Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 182 Охридската чаршија полека, ама сигурно изумира. Од почетокот на новата година па до сега затворени се десетина дуќани. Високите кирии и неможноста да издржат на пазарот, ги натера голем број охриѓани да завршат со своите бизниси. Тие кажуваат дека доколу сте отвориле бизнис во самата чаршија тогаш ќе мора да издвоите 600 или 700 евра месечно ако дуќанот е на самиот почеток на чаршијата, па се до 1000, 1500 па дури и 2000 евра месечна кирија во самото срце на чаршијата. А ако ви бараат за година однапред, ќе треба да искеширате од 7200 па се до 24.000 евра. Во разговорот...
Сеуште официјално не се знае каква туристичка сезона имавме
Post Views: 172 И после пет месеци од завршувањето на летната туристичка сезона од државниот завод за статистика нема комплетни податоци како таа помина. Од ТЛЕР велат дека ќе почекаме уште еден до два месеци за да добиеме бројки од заводот бидејќи истите се обработени заклучно со месец јули. Моментално оценките за тоа какво лето имавме во поглед на гостите кои го посетија Охрид се темелат на податоците од општинскиот инспекторат. Според неговите извештаи во 2014та година биле остварени 436 212 ноќевања што преставува само за 1% намалување во однос на 2013та. Раководителот на ТЛЕР,...
Нема фискална со Џи Пи Ер Ес уред, нема дрва
Post Views: 179 Граѓаните се жалат дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“-охридската подружница на Македонски шуми. Дрва во стовариштето има, но вработените не продаваат бидејќи не можат да ги наплатат. На оние кои се интересирале за купување дрва им било кажувано дека подружницата нема набавено нов фискален апарат со Џи Пи Ер Ес уред. Охриѓани кажуваат дека од подружницата им велеле да си ги нарачаат дрвата, да остават податоци и адреса на живеење а дрвата ќе им ги испорачале кога ќе можат да им ги наплатат. Директорот на подружницата Зоран Најданоски потврдува дека сеуште...
„Лице в лице“
Post Views: 177 Ѓорѓиоски Љупчо веќе една година е колпортер и го продава уличното списание „Лице в лице“. Во него се третираат општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци. Љупчо е лице со делумна интелектуална попреченост кој живее со 1200 ден. социјална помош, а со продажба на списанието колку толку обезбедува за да си купи барем леб. Од секој продаден број кој чини 100 денари, половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина се вложува половина за печатење и за активности кои го подобруваат...
Ќе се подобрува гастрономската понуда во градов
Post Views: 158 Влатко Огненовски, готвач со големо искуство зад себе кој занаетот го печел во Сиена, Прага, Париз, Њу Јорк, Порторико, Барбадос, Мексико, Бермудските острови, Хавана, Лаос, Камбоџа, Тајланд, Косово, Црна Гора, ќе ја осовременува македонската национална кујна. Тој заедно со својот тим ќе креира модерна македонска кујна од поднебјето на Охрид. Тој вели дека доколку сакаме да развиваме туризам во градов мора да ја подобриме гастрономската понуда. Објаснува дека во моментов мениата кои им се нудат на гостите се преобемни, но без никаква креативност во јадењата кои се...
Уште една гранка се скрши од охридскиот чинар
Post Views: 163 Тажна слика на плоштадот „Крушевска република“. Пред наши очи пропаѓа единственотно столетно дрво со кое се гордееше градов и охриѓани, а многу туристи токму тука ги овековечуваа миговите поминати при посетата на Охрид. Охридскиот чинар настрада под налетот на невремето што го зафати градов. Уште една гранка се скрши. Од надлежните сеуште молк. Никој ништо не превзема.Граѓаните разочарани од игнорантскиот однос на надлежните кои воопшто не водат сметка за овој споменик на природата.Твм во повеќе наврати пишуваше за овој проблем барајќи кој е надлежен за решавање на...
Штрајк во охридската Гимназија
Post Views: 161 Половина од професорите од охридската гимназија денес не ги одржаа часовите. Тие ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески објаснува дека наспроти гласините дека штрајкот не е најавен, тој вели дека е легитимен бидејќи тие ја испочитувале законската процедура за негово пријавување со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката во петокот, пред назначувањето на новиот директор Звонко...
Охрид подготвен за „Давид“
Post Views: 173 „Давид“ пристигна во Македонија. Според информациите од УХМР, овој циклон ќе донесе нов бран на врнежи кои се очекува да започнат денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час. Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици....
Има ли опасност од излевање на Слатинското езеро
Post Views: 191 Најавеното невреме со обилни врнежи од дожд, потенцијална опасност за Слатинското езеро. По катастрофалното оштетување на браната кое се случи на почетокот на 2013та година која само делумно беше санирана, при секое поголемо невреме се алармираат службите кои зе надлежни за состојбата со оваа акумулација. Раководителот на охридскиот ЦУК, Митко Темелкоски вели дека во моментов овој воден басен е исполнет до половината така што и да има поголемо количество на вода од најавените врнежи не би требало да дојде до некоја несакана последица.Тоа не преставува директна опасност...
Продолжува уништувањето на детските игралишта во градов
Post Views: 183 Детските игралишта каде што децата минуваат дел од времето во игра, се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, а сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите, бабите и дедовците кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат ваквиот унуштувачки однос.Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните часови под налет на агресивното однесување на децата од 10 години па нагоре. Искинати заштитни мрежи, откорнати лулашки и лизгалки е честа глетка во...
Се одбележа денот на Свети Сава
Post Views: 216 Осма година по ред во Охрид, но и во целата држава се одбележува денот на Свети Сава. Ова е еден од назначајните православни празници во српскиот верски календар. И оваа година свеченоста се одржа во ресторанот „Белведере“, а за организацијата се погрижија членовите на српско-македонското друштво „Коштана“. На традиционалната богата трпеза, покрај различните српски јадења, се наоѓаше и светисавскиот колач, а од младите членови на „Коштана“ беа рецитирани песни за големиот светец. По повод празникот, убава порака испрати претседателот на „Коштана“, Среќко Стојановиќ.Ние...
Кој ќе гради на локацијата кај поранешната Детска болница
Post Views: 184 Компании од Катар, Украина, Азербејџан, Англија пројавиле интерес за изградба на објекти за развој на здравствен туризам на локацијата кај поранешната Детска болница, тврди градоначалникот Никола Бакрачески. Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии по неуспешниот прв оглас заизградба на хотелски капацитети на овој потег, го објави вториот. Првиот оглас кој заврши пред месец и половина не се пријавија кандидати. Поради тоа беше извршена корекција на условите што ги имаше поставено Министерството за финансии. Сега е објавен втор оглас кој е објавен...