Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Котларата во училиштето Браќа Миладиновци во Стругa претставува потенцијална опасност

Post Views: 3 На училиштето  „Браќа Миладиновци“ од Струга му се заканува опасност. Котларата која се наоѓа во оваа образовна институција е стара повеќе од четириесет години, па речиси и да не функционира. Таа е дотраена, руинирана и небезбедна, раскажува директорот на ова училиште, Шкелким Алиу. Состојбата во котларата внатре е многу страшна и може од една искра да дојде до голем пожар и да дојде до голема катастрофа. Во моментов имаме три тони нафта во резервоарите и страшно е ако избувни пожар може  да настрада и училиштето и децата, вели  Алиу.Училиштето бара и очекува...

Продолжи со читање

ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции од денес достапна до корисниците

Post Views: 5 За туристичките атракции на Охрид и на останатите општини од Југозападниот регион од денес сите корисници на андроид уреди ќе можат да се информираат преку ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции – „Southwest Macedonia Attractions“ која  е достапна на „Play store“. Апликацијата претставува водич за туристите низ регионот, но и корисна алатка која треба да придонесе за поголема промоција на туризмот, велат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Овој продукт е една алатка која ќе им послужи на туристичките водичи и работници...

Продолжи со читање

Училиштето „Ванчо Питошески“ денес го прослави својот патронен празник.

Post Views: 9 Средното општинско стручно училиште „Ванчо Питошески“ денес го одбележа својот патронен празник. Директорката Весела Темјаноска во своето обраќање пред колегите и гостите кои пристигнаа на свечениот коктел рече дека чествувањето на патронот е потсетување на дел од нашето минато. Големите борци и херои како што е Ванчо Питошески треба да се споменуваат, да се чествуваат и да бидат наши водилки низ животот, додадае таа.  Со одбележувањето на нашиот патронен празник го одбележуваме и постојаниот растеж на ова училиште, подвлече директорката. Гордост и чест е да се...

Продолжи со читање

Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права

Post Views: 10 Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права. Денес охриѓани имаа можност да се запознаат како да си помогнат доколку се најдат во ваква ситуација. Тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права заедно со лица вработени во Македонското здружение на млади правници, граѓаните кои беа на градскиот плоштад ги информираа за  активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Отворена е и бесплатна...

Продолжи со читање

Охрид е домаќин на спортските игри на телесните инвалиди од Македонија

Post Views: 5   Охрид е домаќин на спортските игри на телесните инвалиди од Македонија. Овие игри се одржуваат по четврти пат, а нашиот град по прв пат е нивни домаќин. Трудови инвалиди од повеќе градови од државава се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини, како што се трчање на 100 метри, шах, домино, пикадо, фрлање ѓуле. Ваквите средби за овие лица значат можност да излезат од своето секојдневие и да поминат убави моменти заедно со останатите луѓе кои својот инвалидитет најчесто го добиле на работното место.Овие спортски игри значат многу за нас бидејќи се дружиме,...

Продолжи со читање

Во градов имаме ново зелено пазарче

Post Views: 7 На просторот во близина на кружниот тек кај охридската болница, никна мини пазарче. Десеттина продавачи секој ден тука ги нудат своите производи. Има од се по нешто, пиперки, патлиџани, грозје, тиква, костени, ореви и друг сезонски зеленчук и  овошје. Продавачите велат дека ова место го избрале за да ги продаваат своите производи поради тоа што е многу фреквентно и има доста купувачи, а и им е поблиску до нивните домови.И оние кои купуваат зеленчук и овошје на ова импровизирано зелено пазарче се задоволни од понудата и цените по кои тоа се продава.Од пред една...

Продолжи со читање

Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо

Post Views: 6   Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо. Освен знакот дека тука има автобуска постојка ништо друго не асоцира на тоа. Нема ниту стојалиште,ниту  покрив, ниту пак клупа. Локалната самоуправа  неодамна на пет локации во градов постави нови автобуски постојки. Сите пет локации се на бул „Туристичка“. Две од нив се кај маркетот „Тамаро“ во непосредна близина на ул. „Абас Емин“, една кај зградата на Печијаре, стојалиште има помеѓу Охридската гимназија и ОУ „Григор Прличев“ и една веднаш после...

Продолжи со читање

Хаотична 61ва седница на градскиот совет

Post Views: 6 Надмудрувања, исмејување, убедување, гласање и прегласување беше одликата на 61вата седница на градскиот совет. Предлог Одлуката за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – катна гаража го вжешти микрофонот на говорницата, но и главите на советниците. Додека од опозицијата се обидуваа да докажат дека катна гаража на градов му е потребна, но дека таа не треба да биде лоцирана на паркингот кај Ривиера за кој простор денес се дискутираше, од...

Продолжи со читање