Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Се отвори нова градинка во просториите на ОУ „Кочо Рацин“

Post Views: 176 Охриѓани добија уште едно катче каде што ќе можат да ги згрижат своите деца. Денес свечено беше отворена детска градинка во рамките на ОУ „Кочо Рацин“ каде на простор од 90 метри квадратни адаптирана е една занимална во која ќе престојуваат дечињата, кујната е преадаптирана, а санирани се и санитарните чворови. Ова е трет ваков проект реализиран во изминатите неколку месеци наменет за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека овој проект се реализира во рамките на Стратегијата...

Продолжи со читање

Стагнираат работите околу уредувањетона новиот детски парк

Post Views: 147 Стагнираат работите околу уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште на кој треба да се направи нов детски парк. Иако од локалната пред еден месец најавија дека на овој простор  до 19ти јануари, на големиот христијански празник Богојавление-Водици ќе се реализира овој зафат, сеуште ништо на повидок. Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски објаснува зошто закочија работите. Знаете дека изминатиов период Охрид го зафати едно снежно невреме, а имаше и многу ниски температури па не можеше да се работи на терен. Сега службата...

Продолжи со читање

Kој ќе биде организатор на манифестацијата Богојавление-Водици наредната година

Post Views: 143 Празникот Богојавление-Водици помина, но останаа коментарите на граѓаните околу се она што ја пропрати неговата организација почнувајќи од контроверзниот избор на кумовите па се до изјавата на митрополитот дебарско кичевски Г. Тимотеј кој отворено го нападнаЗдружението „Богојавление“ кое ја организира манифестацијата. Тоа и оваа година е најповикано околу слабостите кои се јавија. Потпредседателот на „Богојавление“, Митко Пендов признава дека ова е нивниот максимум во организациониот дел и дека тие веќе го достигнале врвот.  Охриѓани велат дека треба да се размислува...

Продолжи со читање

Земјоделците да се пријават за паушално оданочување со персонален данок

Post Views: 162 Граѓаните кои се знимаваат со земјоделска дејност било тоа да им е дополнителна или основна дејност, а кои оствариле приход од  еден милион и 300 000 ден. Во текот на 2014та год. До крајот на месецов треба да се регистрираат и пријават во Управата за јавни приходи за паушално оданочување со персонален данок . Доколку тоа до сега не го сториле потребно е да поднесат пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално одданочување за приходи од земјоделска дејност. Доколку веќе се регистрирани како обврзници кои остваруваат...

Продолжи со читање

Климент Довлев од населбата Кошишта го фати бурето со црвено вино

Post Views: 187 Традиционално како и изминативе години, денес на „Денот на рибарите“ се фрлаа петте буриња со вино. Од нив, само едно беше полно со црвено вино, а оној кој го фати ова буре, доби Божји благослов и дарови од здружението „Богојавление“.Оние кои скокаа по бурињата, најпрво запалија свеќи за здравје, а од црква заедно со црковните симболи се упатија на пристаниште. Денешниот ден донесе  радост за Климент Довлев од населбата Кошишта.Скокам веќе четврти пат по бурето со вино и еве годинава ми се посреки. Сега виното ќе го поделам со другарите и заедно ќе го пиеме и ќе славиме,...

Продолжи со читање

Дали ќе го зачуваме духовното или ќе надвладее материјалното

Post Views: 168 Богојавление -Водици, празник кој им пркосел на сите општествени турбуленции и си го задржал автентичното одбележување со фрлањето на крстот и осветувањето на водите. Иако во некои периоди како на пример за време на поранешна СФРЈ поради забраната од тогашните власти, била прекината традицијата крстот да се фрла во езерото, сепак се изнаоѓале форми и начини како да се направи и зачува таа традиција. Никогаш во Охрид не престанало фрлањето на крстот па тоа се правело во црквата Св.Никола-Ѓеракомија, каде што крстот бил фрлан во голем казан. Од 1973 год. овој настан...

