Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Отворени денови и во Охрид

Post Views: 167 Охриѓани денес имаа можност да се информираат за активните мерки за вработување. Во подрачната единица на Агенцијата за вработување се одржа отворена средба помеѓу граѓаните и  директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Таа е дел од отворените денови кои ги спроведува Агенцијата со цел да се утврди дали се применува оперативниот план за активни мерки и програми за вработување согласно насоките коишто ги дава. Директорот на Агенцијата рече дека сака да ги сослуша невработените лица, со какви проблеми се соочуваат при имплементацијата на мерките. Присутните...

Продолжи со читање

Белвицата десеткратно повеќе се лови поради зголемените риболовни основи

Post Views: 173   Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Тоа е резултат на тоталниот мораториум  кој се воведе од 2012та година кога повторно езерото се даде под концесија, тврдат од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Последните резултати од вештачкиот мрест на пастрмката се охрабрувачки бидејќи за пократок период собрани се поголем број зрна икра. Каква е состојбата со белвицата не може да се увиди на овој начин бидејќи за оваа специфична и автохтона риба не се врши вештачки мрест. Нејзината градба не го дозволува тоа. Контрола се врши преку експериментален риболов во...

Продолжи со читање

Охридскиот Црвен крст го одбележа 17ти март, денот на крводарителството во Македонија

Post Views: 168 Петре Трајчески од Охрид 100 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Со тоа тој спасил многу човечки животи или им помогнал на луѓето во моментите кога им било најтешко.Уште како мал почнав да дарувам крв и во секое време кога можев одев и тоа го правев. Посакувам и другите кои можат да даруваат крв , вели Трајчески.Трајчески вели дека ќе продолжи да дарува крв се додека може да помага и да ја дарува драгоцената течност што живот значи. За ова негово хумано дело денес на пригодна свеченост која се одржа во охридскиот Црвен крст на која беше одбележан 17 март, Денот...

Продолжи со читање

„Комуналец“ бара извинување, „Анималија“ не гледа причина за тоа

Post Views: 154 Невладините организации обвинуват дека деградацијата на  Студенчишкото блато продолжува. Oд Здружението за заштита на животните „Анималија“ тврдат дека, и покрај реакциите на јавноста, таму сеуште се одлага отпад, и тоа од страна на ЈП Комуналец. Вчера тоа и го изјавија на јавната расправа која се одржа во општинската зграда а се однесуваше на донесувањето на ГУПОТ за УЗ 17.1 во која спаѓа и Студенчишкото блато. Во телефонски разговор директорката на ЈП Комуналец, Елена Скрческа за ТВМ кажа дека за ваквата изјава од преставникот од „Анималија“ ќе бара јавно извинување...

Продолжи со читање

Студенчишкото блато и неговата судбина повторно ги разбрануваа страстите

Post Views: 178   Oтстатокот од Студенчишко блато да се ревитализира и заштити. За таа цел да се утврдат точните граници и просторот на кој се протега од страна на стручни лица. Останатата површина од урбаната заедница 17.1, во која спаѓа и блатото да се планира со Детален урбанистички план, кој треба да биде донесен во иднина. Ова беше еден од заклучоцоте на јавната стручна расправа за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за периодот 2014-2024 за повеќе делови од општината каде спаѓа и Студенчишкото блато. Ова воедно бил и заклучок на Владата донесен врз...

Продолжи со читање

Државната матура, математички проблем за средношколците

Post Views: 201 Одлуката на МОН за воведувањето на математиката како задолжителен предмет за полагање на државна матура, ги вознемири средношколците во државава. За нив оваа одлука е непотребна и избрзана. Покрај математиката, матурантите ќе полагаат и англиски и мајчин јазик, како и еден интерен. Тестовите ќе бидат поделени во два дела, во писмена и во електронска форма. Дел од средношколците веќе три дена протестираат барајќи одлуката да се повлече. Што мислат средношколците од Гимназијата Св. Климент Охридски за овие новини во образованието. -Па не би требало математика да биде...

Продолжи со читање

Охридскиот народен театар работи со полна пареа

Post Views: 182 Охридскиот народен театар работи со полна пареа. До Велигден треба да се заврши проектот на Ирена Стериоска, Вечера со глупаци и да се стави на репертоар за да може да го види широката охридска публика. 27 март, светскиот ден ана театарот ќе биде одбележан со целодневна програма која ќе започне од утринските часови и ќе трае до полноќ.Во таа програма ќе бидат вклучени сите. Најпрво ќе настапи детското младинско студио кое се формира на први март, после што ќе има детски престави, а вечерта ќе има престава наменета за повозрасните. После тоа ќе се чита светската и националната...

Продолжи со читање

Здравствениот дом во Охрид доби нов ВД директор

Post Views: 189 Доктор Катерина Арсенова Димитрова е новиот ВД директор на Здравствен дом. Така одлучи Министерството за здравство. Др Димитрова од вчера ја извршува оваа функција на која дојде од раководното место  во  Диспанзерот за здраво дете. Доктор Димитрова е специјалист педијатар со 33 годишно работно искуство.  Таа ќе ја извршува оваа функција се додека ресорното министерство не распише оглас за назначување на нов директор. Инаку, Здравствениот дом остана три недели без директор по финансискиот скандал тежок 7,5 милиони денари кој го откри финансиската полиција.  Од прво...

Продолжи со читање

Нов начин на промоција, подобра туристичка сезона

Post Views: 163 Хотелиерите во градов најавуваат добра туристичка сезона. Велат дека ова лето треба да биде поуспешно од предходното по бројот на остварени ноќевања во туристичките капацитети како од странски така и од домашни гости. Но, тие додаваат дека Охрид сеуште е далеку од достигнување на оние бројки кои се за паметење. Сугерираат локалната и државата сериозно да поработат на промоцијата не само на градов туку и на целиот регион. Според нив преставувањето на саеми со закупување на штандови е само непотребен трошок кој ретко кога вродил со  плод. Речиси никој не склучил договор...

Продолжи со читање

Нова туристичка понуда во градов

Post Views: 170 Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за  риболов со кајак по Јадранскиот слив. Оваа авантура ќе започне од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Првата пробна тура ќе се организира кон крајот на април а во месец мај планирано е да се направи промотивна тура. Оваа идеја на спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Радован Димитриески-претседателот на ова риболовно друштво вели дека во проектот ќе влезат четири...

Продолжи со читање

Осмомартовскиот викенд ги наполни капацитетите во градов

Post Views: 164 Хрватки, србинки и црногорки во Охрид за 8ми март. Речиси во сите хотелски капацитети во градов има групи со припаднички на понежниот пол кој овој празник решиле да го прослават токму овде.  Традицијата на организирана прослава за Денот на жената, не се напушта, напротоив, се засилува, велат хотелиерите. Посебно се посетени хотелите во централното градско подрачје кои нудат дводневни, но и тридневни аранжмани за престојниот празник.Нашиот капацитет е исполнет. Имаме гостинки од Србија кои ќе пристигнат на 7ми а ќе останат до 9ти март. Им нудиме добра забава и гастрономски...

Продолжи со читање

Охридските мозочиња едни од најдобрите во Македонија

Post Views: 160 Охриѓани најдобри на третиот по ред Државен натпревар што се одржа викендов во Скопје. Децата на возраст од 4 до 14 години кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во општинскиот Црвен крст покажаа одличен успех. Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2009та година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма. Овој тим на интернационални тренери  и овие деца од Охрид, Ресен и Струга го преставуваа нашиот центар и...

Продолжи со читање