Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 152 Верниците од Католичка вероисповед денес го празнуваат христовото раѓање по грегоријанскиот календар. Во католичката црква „Св Кирил и Методиј“во Охрид синоќа , на Бадник, се одржа вечерна миса на која присуствувал меѓу верниците и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, а денес се празнува Божиќ.„Ние го славиме Божик , овој празник е еден од најгоемите радсони празници во Христијанската вера. На овој празник се роди Исус Христос во мала пештера за да донесе мир во човекот, напатен со немири и омрази, Исус се насели меѓунас д абиде со нас и д адонес емир. Поракат ...
Германски “Костал“ потврди доаѓа во Охрид
Post Views: 170 Германски „Костал“ доаѓа во Охрид. Оваа компанија е водечки извозник на технолошко – напредни производи од делот на електрониката, електромеханиката и мехатрониката за автомобилската и други сродни индустрии. Инвестицискиот план на “Костал“ за Охрид, се поклопува со локалната стратегија за економски развој на градот. Во почетокот на 2015-та година ќе почне како браунфилд инвестиција во некој од постоечките стопански објекти во Охрид, за по две години да се трансформира во целосна гринфилд инвестиција во ТИРЗ Охрид- Струга, најави охридскиот градоначалник Бакрачески....
Златната маска и нараквицата конечно во Охрид
Post Views: 278 Охрид конечно ја доби долго најавуваната Златна соба. После дванаесет години интензивна работа на стручните тимови, непроценливото движно богатство откриено на ледината кај Горна порта, златната маска и златната нараквица се сместени во куќата на Робевци и ќе можат да ги видат охриѓани и пошироката јавност. Се работи за 447 артефакти со непроценлива вредност, златни, сребрени и позлатени предмети од колекцијата на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, кои потекнуваат од 7 век п. н.е. до 19 век, кои на посетителите ќе им овозможат да го видат...
Мобилен парламент : Како влијае урбанизацијата врз уништување на Охридското езеро
Post Views: 152 На јавна дебата граѓани,експерти, екологисти, ученици, политичари ги искажаа своите ставови на темата „Дали прекумерната урбанизација го уништува Охридското езеро“. Големата посетеност на дебатата потврди дека охриѓани и стружани се загрижени за она што му се случува на езерото. Трибината беше организирана од страна на граѓанската асоцијација Мост, на која изостана присуството на преставници од Локалната власт, од охридските пратеници, но и од најповиканите од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро. Се слушнаа дискусии во кои граѓаните посочуваа...
Во 2015та нови тротоари или…
Post Views: 156 Тротоарите на Булевар „Туристичка“ сеуште чекаат подобри времиња за да бидат реконструирани. Посебно тој од западниот влез во градов е во очајна состојба. Граѓаните кои таму живеат велат дека ваквата слика не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека минатата пролет требало да биде направен, сеуште ништо на терен , вели Миле Кипариз, житетел на УЗ Воска. Тој раскажува дека десетина пати преставници на ова урбана заедница биле во Локалната и доставувале барања за санација на тротоарите. Барањата влегле...
Во Македонија годинава регистрирани околу 1100 азиланти
Post Views: 158 Македонските институции бараат начин како да се справат со мигрантите и барателите на азил во земјата. Тоа е повод за организирање на конфереција на судии од Управен суд и Виш управен суд кои постапуваат по предмети од областа на азилот и миграциите, како и за судиите и јавните обвинители кои постапуваат во предметите на организиран криминал од областа на криумчарење мигранти, Секторот за гранични работи и миграции во МВР. Судијата Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, укажува на актуелната ситуацијата на прилив на...
Реката Црн Дрим и притоките порибени со речна пастрмка
Post Views: 221 3000 речни пастрмки пуштени во водите на реката Црн Дрим и нејзините притоки Сатеска и Вевчанска река. Порибувањето на риболовниот ревир река Црн Дрим 1, е според годишната програма на концесионерот за организирање на рекреативен риболов ЗРСК „Пастрмка“ од Струга. Порибувањето е чин кој што многу значи, па го практикуваме секоја година. За членовите на ова здруженеи чинот на порибување на рекатат не е само обврска туку и своевиде празник, а желба им е враќање на облежјето на Црн Дрим како река на речната пастрмка, вели Емил Матовски претседателот на ЗРСК „Пастрмка“...
Успешна деловна година на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца
Post Views: 142 Успешна деловна 2014 година бележи Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Ова беше констатирано на 9-та седница на Собранието. Во годината на заминување здруженеито се судри со блокирана сметка, водење на судски спор за пензионерскиот дом и формирање на новото пензионерско здружение Дебрца. Раководството е задоволно од реализираната планирана програма, кажа претседателот Ѓорѓи Трпчески. „Ние најтешкиот дел го преминавме, во од ги решававме проблемите. Не држат во заложништво, 9500 членови, здружението на инваладиски пензионери, ја блокираа сметката, а...
Работниците од Емо повторно со демонстративен марш низ охридските улици
Post Views: 164 Работниците од Емо повторно со марш низ охридските улици го искажаа своето незадоволство. Со познатите барања исплата на заостантите 40плати и приоднеси бараат од владата да го реши нивниот егзистенцијален проблем. По трет пат за кратко време алармираат за тешкиот статус во кој се наоѓаат веќе неколку години и се во тешка финасиска ситуација. За нивниот проблем се оглушуваат сите институции па дури и национални медиуми молчат, не ги пренесуваат нивните маки, кажа револтирано Боро Настоски еден од вработените кој беше дел од штрајкувачите. „30 години имам...
„Твоето лице ми звучи непознато“
Post Views: 165 „Твоето лице ми звучи непознато“. Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“ се оджа овој невообичаен концерт организиран од охридските гимназијалци. Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Идејата била на професорот по музичко Александар Димоски и на самите ученици, а во организацијата активно се вклучила директорката на гимназијата, Вера Јовческа. Се подготвувале повеќе од еден месец. Во улога на музички ѕвезди беа самите гимназијалци претежно оние кои се дел од хорот кои изведуваа домашни и странски...
Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та
Post Views: 168 Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та. Денес тие имаа можност да прашуваат, да сугерираат и да бараат од службите во локалната во буџетот за наредната година да предвидат средства за решавање на некои проблеми од сферата на комуналниот развој, сообраќајот, образованието, културатра или урбанизмот, кои за нив преставуваат приоритет. Но малата сала во општината остана празна. Освен двајца сограѓани и преставници од секторите и секретарот на општината немаше никој друг. Секретарот Димитар Спасески не беше затекнат...
Свечено отворен ново изградениот плоштад во населбата Рача
Post Views: 164 Денес жителите на населбата Рача добија убаво уреден плоштад. Со тоа нивната долгогодишна желба се исполни. Плоштадот зафаќа површина од 520 метри квадратни и се наоѓа на место кое порано ја нагрдувало населбата и преставувало вистинска депонија каде се одлагал градежен шут и друг вид на отпад. После неколку месечна работа за релативно брзо време успеавме да го уредиме ова место во едно убаво карче во кое граѓаните од оваа населба ќе имаат можност да се рекреираат и да се одмараат, а децата да се забавуваат, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој додаде дека...