Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 5 Граѓанските организации кои спроведуваат активности за превенција и рано откривање на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик во Република Македонија бараат од пратениците, Владата, Министерството за финансии и Министерството за здравство да го коригираат скратениот буџет за заштита на населението од ХИВ. За реализација на националната програма за ХИВ за 2017 година неопходни се најмалку 65 милиони денари од буџетот на Република Македонија, а предвидени се само 27 милиони денари. Од невладините организации велат дека овој износ не е доволен да ги покрие...
Како ни се хранат децата додека се на училиште
Post Views: 9 Пециво со сирње и спанаќ и јогурт имаа денес децата на мени во училишната менза на ОУ „Христо Узунов“. Ова е едно од ретките основни училишта во градов каде има училишна менза и каде исхраната на учениците е организирана. Пред десетина години во училиштето имало кујна во која се подготвувал и топол оброк, но од пред три години кујната се дава под концесија. Како најдобар понудувач се јавува познатата охридска фирма „Жито леб“ која ги исполнила сите услови одредени од училиштето, а понудила и најдобра цена. Според договорот храната која им се дава на учениците...
Колку охриѓани го почитуваат Законот за јавна чистота
Post Views: 7 Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните ќе заработат казна за тоа. Каква е состојбата во нашата Општина околу пишувањето казни по овој основ? Во овај период кога граѓаните се подготвуваат за зимскиот период немаме пријави бидејќи не е забележано дека е нарушен законот за јавна чистота во тој дел. Веруваме дека граѓаните ја имаат свеста подигнато на тоа ниво да не го...
Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник
Post Views: 7 Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник. Таа изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет и изрази задоволство од динамиката и квалитетот со кои тие се спроведуваат. Милевска нагласи дека посебно е важен начинот на кој се спроведуваат истите и грижата што се води во насока на заштита на откриеното богато културно-историско наследство. Локалитетот Плаошник зафаќа простор од 31 илјада метри квадратни од кои, како што рече министерката...
„За посреќно детство“ повторно меѓу охриѓани
Post Views: 1 „За посреќно детство“ повторно меѓу охриѓани. Оваа традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција започнува утре во 11 часот со старт на трката од плоштадот кај Чинарот. Целта на трката ќе биде на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде ќе се одржат спортски, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Акцијата е во организација на Црвен крст Охрид, а во соработка со Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт, и традиционалниот партнер на акцијата, Стоматолошки Центар...
Бездомните кучиња кои гравитираа во централното градско подрачје од завчера ги нема
Post Views: 5 Бездомните кучиња кои гравитираа во централното градско подрачје од завчера ги нема. Од здружението за заштита на животните „Анималија“ имаат индиции дека некој ги има собрано и ги има однесено на друга локација. Се сомневаат дека кучињата се однесени на депонијата Буково. Климент Арнаудов волонтер во здружението Анималија потенцира дека оваа постапка е нехумана и противзаконска. И некои од граѓаните ни посведочија дека е извршена хајка на бездомните кучиња имаме и доказен материјал од слики. Се надевам дека некој од граѓаните и ќе посведочат за ваквиот немил...
Во градов има зголемена појава на глодари, се жалат граѓаните
Post Views: 7 Граѓаните од стариот дел на градот се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред еден месец на тоа реагираа и граѓаните од населбата Бараки „Гоце Делчев“ и од улицата „Дејан Војвода“. Од Центарот за јавно здравје тогаш информираа дека на почетокот на септември ќе се изврши дератизација со кој требаше да бидат опфатени 3000 шахри во охридскиот регион, но досега ваков зафат не е направен.Заради неповолните временски услови не можевме да ја спроведеме дератизацијата на почеток на септември како што беше планирано така да ќе се спроведе во среда, четврток и...
Доаѓа време на нова енергија во економската политика во Македонија, тврдат од СДСМ
Post Views: 5 Претседателот на комисијата за економија, Драган Тевдовски денес во посета на Охрид. Тој рече дека со неговиот тим разговарале со сопствениците на мали бизниси и со граѓаните во врска со економската состојба во државава и во градов и речиси сите кажале дека многу тешко врзуваат крај со крај. За да порасне животниот стандард на мнозинството граѓани кои секојдневно работат и живеат од своите плати, а не од приходи од капитал потребно е да растат платите во Македонија, рече Тевдовски. Тие имаат пакет мерки со кои ќе ја подобрат економијата во државава.Освен што...