Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 9 Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, голем број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад, а собирот беше збогатен со музичка програма.Николина Велјаноска од црковниот одбор на Св. Димитрија вели дека убаво е на овој ден кога ќе се види насобраниот народ кој го чествува Митровден.Ова е...
Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава засади бели рози
Post Views: 12 Паркот наспроти хотел Гарден вчера беше разубавен со 25 нови садници на бели рози. Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. „Со оваа наша активност сакаме да дадеме свој мал еколошки придонес, а истовремено и да ја разубавиме глетката на паркот низ кој секојдневно минуваат голем број љубители на природата“ – изјавија од Лајонс Клубот „Деница“, заблагодарувајќи се и на стручната помош од страна на вработените во ЈП „Комуналец“ –Охрид. Дениците сакаат на Охрид покрај епитетот „бисер на Балканот“ да...
Започна вакцинирањето против сезонски грип
Post Views: 9 Започна вакцинирањето против сезонски грип. Редица од граѓани чекаа пред амбулантата на епидемиологија да се вакцинираат. Најголемиот дел од нив беа повозрасни лица кои кажуваа дека редовно се вакцинираат секоја сезона. Имаше и такви кои за прв пат годинава ќе примат вакцина против сезонски грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека вакцините кои се примаат штитат од 3 типа на вируси на грип. Според СЗО овие видови ќе бидат најзастапени во оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител. Најчесто, се вакцинираат повозрасните лица, но и...
Конгресниот туризам во Охрид зема се поголем замав
Post Views: 9 Конгресниот туризам во Охрид зема се поголем замав. Хотелските капацитети во градов во есенскиот и пролетниот период се полнат од овој вид туризам. Охрид со своите убавини е примамлив за гостите токму тука да ги одржат своите конгреси, но во слободното време и да уживаат во тоа што им се нуди. Хотелот Метропол има долга традиција за организирање конференции, семинари и конгреси. Од почетокот на септември до сега се организирани 18 големи конференции и триесетина семинари. За таа цел имаат адаптирано неколку конгресни сали кои ги нудат сите услови за одржување на...
Целосно се ревитализира манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“
Post Views: 11 Целосно се ревитализира манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“. По седумгодишна активна работа на конзервација и ревитализација заврши проектот со кој му се врати сјајот на овоај значаен средновековен споменик и еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во светски рамки. Станува збор за исклучително важен проект спроведен со грант на Фондот за културна заштита на Амбасадата на САД.Kонзерваторските зафати се изведени со највисоки конзерваторски стандарди и со примена на најсовремени техники и материјали. Поставен е нов покрив,...
Се уништуваат хоризонтлните сопирачи на брзина во градов
Post Views: 5 Хоризонталните сопирачи на брзина во градов се оштетени. Од секторот за комунални дејности нив ги постави во корелација со СВР Охрид со цел да се зголеми безбедноста на пешаците. Посебно се оштетени оние кои се наоѓаат на Булеварот Туристичка и пред основните училишта во градов. Од Локалната тврдат дека хоризонталните забавувачи на брзина се во ваква состојба поради несовесното однесување на возачите. Во моментов тече акцијата за санација и репарација на хоризонталните забавувачи на брзина. Тоа го прави Секторот за комунални дејности заедно со јавните...
5000 евра за правните лица, а 1000евра за физичките кои не го исчистиле оџакот
Post Views: 16 Високи казни за сопствениците на објекти кои навреме не си ги исчистиле оџаците, а кои се греат на дрва или друг огревен материјал. Правните лица ќе плаќаат и по 5000 евра, а 1000 евра ќе плаќаат физичките лица. Тоа е предвидено со измените во Правилникот за одржување во исправна состојба на оџаците. Но во Охрид има еден проблем. Граѓаните реагираат дека оџаците мора да се чисти, а во градов немаме оџачарска служба или овластен оџачар кој ќе го направи тоа.Не е во ред бидејќи немаме оџачарска фирма, всушност казните се многу високи а чистењето на оџакот е од 500...
Адам и Лилит ќе запливаат во Охридското езеро.
Post Views: 9 Во Охридското Езеро ќе запливаат два црни лебеди. Членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“ преку својот почесен член од Белград, Србољуб Алексиќ, директор на Зоолошката градина „Бео Зоо Врт“, издејствуваа донација од зоолошката на два црни лебеди. Тие се донесени од Белград и се ставени во карантин. Денес женката која побрзо се адаптира на овдешните услови треба да биде пуштена во водите на езерото, а по некое време тоа ќе се направи и со мажјакот. Двата црни лебеди ги добија имињата Адам и Лилит. Овааа иницијатива е со цел Охридското езеро да стане уште...