Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 162 Од борбените дејства во Диво насеље во Куманово оштетени се околу 30 куќи. Тие што не можат да се вратат во своите домови, ќе се сместат кај свои роднини. Жителите велат дека претходно не можеле да се забележат никакви движења на вооружени луѓе. Имало зголемено полициско обезбедување, за кое мештаните протолкувале дека е поради протестите. И понатаму остануваат отворени прашањата кои се напаѓачите во Куманово, која им била целта, како се инфилтрирале во густа населба и многу други, нотираат познавачите. Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов денес оствари средба со...
Во градинката „Јасна Ристеска“ се бара место повеќе
Post Views: 180 Во градинката „Јасна Ристеска“ се бара место повеќе. Посебно интерес има за запишување на дечиња во јаслените групи. Моментално има седум во кои се згрижуваат по дваесет и пет деца на возраст до две години. Директорката на градинката Розе Костеска вели дека има потреба за уште една паралелка. Таа додава дека поради специфичноста на Охрид како туристички центар, интересот за згрижување на деца во градинката и во летниот период е голем. Кај нас не е случај како во другите градови на државава на лето градинката да има помал обем на работа, објаснува Костеска.Имаме...
Во Охрид одбележан денот на Европа
Post Views: 179 Во Охрид одбележан денот на Европа. На малиот градски плоштад во боите на Европската унија најмладите од детските градинки со својот настап, со игра и песна на присутните им го разубавија денот. И основните училишта од Охрид го одбележаа Денот на Европа на организирани штандови на кои секое училиште преку уметничко изразување ги презентираа културите на земјите членки на ЕУ: Словенија, Хрватска, Шпанија, Португалија, Латвија и Литванија.На свеченоста беа присутни претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњаноска, и Амбасадорот на Словенија во Република Македонија,...
Науката не признава граници ниту политика
Post Views: 160 Грчки студенти на Факултетот за туризам и угостителство си ги прошируваат знаењата во оваа област. Хипократ Каракашоглу веќе втор семестар слуша настава на охридскиот факултет. Тој пристигнал тука преку програмата мобилност на студенти. Тој се одлучил да студира во Македонија пред се од лични причини бидејќи корените на неговото семејство биле од вардарскиот дел на Македонија. Никогаш претходно не бил во Охрид, а слушал за неговите убавини и туристички потенцијал.Очекував многу, но открив и повеќе од очекуваното. Навистина. Сите туристи кои доаѓаат овде, доаѓаат со...
Први Mај со скара или со протест
Post Views: 156 Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Но, први Mај е и денот кога традиционално се оди на пикник и на скара. Граѓаните со свое мислење дали на ваков начин треба да се одбележи овој ден или пак треба да се излезе на протест.Охриѓани велат дека од година во година спласнува еуфоријата меѓу народот за одбележување на pрви Mај. Луѓето се помалку сакаат да зборуваат за неговото значење. Годинава во најголем...
Охрид ќе ја добие најубавата и најсовремена автобуска станица
Post Views: 181 Охрид ќе ја добие најубавата и најсовремена автобуска станица во државава и регионов. Ова го потенцира Аднан Исмаил од транспортната компанија и туристичка агенција „Делфина Турс“ од Скопје при денешното потпишување на договорот со локалната за изградба на современа автобуска станица во Охрид.Моментално работиме на потребната проектна документација и добивање дозволи за почеток на градба со надеж дека тоа ќе го реализираме во најкус можен рок за да отпочнеме со самата градба. Ќе ја искористме и ќе ја оправдаме дадената довербата на граѓаните и ќе работиме на афирмација...
Понудата на работа и побарувачката на едно место
Post Views: 177 Дипломираните и активни студенти на ФТУ и работодавачите на едно место. Компаниите од областа на туризмот, агенциското работење, услужните дејности и шпедицијата денес имаа можност да се сретнат и да поразговараат околу нивните потреби и желбите на оние кои бараат работа. Факултетот за туризам и угостителство организира „ Денови на кариера“ со цел да се надмине недостатокот од комуникација помеѓу понудата на работа и побарувачката.Во Охрид доминира сезонскиот карактер на ангажирање, а нашите студенти секако дека можат да влезат во таа празнина. Имавме многу понуди,...
Пристигна првата група холандски туристи
Post Views: 160 Пристигна првата група холандски туристи кои својот одмор ќе го поминат на охридското крајбрежје. На аеродромот „Свети Апостол Павле“ претпладнево сто и осумдесеттината гости беа пречекани на традиционален македонски начин, со сол и погача. Меѓу холандските туристи кои пристигнаа со првиот чартер-лет имаше такви кои за прв пат доаѓаат во Охрид, но и од оние кои овде веќе се чуствуваат како дома.Првпат сум во Македонија. Со мојата сопруга се венчавме минатата седмица и решивме медениот месец да го поминеме во Охрид. За езерото и убавините на градот прочитавме преку...
Охрид се побогат со културни настани
Post Views: 194 Охрид се побогат со културни настани. Заедничката соработка помеѓу Националната установа, Фестивалот „Охридско лето“ и охридскиот Народен театар, вроди со плод. Охриѓани се почесто можат да видат престави кои се играат надвор од границите на државава. Денес во охридскиот Народен театар гостува монодрамата „ Зоран Радмиловиќ“ од сцена „ Маска“ –Шабац, Србија. Охридско лето на овој начин ја потврдува својата стратегиска определба да ги промовира културните вредности не само во деновите додека трае фестивалот туку и во текот на целата година, вели Елизабете Јанкулоска...
Закочија работите околу отварањето на паралелката на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани
Post Views: 335 Закочија работите околу отварањето на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани која требаше да профункционира уште зимава. Парите кои беа добиени од УНИЦЕФ за оваа намена не се доволни, објаснува директорката на градинката, Роза Костеска. Објаснува дека поголемиот дел од нив биле инвестирани за отварање на паралелката во населбата Радојца Ниовичиќ. Но и Пештани ќе ја добие ветената паралелка, вели директорката.Преку ТЛЕР аплициравме до бугарскиот конзулат. Доставен е проектот и целокупната документација. Се надеваме дека набрзо ќе ни одговорат...
Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид
Post Views: 168 Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид. Акцентот на денешниот хепенинг кој се одржа на градскио плоштад Св. Климент Охридски се стави на подигње на еколошката свест кај граѓаните, пред се за заштита и зачувување на водите на Охридското Езеро. Охриѓанецот Славчо Христов кој работи како професор во Националниот институт за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје нагласи дека охридскиот регион изобилува со исклучителни природни вредности. Тој потсети дека во 1979 година Охридското Езеро е прогласено за светско природно наследство на УНЕСКО...
Зошто доцнат градежните работи во градов
Post Views: 180 Која е причината што се пробиваат дадените рокови за изведување на градежните работи во Општина Охрид. Во месец август минатата година кога Градоначалникот Никола Бакрачески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го посетија Лескоец за да видат со која динамика се одвиваат зафатите за поставување фекална канализација, ветија дека работите ќе завршат до крајот на овој месец, но на терен сликата е сосема поинаква. Веќе месеци наназад ништо не се работи.Во прашање се нерешени имотно правни односи. Денес од наша страна е изработена предмет пресметка која е...