Продолжи со читање

Гранки, испаднати дрва, камења и земја на потегот од Кошишта до Горна Порта

Post Views: 154 Гранки, испаднати дрва, камења и земја преставуваат голема пречка во одвивањето на сообраќајот на потегот од Кошишта до Горна Порта. Ваква е сликата од предновогодишните празници кога во Охрид заврнаа 30тина сантиметри снег кој беше причина многу стари дрва да се откорнат а и потпорниот ѕид да попушти. Граѓаните кои живеат таму реагираат и бараат од службите да го расчистат коловозот бидејќи на улицата сега не можат да се разминат две возила. Од Локалната објаснуваат дека Градоначалникот во координација со стручните служби и со Јавните претпријатија направиле план...

Продолжи со читање

Социјалната заштита во градов ставена на маргините

Post Views: 160 Социјалната заштита во градов ставена на маргините. Средствата кои општинава ги издвои за оваа намена со буџетот за 2015та се премалку за да се задоволат потребите на оваа ранлива категорија на граѓани, вели советничката од НСДП, Верица Хајба.Срамно е во денешно време Локалната самоуправа да предвиди буџет од 200 000 ден. за оваа намена. Поднесов амандман  за да се изврши корекција и да се направи трансфер од буџетот наменет за програмата за трансфери на спортските клубови каде е предвиден буџет од 4милиони денари и да се издвојат еден милион денари кои би отишле во...

Продолжи со читање

Вевчанската сатира оваа година најмногу ја почуствува ЕВН

Post Views: 160 48 часовна апсолутна слобода на телото и умот. Тоа е нараскинлив дел од традиционалниот вевчански карневал и на сите учесници во него, кој веќе бележи 1400 години од своето постоење. Во овај театар на отворено продефилираа повеќе од 1000 василичари  носејќи интересни маски. И овој пат карневалските маски беа инспирирани од личности и настани кои ја одбележаа 2014 година. Вевчанската сатира оваа година најмногу ја почуствува ЕВН.Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва. Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги...

Продолжи со читање

Се чисти депонијата на Мауцкер

Post Views: 150 Се чисти депонијата на Мауцкер. Екипи на Јавното претпријатие „Комуналец“ започнаа со интензивно чистење на градежниот шут и на останатиот отпад кој години наназад нелегално се депонирал таму. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека иако ова место било одредено само за времено депонирање на градежен шут тоа било злоупотребено и од некогашните раководства на ЈП „Комуналец“ и од граѓаните.Многубројните раководства особено во ЈП „Комуналец“ под превезот на „Чист Охрид“, за да си прават помали т-ци за депонирање на отпадот превземале недозволени активности ...

Продолжи со читање

Куќата на Робевци целосно ќе се обновува

Post Views: 152 Куќата на Робевци целосно ќе се обновува. Внатрешноста на еден од најрепрезентативните градски објекти во Охрид ќе добие нов лик, најави  министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа – Милевска.Наскоро со поддршка на Министерството за култура и со донација од турската агенција за поддршка на културното наследство „Тика“ целосно ќе се обнови и ентериерот во Куќата на Робевци, во кој ќе биде претставена и реконципирана поставка, посветена на животот на ова старо охридско семејство, рече Канческа – Милевска.Министерката рече дека Охрид како бедем...

Продолжи со читање

Во Охрид се очекуваат 30 000 гости за богојавленските празници

Post Views: 142   Петдневно славење по повод празникот Богојавление-Водици. Чествувањето за овој голем христијански празник започнува на 16ти јануари со настап на културно уметнички друштва од Охрид. На 17ти во сабота на градскиот плоштад ќе има концерт познатата македонска ѕвезда Каролина Гочева, во недела бидејќи е Водопост нема да има некои музички настапи, но вечерта во 19 часот во куќата на Уранија ќе биде доделена Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол, а младите уметници од ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе сликаат дела со мотиви од празничната атмосфера...

Продолжи со читање