Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“

Post Views: 9 Речиси осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“. Години наназад ова училиште мака мачеше со запишувањето на првачиња, но оваа година бројката потсетува на некои златни времиња кога таму учеле и по повеќе од 100 првачиња. Причини за ваквата драстична промена има повеќе. Пред се тоа се условите кои ги нуди училиштето, како што е едносменското работење и функционирањето на продолжниот престој до 17 часот. Но зголемениот број на првачиња создаде нов проблем. Училиштето бара од Министерството за образование да му се одобри да...

Продолжи со читање

Инклузија на децата со посебни образовни потреби

Post Views: 8 20 деца со посебни образовни потреби, распоредени во три паралелки, ја започнаа новата учебна година во ОУ Св. „Климент Охридски“. Во нив има деца со различен спектар на посебност. Има со аутизам, даунов синдром, инвалидност. Со нив работат наставници дефектолози. Од неодамна има и 16 ученици со потешкотии кои се вклучени во редовните паралелки со кои работи инклузивен дефектолог. Со новиот Закон за основно и средно образование донесен неодамна од ресорното Министерството се дадени напатствија како училиштата во кои има вакви ученици во иднина да ги организираат...

Продолжи со читање

Во охридските училишта започна новата учебна година

Post Views: 12 Во охридските училишта започна новата учебна година. Најавениот штрајк од страна на СОНК не се реализира, па новите првачиња во охридските основни училишта беа пречекани од нивните учителки. Во школскиот двор и ходниците на основното училиште „Христо Узунов“ утринава можеше да се забележи раздвиженост. Учениците дојдоа на првиот училиштен ден и веќе ги зедоа учебниците за претстојната учебна година.Учебната година во „Христо Узунов“ започна со предвидената динамика. Првачињата дојдоа на време, за нив имавме и свечена приредба, а и останатите ученици го одржаа...

Продолжи со читање

Плоштадот „Крушевска република“ есенва ќе добие нов лик

Post Views: 11 Од есенва ќе започне реконструкцијата на плоштадот „Крушевска република“. Овој проект кој е готов веќе две години, по се изгледа конечно ќе се реализира. Работите закочија поради нерешени имотно правни односи на една парцела која влегува во плоштадот, но од Секторот за урбанизам велат дека и тоа ќе биде завршено до крајот на месецов.Колку сите овие процедури да можеме да ги забрзаме сепак поради туристичката сезона до 15ти септември не може ништо да се прави, но веднаш после тоа ќе се започне со раборта на терен, објаснува Томе Џамтоски, портпарол на Локалната...

Продолжи со читање

Педалинките и ова лето причина за повеќе работа на спасителите на вода

Post Views: 9 Педалинките и ова лето причина за повеќе работа на спасителите на вода. Многу пати е потврдено дека овие пловила за рекреација се крајно небезбедни, а оние кои сакаат да се забавуваат на нив пак, воопшто не почитуваат никакви правила. Најчесто поради претовар доаѓа до превртување на педалинката што ја загрозува безбедноста на оние кои се на неа. За среќа ова лето засега немаше некој немил настан со поголеми последици, но имало интервенции од страна на спасителите. Најповеќе интервенции имаме со оние кои ги издаваат педалинките и останатите пловни објекти за...

Продолжи со читање

Денес на тапет ЈП „Охридски Комуналец“

Post Views: 11 Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат за недомаќинско и неодговорно работење на Локалната власт на СДСМ, трошењето народни пари аминувано од градоначалникот Константин Георгиески. Денешната прес конференција се однесуваше на ЈП „Охридски комуналец“ и директорот Љупчо Грданоски кој според нив неколкукратно ги зголемил расходите за репрезентација. Дали директорот Грданоски чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните? Со тие пари зарем немаше да се реши проблемот со стационарот и бездомните кучиња во градот? Го охрабруваме да им објасни...

Продолжи со читање

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција

Post Views: 9 Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ. Од таму потенцираа дека иако власта на СДСМ досега променила тројца директори, резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководел стручен и професионален кадар, кога биле одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години. Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за...

Продолжи со читање

Репертоарот на охридскиот театар ќе се збогати со уште една претстава

Post Views: 10 Репертоарот на охридскиот театар ќе се збогати со уште една претстава. Центарот за култура „Григор Прличев“ веќе е во преговори со режисерот Игор Ифковиќ од 1ви септември да започнат да подготвуваат нов проект, а тоа е претставата на Душан Ковачевиќ со наслов „Генерална проба за самоубиство“, која ќе биде финансирана од Министерството за култура. До средина на октомври треба да биде готова и Охриѓани да ја гледаат премиерата. Актерите во летниов период малку паузираа бидејќи во месец јуни заврши редовниот репертоар, а и голем дел од претставите на фестивалот...

Продолжи со читање