Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охридската СДСМ реагира на одлуката за ЈПП за одржувањето на осветлувањето

Post Views: 152 Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство тема на денешната пресс конференција на општинската СДСМ. Со ваквата одлука општината се откажа од приход во висина од 5милиони евра кој ќе влезеше во буџетот на општината во наредните години, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапија на приватна компанија од Чешка, додаде тој.Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во...

Продолжи со читање

Дали нешто се готви во Центарот за култура

Post Views: 197 Горан Стојаноски, нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Тој би бил наследникот на актуелната директорка Драгана Боцевска која моментално е на породилно боледување. Се почесто се вртат вакви разговори во охридската јавност па со цел да ја разрешиме дилемата го запрашавме Стојаноски дали навистина има инспирации за ова директорско место.Не сум размислувал за тоа. Јас сакам да сум директор на охридскиот театар, вели Горан Стојаноски- раководителот на охридскиот театар. Ваквите гласини ги демантираше и Боцеска. Таа вели дека до средината на април е на породилно...

Продолжи со читање

Во охридската болница нема алерголог

Post Views: 285 Алерголошката амбуланта при општата болница во Охрид веќе неколку месеци не работи. Откако алергологот Љубица Андоновска си замина во пензија оваа амбуланта која воедно беше и регионален центар бидејќи тука се лекува пациенти од околните градови, се затвори. Пациентите кои имаат проблем со алергиите загрижени. Прашуваат каде да се јават кога ќе имаат потреба од лекови и преглед. Директорот на болницата Др. Љубен Арнаудов признава дека имаат проблем со недостиг на стручен кадар, но смирува дека се прават сите напори проблемот да се реши. Моментално пациентите се лекуваат...

Продолжи со читање

Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“

Post Views: 180 Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“. Со два милиони евра, средства од Светска банка ќе се обновува оваа многу значајна сообраќајница во градов. Ова е почеток на реализацијата на долго најавуваните проекти со средства од Светска банка, а потпомогмнати од Владата на РМ и Министерството за финансии, рече градоначалникот Никола Бакрачески.Во наредниот период покрај реконструкција на Питу Гули  ќе бидат реализирани уште два кружни тека  и тоа на пресекот на булевар Туристичка и улицата Македонски просветители и на Туристичка со улица Бистрица, а ќе се реконструираат...

Продолжи со читање

Зошто се сечат дрвата на „Мазија“

Post Views: 169 Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација, се поткаструваат дрвата, а се исечени и некои стари стебла. Граѓаните прашуваат зошто се превземаат вакви активности. Загрижено велат дека сигурно нешто ќе се гради. Некои зад камера коментираат дека тука ќе биде лоциран Центарот на вода кој уште пред неколку години требаше да се гради во непосредна близина на мостот кај каналот. Од Локалната смируваат.Знете дека се што се прави во градов е според претходно донесена програма и урбанистичко решение кое е изгласано на совет....

Продолжи со читање

Дното на Охридското езеро вистинска депонија

Post Views: 189 Дното на Охридското езеро вистинска депонија. Местата каде што се влеваат реките Грашница, Сатеска и Даљан има многу наноси и цврст отпад, вели меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски. Ова е забележано при акцијата за пренуркување на дното на езерото која започна пред еден месец.Во понатамошните активности за пренуркување на езерото покрај тоа што имаме планирано да направиме документарна емисија и изложба на подводни фотографии ќе превземиме и конкретни мерки за чистење на дното на езерото, вели Секуловски.Тоа ќе биде доста сложена и скапа активност,...

Продолжи со читање

Акција за сузбивање на пиратеријата и фалсификуваната роба во градов

Post Views: 181 Акција за сузбивање на пиратеријата и фалсификуваната роба во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија денес контролираше повеќе правни субјекти во Охрид и Струга. Се проверувале евентуални повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Кабелскиот оператор „Пела“ од Струга заработи глоба и му беја одземени два ресивери, а во Охрид контролиран е градскиот пазар, неколку фото студија и едно интернет кафе. На пазарот затекната е фалсификувана роба. Има пиратерија и присутна е...

Продолжи со читање

Личен став или став на институција

Post Views: 403 Има или нема Студенчишко блато. Никако да се разреши оваа дилема. Ниту на седницата која се одржа во петокот на која една од точките на дневен ред беше урбанизацијата на Студенчишкото блато не се доби одговор на ова прашање. Опозиционерите кои побараа да се стави ваква точка на дневен ред очекуваа стручно лице од Хидробиолошкиот институт да ја разреши оваа дилема. Ни треба екипа да појдеме сите заедно да видиме што е останато  а што нема од некогашното блато. Да испитаме кој жив свет го има во моментов таму. Дали природните врски со езерото се скинати или сеуште постојат....

Продолжи со читање

Советниците потонаа во Студенчишкото блато

Post Views: 167 Урбанизацијата на локалитетот Студенчишко блато жежок костен на денешната седница на совет. Градските избраници од опозиционите редови побараа конечно да се каже и тоа не од лаици, туку од експерти дали и колку има остаток од некогашното Студенчишко блато и до каде се неговите граници. Паушалниот одговор на ова прашање даден од Др. Ленче Локоска, преставничката на Хидробиолошки завод дека можеби има , а можеби и нема блато, кај опозиционерите предизвика револт и во најмала рака го оценија како несериозен.Блато има тоа го покажа и студијата направена во 2011год. И тоа...

Продолжи со читање

И ова лето ќе се оди за Поградец со брод

Post Views: 165   Водената линија Охрид-Поградец ќе функционира и ова лето. Од охридската капетанија велат дека по се изгледа редовно ќе се воспостави од први јуни, но најавуваат дека уште во мај ќе се организираат неколку тури бидејќи кај сопствениците на бродовите има интерес за тоа. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски објаснува дека интензивно работата на поедноставување на процедурите за спроведување на овие екскурзии.Се подготвуваме да елаборираме на таа тема и да ги упростиме граничните процедури  односно пријавувањето на  списоците со патници да биде наместо...

Продолжи со читање

Каде ќе се дислоцира градскиот пазар

Post Views: 150 Се бара идејно решение за изградба на затворениот градски пазар. Во тек е конкурсот на ГП „Илинден“ за изнаоѓање најдобар проект според кој ќе се гради совремемниот зелен пазар. Од Локалната велат дека конкурсот треба да заврши до месец мај после што веднаш ќе се започне со реализација на проектот. Според нивните најоптимистички предвидувања камен темелникот за новиот пазар ќе се стави уште во текот на ова лето. Но во Локалната она што сеуште не го знаат е локацијата на која ќе биде привремено сместен сегашниот пазар. Во јавност се спомнуваат две локации. Едната е...

Продолжи со читање

Колку должи Студентскиот дом „Никола Карев“

Post Views: 158 Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид има долг од 34 000 евра. Според податоците од Државниот завод за ревизија студентските домови во државава се во големи долгови. Во споредба со останатите сепак состојбата во охридскиот дом е најрозова. Тој е најдолу на листата на сите домови според заостанатиот долг што го има. Директорот Марјан Ристески вели дека сликата која е дадена во извештајот на Државниот завод за ревизија не е реална и објаснува за што станува збор.Не се работи за долг кој го има државниот студенски дом туку се работи за неподмирени трошоци кои се во...

Продолжи со читање