува со просторот велат дека утре е последниот ден за доставување документација, а после тоа ќе биде аукцијата по што ќе следува склучувањето на договорите со заинтересираните лица. Таа локација со оглед дека е доделена за поставување урбана опрема нема повеќе да биде паркинг па сите продавачи на храна и сувенири кои сега се распрскани низ чаршијата ќе бидат стационирани таму, вели Кристина Крлеска Деспотоска, директорката...

Продолжи со читање

Фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер

Post Views: 240 Станува се поизвесна изградбата на фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер. Овој проект е одобрен уште во 2016 год., а минатата и оваа година интензивно се работеше на негово комплетирање. Моментално се прават калкулации дали еколошката фабрика за отпад ќе ја гради општината или приватни компании.До овој момент од Локалната самоуправа и ЈП Комуналец сите наши задачи се завршени. Чекаме на партнерот, Р.Грција кој ги обезбедуцва средствата да ја комплетира документацијата за проектот, вели Љупчо Грданоски- директор на ЈП „Охридски Комуналец“.Со изградбата на фабриката...

Продолжи со читање

Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид

Post Views: 201 Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид. Во петте фестивалски денови ќе учествуваат над 400 натпреварувачи, судии, гастрономски амбасадори на ВАКС, светската асоцијација на готвачи и почесни гости од над 35 земји со што во Охрид всушност ќе биде дојден светскиот гастрономски крем. Тоа ќе биде годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од глобални размери. Претседател на судискиот одбор на Гастромак 2019 ќе биде иконата на гастрономијата на поранешна Југославија, Стево Карапанџа кој ќе раководи со педесеттина светски...

Продолжи со читање

спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе има и оваа учебна година

Post Views: 245 Дисперзирана спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе има и оваа учебна година. Првиот уписен рок помина и местата во паралелката за фудбал се речиси пополнети, но има уште слободни места во паралелката за ракомет. Заинтересираните ученици ќе можат да аплицираат на вториот уписен рок кој ќе се одржи на 1ви јули. Паралелката и понатаму ќе биде сместена во СОУ „ Ванчо Питошески“. И оваа година продолжува спортската академија. Наставата и понатаму ќе се одвива во просториите на нашето училиште. Ќе има пзралелка за фудбал и ракомет. Кадарот кој предава во угостителското...

Продолжи со читање

Инспекторите кревааат столици и маси

Post Views: 305 Нема веќе да има столици и маси и друга урбана опрема на места кои не се определени за тоа. Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Охрид заедно со службите на ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, започнаа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти. Навистина ако сакаме да ставиме ред ова мора да се прави. Дури и некои од сопствениците на локали сами побараа да се спроведе одлуката за поставување урбана опрема и да важи за сите подеднакво. Нашите служби токму тоа го прават, ништо повеќе...

Продолжи со читање

Започна првото пријавување за запишување ученици во прва година

Post Views: 281 Во средните училишта во државава денеска и утре се спроведува првото пријавување за запишување ученици во прва година во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок. Уште од утринава новите средношколци кои веќе одлучиле каде ќе го продолжат своето образование се упатија кон некој од четирите средношколски центри во градов за да ги достават своите пријави. Во општинското средно стручно училиште „Ванчо Питошески“ уписот течеше без никакви проблеми, а учениците имаат можност да се запишат на еден од шестте профили и тоа: тригодишните за кувари и келнери и четиригодишните...

Продолжи со читање

Советникот Џемал Мена најави дека ќе поднесе кривична пријава против колегата советник за физички напад

Post Views: 244 Советникот Џелал Мена не се чуствува безбедно на седниците на градскиот совет. Вели дека по вчерашниот инцидент кога бил нападнат од негов колега, неговото функционирање во советот во иднина ќе му создава притисок и вознемиреност. Утре кој мене ќе ми гарантира , а и на другиве советници ако нешто се случи. Немаме никаква сигурност. Треба да има контрола, треба да има осигурување, треба да има полицајци, бидејќи понекогаш на седниците доаѓаат и граѓани па може да дојде и до поголем инцидент, вели Мена. Од Локалната самоуправа го осудуваат вчерашниот инцидент меѓу...

Продолжи со читање

Ребаланс без баланс

Post Views: 246 Предлог одлуката за изменување и дополнување на буџетот на единицата на Локалната самоуправа- Охрид за 2019 год. Ги разбранува страстите на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие сметаат дека нема никаква оправданост за ваквиот ребаланс земајќи го во предвид фактот дека годинава општината имала најголем буџет до сега. Тие реагираат бидејќи се кратат средства од многу програми како што се за образование, детска заштита, за развој на туризмот, за спорт, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за водоснабдување, за да се пренаменат средствата за...

Продолжи со читање