Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

При пообилни врнежи од дожд сеуште некои улици во градов се поплавуваат

Post Views: 7 Граѓаните од одредени улици во градов се жалат дека при пообилни врнежи од дожд редовно се поплавуваат. Улиците пливаат во вода, а не ретко таа навлегува и во нивните подруми. Такви критични точки има на улицата „Никола Карев“ на „Сирма војвода“, кај Тинекс маркет, во населба Даљан и на улицата „Цар Самоил“. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека го имаат лоцирано проблемот и дека работат на негово решавање. Уште со завршување на летната сезона започнале со чистење на шахтите и сливниците во градов.  Одржувањето на мрежата и цевководите е обврска на ЈП „Нискоградба“, но...

Продолжи со читање

Се поставуваат цефководи и сливници на улицата „Цар Самоил“

Post Views: 8   Улицата „Цар Самоил“ затворена за сообраќај. Веќе неколку дена на неа се вршат интензивни работи од страна на ЈП „Нискоградба“. Се поставуваат цефководи и сливници за опфаќање и одведување на атмосферските води како и собирна решетка и цевки со дијаметар 300 мм преку кои дождовницата ќе се пренесува до Охридското езеро.Изградбата на атмосферска канализација на улица Самоилова е долгогодишен проблем на жителите на оваа улица, а општина Охрид го реализира преку програмата за изведба на нови атмосферски канализации на територијата на Општина Охрид во рамките на...

Продолжи со читање

Започнаа градежните работи за изградба на современата автобуска станица

Post Views: 9 Започнаа градежни работи на местото каде треба да се изгради како што беше најавено најсовремената автобуска станица во Македонија. Автобуската требаше да почне да се гради уште пролетта но инвеститорот немаше добиено одобрение за градба. Грдаоначалникот Никола Бакрачески обелодени дека одобрението е веќе издадено и дека може да се работи на терен.Деновиве е издадено правосилно одобрение за градба на автобуски терминал со компатибилни класи на намени. Со издавањето на овој документ се исполнуваат сите потребни услови за отпочнување со изградба. Согласно одредбите...

Продолжи со читање

Сандански и Банско најпосетени од охриѓани оваа есен

Post Views: 5 Се повеќе станува навика кај охриѓани своите годишни одмори да ги користат во есенскиот период. Од туристичките агенции велат дека покрај тоа што тие бараат дестинации каде можат да се сончаат и капат, сакаат да посетат и такви места каде едноставно ќе уживаат во природните убавини и ќе се одмараат после напорното лето. Во овој период од годината најпосетувани дестинации се Сандански и Банско, вели Јаким Маленко, од туристичката агенција ВисПој. За овие две дестинации има промотивни пакети по многу поволни цени за полупансион или за цел пансион и затоа граѓаните...

Продолжи со читање

Објавени листите за предвремените парламентарни избори

Post Views: 11 На полноќ заврши рокот за доставување на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември. Политичките партии и коалиции ги објавија носителите и листите за шесте изборни единици. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги објави пратеничките листи доцна ноќта во петокот и ги предаде во ДИК, со што сите учесници на изборите ја исполнија обврската во предвидениот рок. Претседателите на владејачката и на опозицската албанска партија, односно Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА ќе се соочат во шестата изборна единица, додека пак на најголемата...

Продолжи со читање

Охридските ракометари пред нов предизвик

Post Views: 3 Охридските ракометари интензивно се подготвуваат за натпреварот со екипата на Радовиш кој треба да се одигра во недела. Тие атакуваат на победа за која како што велат ќе треба максимално да се потрудат бидејќи ќе играат со една искусна и силна екипа. Во оваа наша лига сите екипи се рамноправни и сите се борат за плеј оф така и екипата на Радовиш која има доста искусни играчи па не смееме да дозволиме никаков кикс бидејќи тие знаат тоа да го искористат. Ние максимално треба да играме од првата минута за да победиме, вели ракометарот Бобан Блажески.Атмосферата во...

Продолжи со читање

Охрид по декември ќе ја добие грижата која ја заслужува, порача од Охрид Шекеринска

Post Views: 10 Радмила Шекеринска, носителот на кандидатската листа на СДСМ во 5-та изборна единица, денес меѓу охриѓани. Таа порача дека Охрид е македонскиот туристички центар и по декември ќе ја добие грижата која ја заслужува. Кажа дека веќе е направена стратегија за развој на активниот туризам, во која, акцент ќе се стави на зачувувањето на културното богатство и враќањето на сјајот на балканскиот бисер. Преземаме обврска во нашиот план  за живот во Македонија во Охрид да ги заштитиме сите негови богатства, споменици кои се од значење за целата земја. Со страв и...

Продолжи со читање

Лицата со оштетен вид многу тешко се снаоѓаат во институциите во градов

Post Views: 8 Лицата со оштетен вид или оние кои целосно го изгубиле видот многу тешко се снаоѓаат во институциите во градов како и во здравствените установи. Доколку со нив немаат некое лице да ги придружува тие не можат да ја завршат својата работа. Во решавањето на овие нивни секојдневни проблеми им излегува во пресрет Здружението на слепи лица од Охрид. На младите лица најмногу им помага околу образованието и вработувањето, а на повозрасните им помага околу ориентација во просторот, да ја научат брајовата азбука,  околу остварување на некои бенефиции, да набават некои...

Продолжи со читање