Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 3 Во општина Охрид се евидентирани 215 граѓани кои се на списокот од ДИК за спорни записи. Од нив до денес заклучно со 13 часот во подрачната единица на ДИК се пријавиле само 13 и тоа 4 во подрачната единица , а 9 преку веб апликацијата достапна на интернет страницата на ДИК.Јас сакам да потенцирам дека рокот за пријавување трае до 19ти август и апелирам во име на ДИК граѓаните да ја проверат нашата веб страница и да видат дали се на списокот и доколку се да се пријават до комисијата што е можно побрзо, вели Љубица Гугуческа, портпарол на ДИК.Оние граѓани кои не...
Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен
Post Views: 6 Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен. Иако од секторот за комунален развој, сообраќај и патишта најавија дека семафорите кои се наоѓаа на раскрсницата кај некогашниот Мини маркет веднаш после нивното отстранување, поради кружниот тек кој се направи таму, ќе бидат поставени на Железничка, семафори на оваа сообраќајница сеуште нема. Од секторот објаснуваат дека чекале од Одделот за јавни набавки да распишат тендер за поставување на семафорите.Постапката за распишување на тендер е веќе во тек ќе се бара најповолен понудувач. Таа постапка...
Туристичка сезона за паметење, велат од ТЛЕР
Post Views: 11 Туристичка сезона за паметење. Од Локалната велат дека овие најави кои беа дадени пред почетокот на сезонава почнуваат да се остваруваат. Според податоците со кои располагаат, заклучно со месец мај, бројот на странски и домашни гости е во значителен пораст во споредба со минатите години. Во месец мај во градов престојувале 9.614 домашни гости, странски гости имало 18.456. Домашните гости оствариле 19.422 ноќевања, а странските 35.634. Овие бројки споредени со оние од месец мај минатата година покажуваат дека бројот на домашни гости се зголемил за 15%, а на...
СK Охрид организира меѓународен турнир во спортско стрелаштво
Post Views: 10 По повод престојните илинденски празници стрелачкиот клуб Охрид го организира меѓународниот турнир во спортско стрелаштво. Бидејќи во последно време малокалибарската програма е сосема укината и нема стрелци со пиштол поради немањето оружје, турнирот се сведе само на гаѓање со воздушна пушка. Тина Гоџо, долгогодишен тренер во стрелачкиот клуб „Охрид“ вели дека и покрај тешкотиите со кои се соочуваат љубителите на овој спорт тој продолжува да опстојува.Спортот е многу скап, а помош немаме од никаде . Но ме радува фактот што што имам триесетина млади деца кои ги...
Вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор
Post Views: 5 И ова лето граѓаните реагираат дека во одредени маркети и продавници низ градов производите се чуваат на несоодветно место, најчесто пред самиот маркет изложени на надворешни влијанија, но и нагрдувајќи ја сликата на просторот околу маркетот. Посебно реагираат за пијалоците кои се во ПЕТ амбалажа. Оние кои се јавија до нашата редакција кажуваат дека на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид. Цели палети со стока се остава и чува надвор од објектот...
Општина Охрид доби два проекти во вредност од 150 000 евра
Post Views: 7 Општина Охрид доби грант од страна на Делегација на Европска унија на Македонија во рамките на третиот повик за предлог-проекти за ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија. Договорот за овој грант е во вкупен износ од 184.958,00 евра, а времетраење на проектот е 15 месеци. Еден од приоритетите на прекуграничната програма Грција-Македонија е подобрување на развојот на прекуграничната област, особено со промоција на претприемништвото како долгорочна гаранција за оддржлив економски развој. Главните проектни...
Започнува фестивалот Охрид колинг
Post Views: 4 Се е подготвено за почетокот на фестивалот Охрид колинг. Локалната самоуправа заедно со продукцијата Авалон го организираат овој фестивал кој започнува од 1ви август и ќе трае до 14 август. Во овие 14 дена гостите и охриѓани имаат можност да бидат дел од три музички настани на светски познати музичари. На 1ви август настапуваат познатите холандски и белгиски ди џеи Ники Ромеро и Лос Фреквенси, на 13ти август на антички театар настапува познатиот гитарист Ал Ди Меола и на 14ти август музичката атракција Продиџи кои ќе одржат концерт на СРЦ „Билјанини извори“....
Македонија вработува 2 во Охрид
Post Views: 2 Продолжува проектот Македонија вработува. Синоќа на плоштадот во Охрид заинтересираните граѓани и работодавачи можеа да се информираат за сите новини во Законот за вработување и поволностите кои ги нуди овој проект. Веќе една година од кога започна неговото реализирање па од охридскиот Центар за вработување ги сумираат резултатите каков е бенефитот за општинава.Како резултат на овие поволности во Охрид вработени се повеќе од 631 лице од сите возрасни категории. Радува фактот што најголемиот процент се лица во латегоријата над 35 год. Возраст од кои вработени...