Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 164 Времените објекти низ градов дел отстранети, а дел не. Веќе половина година трае акцијата која ја презеде локалната за отстранување на овие градби од времен карактер од атрактивните локации во централното градско подрачје. Дел од сопствениците на времените објекти кои сеуште не се отстранети а кои редовно ги подмирувале давачките кон државата и локалната сметаат дека до тоа воопшто нема да дојде. Некои сопственици пак се на мислење дека поради тоа што објектот континуирано работи нема да биде отстранет. Се тешат дека локалната досега ги отстранила само оние што биле...
Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк
Post Views: 199 Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк. Започна уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште. Ова е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид.Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства ќе изградат еден современ плоштад како оние што ги направивме во изминативе две години кај некогашната библиотека, кај Влашка маала, а во петок свечено ќе го пуштиме во употреба плоштадот што го направивме во Рача, рече градоначалникот на Охрид,...
Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар
Post Views: 161 Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар. По пропаѓањето на вториот повик општината планира да ја измени физибилити студијата и проектната документација во консултација со стручните служби, но и со амин од Советот на Општина Охрид се со цел конечно да се најде партнер кој ќе инвестира во овој капитален проект.Јас сум уверен дека ќе успееме да најдеме партнер, но секако како одговорна локална власт доколку не најдеме партнер под оние услови кои ќе ги зацртаме и доколку физибилити студијата не покаже дека...
Реакција на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на ВМРО НП
Post Views: 157 Очигледно членовите од ВНРО-НП не знаат што им се случува во родниот Охрид па затоа им укажуваме дека до сега постоечките тезги за продажба на честитки и новогодишни реквизити уште во теков на денешниов ден се заменуваат со нови дрвени, добро уредени и покриени. ВМРО- ДПМНЕ со доаѓањето на локална власт измени многу работи. Почитувајќи ги законските правила и норми локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира многу проекти, се градат патишта ,тротоари. Се гради фекална и атмосферска канализација. Се градат плоштади, спортски терени и игралишта, ...
Реакција од Локалната на соопштението од ВМРО НП
Post Views: 152 Тезгите за продавање на новогодишните честитки и реквизити поставени кај малиот плоштад “Чинар“ беа само времено решение. Овие продажни објекти во текот на денешниов ден ќе бидат заменети со убаво уредени дрвени тезги. Стручните служби на општина Охрид се на терен , превземени се сите потребни мерки и по постигната согласност со закупците веќе е пристапено кон преуредување на овој простор кој ќе биде естетски попривлечен за охриѓани и гостите кои се очекуваат за Новогодишните и божиќни празници. Ќе бидат поставени вкупно единаесет дрвени тезги,...
ВМРО НП со соопштение за тезгите кај чинарот
Post Views: 153 Често пати во минатото ДПМНЕ бурно реагираше на поставувањето на тезгите на плоштадот кај чинарот за време на новогодишните и божиќните празници. Во годините наназад, тие тезги го нагрдуваа ликот на градот кој баш во тој период има зголемен број на туристи, истите тие тезги личеа на панаѓур и беа предмет на жестока критика од партијата која сега е на власт.После неколку години, откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Охрид, тезгите иако го имаат истиот лик и покриени се со најлони, истите се во ред и не се грдото лице на Охрид. Зошто ДПМНЕ сега не реагира за тезгите...
„Јахја Кемал“ стипендира десет ученици
Post Views: 295 Училиштето „Јахја Кемал” од Струга по деветти пат беше домаќин на натпреварот за стипендија по англиски јазик. На натпреварот учествуваа 229 натпреварувачи од општина Струга, Охрид , Вевчани, , Дебрца, Дебар, Ресен , Кичево, Демир Хисар и Пласница. На првите тројца ученици им беа доделени награди и сертификати:а) прво место 5000 денариб) второ место 3000 денарив) трето место 2000 денариСоодветно наградени беа и менторите на учениците. Учениците од 1 до 25 место , добиваат право директно да се запишат во ПСУ „Јахја Кемал” без полагање на приемен испит. Првите...
Охрид и нареднава година ќе остане без стратегија за развој на туризмот
Post Views: 148 Охрид и нареднава година ќе остане без стратегија за развој на туризмот. Во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2015-2017та ТЛЕР не побара средства од буџетот на општинава кој ќе се проектира за наредната година за оваа намена. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов вели дека стратегија ќе се прави, но чекаат во тоа да им помогнат странски експерти. Тој објаснува дека кога во посета на Охрид бил генералниот секретар на Светската туристичка асоцијација, Талеб Руфаи им ветил помош во изработката на една одржлива и квалитетна...
Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар
Post Views: 193 Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар. Иако локалната самоуправа по неуспешниот прв тендер со амин од градските советници ја повтори постапката за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за изградба на градски пазар со многу поприфатливи услови за инвеститорите и овај тендер пропадна. Очигледно никој не е заинтересиран да влезе во јавно приватно партнерство со општината. Се наметнува прашањето дали причина за тоа е финансиската состојба во која се наоѓа Општина Охрид или инвеститорите немат бенефит од изградбата на градскиот...
Со автентични производи до поголема туристичка понуда
Post Views: 216 Рачно изработен накит од бисер и филигран, рачно изработени сувенири од дрво, вино од автохтона сорта на грозје, спакувана традиционална храна и рачно изработен бакар денеска можеа да се видат во холот на Факултетот за туризам и угостителство. Ова беше финалната презентација од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“. Во градов има млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со мали бизниси, но потребна им е подршка и мотив.Излагачите изјавија дека идејата е многу позитивна и дека треба да се практикуваат налви настани многу...
Дел од вработени во ЈП „Комуналец“ пуштени на принуден одмор
Post Views: 150 25 вработени во ЈП „Комуналец“ моментално се на принуден одмор. Следуваат уште два турнуси во месец јануари и февруари кога уште по 25 вработени во ова јавно претпријатие ќе бидат пуштени на 70%. Директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа објаснува дека нема место за загриженост бидејќи оваа програма за принуден одмор претпријатието ја спроведува веќе петта година по ред. Причина за тоа е намалениот обем на работа во зимскиот период како и завршувањето на договорите на сезонски вработените. Оваа програма се носи на Управен одбор и сите раководители во претпријатието...
Заедно против деформитетите на рбетниот столб и на стапалата кај децата
Post Views: 161 Расте процентот на деформитети на рбетниот столб и на стапалата кај децата од предучилишна возраст. Причина за тоа најчесто е нивната слаба физичка активност и неправилно седење и одење , вели директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костоска. После петтата година веќе може да се констатира доколку има деформитет кај некое дете, додава таа. Поради тоа од почетокот на наредната година во оваа предучилишна установа ќе спроведат систематски прегледи за рано откривање на деформитетите на мускулно- скелетниот систем.Се превземаат чекори зеадно со Центарот за јавно...