Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 7 Утре ќе се одржи 30тото, јубилејно издание на меѓународниот атлетски маратон. Ќе се трча 30 километарската патека од Св. Наум до Охрид во чест на 8ми септември Денот на Републиката. Но, оваа спортска манифестација која е една од најстарите во градов може да згасне поради немање финансиски средства. Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 кој е организатор на настанот уште на 15.08 доставило барање до Општина Охрид за таа да застане зад оваа спортска манифестација и финансиски да ја подржи бидејќи општината е генерален покровител на Маратонот, но од општината...
Пензионерите до крајот на овој месец треба да ги добијат дрвата
Post Views: 9 Дел од пензионерите кои се снабдуваат со огревно дрво преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца стравуваат оваа зима да не останат без дрва. Велат дека минатата година поради недостиг на огревно дрво не им стигнале нарачките па биле принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Од здружението смируваат дека тоа нема да се случи оваа година бидејќи дрва има доволно за сите. Додаваат дека најголемиот дел од пензионерите кои купуваат дрва преку Здружението на пензионери веќе се снабдени. До крајов на месецов треба сите да го добијат огревното дрво, но...
Дали Охридско-струшкиот регион е подложен на феноменот водена бомба
Post Views: 13 Охридско-струшкиот регион според својата географска поставеност не е подложен на појава на феноменот водена бомба. Но за да има поточни податоци околу тоа, треба да се направат детални истражувања во кои ќе бидат опфатени сите фактори кои придонесуваат за да дојде до овој природен феномен кој се случи пред еден месец во околината на Скопје, кога настанаа големите поплави кои завршија со жртви. Стив Мек Нолти, професор од САД и претставник на Американските шумски служби кој веќе триесет години се занимава со научно истражувачка работа во оваа област, вели дека...
Охридските пензионери и понатаму освојуваат медаљи
Post Views: 10 Охридските пензионери најдобри тркачи. Тие на 21виот републички спортски натпревар на пензионери во Македонија одржан на 3ти септември во Радовиш освоија две први места во трчање и едно во екипна конкуренција, женската екипа во стрелаштво, а охриѓанката Снежана Милошеска по втор пат досега е прогласена за најдобар стрелец. Сите овие резултати се постигнати со голем труд и ентузијазам на луѓето од третата доба. Благица Маркулеска која освои прво место во трчање вели дека тоа што е пензионер не ја спречило да се занимава со оваа дисциплина која ја сака уште од...
Охрид нема концертна сала
Post Views: 9 Охрид нема концертна сала. Иако овој проект години наназад беше најавуван како еден од приоритетните, сеуште не е ниту започната негова реализација. Концертната сала му е потребна на градов за да можат да се организираат музички настани од повисок ранг, но пoвеќе од потребна му е и на фестивалот Охридско лето. Тоа го истакна и директорот на овај реномиран фестивал, Оливер Арсовски, кажувајќи дека поради немањето концертна сала во градов повеќе настани од овогодинешното издание на Охридско лето, кои поради лошите временски услови не можеа да се одржат на...
540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи
Post Views: 8 540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Почетокот на новата учебна година за нив е и ново поглавје во нивниот живот. Завршуваат безгрижните детски денови и почнуваат школските обврски, учење и надоградување за еден ден да станат личности кои ќе придонесат за поголем квалитет на живеењето во градов. По повод стартот на новата учебна година, заменик градоначалникот Ангел Јанев го посети основното училиште „Св.Климент Охридски“, каде на учениците им посака успешен почеток и постигнување на што подобри резултати. Започнува една...
Градинката „Билјана“ повторно ставена во функција
Post Views: 13 Од денес дечињата повторно се згрижени во објектот „Билјана“на градинката „Јасна Ристеска“. Овој клон повеќе од еден месец беше затворен поради проблеми предизвикани од излевањето на канализационата цевка од зградата која се наоѓа над градинката, а која поминува низ пералната на објектот. Направени се сите подготовки, објектот е дезинфициран, исчистен со помош на Центарот за јавно здравје, направена е комплетна дезинфекција на целиот инвентар, испрана е постелнината и објектот е ставен во функција, вели Розе Костоска- директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.Но...
Фрескоживописот на црквата Св. Богородица Перивлепта целосно конзервиран
Post Views: 8 Завршува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св.Богородица Перивлепта. Ова на својот твитер профил го потврди и Американскиот амбасадор Џес Бејли кој изрази големо задоволство од реализацијата на овој проект за кој Амбасадата на САД во Скопје издвои средства во висина од 450.000 американски долари. Конзервацијата на фрескоживописот е само дел од проектот. Во активностите кои се одвиваа во и околу црквата, а кои траеа повеќе од три години, влегуваат и конзервацијата на архитектурата на црквата, како и на манастирската камбанарија и манастирскиот...