Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 150 Точно напладне, претставници од локалната самоуправа, странски делегации, претставници од политичките партии и охриѓани, на градскиот плоштад се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски. Свој настап имаше и црковниот хор на Св. Богородица Перивлепта кои пред присутните гости и изведоа неколку црковни песни. Утрово , граѓаните се поклонија пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата на Плаошник каде имаше света литургија, а положија цвеќе и пред споменикот во основното училиште што го носи името на патронот. Во рамките на Светиклиментовите...
Во Охрид драстично намален бројот на кражби на електрична енергија
Post Views: 193 Во Охрид драстично намален бројот на кражби на електрична енергија. Во изминативе десет месеци регистрирани се само седумнаесет случаи. Портпаролот на ЕВН Македонија, атанас Ковачески вели дека ова е одличен напредок во подигнувањето на свеста кај граѓаните на нашиот град бидејќи минатите години Охрид беше на врвот по регистрирани кражби на електрична енергија.Вродија со плод сите напори на ЕВН како и контролите наполицијата а пред се измените во кривичниот законик во однс на затворската казна која е пропишана за крадците на ел енергија која порано беше до една а сега...
ОУ „Св.Климент Охридски“ со мјузикл го одбележа својот патронен празник
Post Views: 165 Мапет шоу, пародии, мјузикл, сцена од култниот филм Брилјантин, изведба на странски песни, хитови во седумдесеттите години на минатиот век, беа само дел од богатата програма која посетителите во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ можеа да ја видат по повод патрониот празник на ОУ „Климент Охридски“. Учениците зедно со нивните наставнички, ментори повеќе од еден месец интензивно се подготвуваа за овој настан.Директорот на училиштето, Јордан Пуроски рече дека оваа година приредбата која ја подготвиле е многу поразлична од се она што претходно било...
Прозорец кон надворешниот свет
Post Views: 189 Лора Лазаревска веќе пет години е врската помеѓу информациите и лицата со оштетен слух. Таа секој ден го толкува Дневникот на ТВМ прилагодувајќи ги вестите за лицата со ваков вид на инвалидитет. Нејзин главен мотив за да се занимава со оваа многу одговорна и тешка професија била подршката и желбата на самите лица кои имаат проблеми со слухот.Чуството е прекрасно бидејќи сваќаш дека на овие лица им е потребен ваков дневник затоа што за нив претходно беше невозможно да ги разберат вестите без толкувач. Кога решија јас да го толкувам Дневникот на ТВМ имав голема трема...
Започна постапката за одземање на мандатите на пратениците од СДСМ
Post Views: 160 Започна постапката за одземање на мандатите на пратениците од СДСМ. Собраниската комисија за деловнички и имунитетни прашања на денешната седница, на предлог на нејзиниот претседател Александар Николоски, ја утврди Предлог-одлуката за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Врз основа на Извештајот доставен до оваа Комисија е утврдено дека во периодот од 10 мај до 10 ноември 31 пратеници од опозициската СДСМ не присуствувале, не учествувале, ниту, пак, го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници. Но во врска со...
Градоначалникот Никола Бакрачески го засади првото дрвце во акцијата Ден на дрвото
Post Views: 163 Во Охрид од денес започна акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Градоначалникот Никола Бакрачески, претседателката на советот Гордана Коњаноска, секретарот Димитар Спасески и директорите на јавните претпријатија засадија неколку дрвца на кејот на езерото.Радува фактот што од година во година бројот на заинтересирани лица кои се приклучуваат кон акцијата се зголемува и она што особено треба да се истакне е дека расте свеста на младите генреации за оваа една од позначајните акции на владата, рече градоначалникот Бакрачески.Утре во рамките на акцијата на два...
Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо
Post Views: 214 Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо. Иако охриѓани со нескриено задоволство дочекаа да профункционира градскиот линиски превоз сеуште мака мачат со тоа што немаат каде да се засолнат кога врне, дува или пече сонце. Неофицијално дознаваме дека и четвртиот тендер кој го распиша Локалната за изнаоѓање најдобар понудувач за замена на старите автобуски постојки, пропадна. Не се пријавил ниту еден заинтересиран. Поставувањето на нови постојки општината оваа година не успеа да го реализира, па овој проект ќе го префрли во програмата за 2015та година. ...
Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај на ХИВ СИДА
Post Views: 165 Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај на ХИВ СИДА. Последното хив позитивно лице е откриено во април 2013та година. Од почетокот на појавата на епидемијата на СИДА во 1987год, во Охрид се регистрирани 9 случаи од кои осум биле мажи, а една жена и тоа на возраст од 20 до 49 години, а само едно лице е над 55год. Осум од нив починале . Пренесувањето на болеста е хетеросексуално. Во Струга од овај заразен вирус заболеле три лица и сите се починати, а во Дебар едно лице.Лекувањето на заболените е на инфективната клиника во Скопје и таа редовно ги снабдува...
Матурска вечер во Италија
Post Views: 184 Матурска вечер во Италија. Оваа идеја е на учениците од четврта година во гимназијата Св. „Климент Охридски“ и на нивните родители. Средношколците изработиле анкета која ја спровеле меѓусебно и на која повеќе од 70% се изјасниле позитивно за оваа идеја. Зелено светло за ваков начин на славење на матурската вечер дале и родителите и тоа дури 82% од анкетираните. Веќе е формиран и стручен тим составен од класните раководители од четврта година, од директорката и стручната педагошка службаза спроведување на оваа идеја. Во рок од една недела директорката треба да изготви...
Младите од Охрид се едуцира како да го користат правото за слободeн пристап до информации од јавен карактер
Post Views: 207 Средношколци и студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „ Св. Апостол Павле“, денес се едуцира како да го користат правото за слободниот пристап до информации од јавен карактер. Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и општина Охрид, се одржа работилница на оваа тема. На работилницата, претставници од Комисијата ги запознаа учесниците со содржината на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и искуствата од неговата примена. Тие генерално...
Охрид се подготвува за дочекот на новата година
Post Views: 159 Локалната се подготвува за новогодишните празници. Распишан е тендер за украсување на градов кој треба да заврши до 1ви декември. До празникот Св, Никола градов треба да светне во новогодишно руво. Празничната атмосфера ќе биде збогатена и со голем број настапи од локални уметници, а нема да бидат изоставени и најмладите. Во програмата ќе бидат вклучени детските градинки и училиштата со своите секции како и музички таленти од Основното музичко училиште „Методи Патче“. Од локалната ветуваат дочек на новата година за паметење кој ќе се организира на градскиот плоштад.Во...
Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци
Post Views: 162 Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци. Причина за тоа е зголемениот интерес на граѓаните на општина Охрид кои своите барањата можат да ги поднесат заклучно со 05.12.2014 година. Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање...