Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 12 Нова туристичка понуда во градов. Вилата мал Св. Климент направи своја винарија во која ќе се прави вино од автохтони сорти на грозје кои се карактеристични за охридскиот регион. Идејата за ваква винарија произлегла од интересот на гостите за охридските вина кои имаат свои карактеристики кои ги немаат останатите вина во светот. Сопственикот на винаријата Будимир Соколовиќ вели дека тоа можеби не се некои врвни вина по својот квалитет, но се единствени бидејќи се произведуваат од ретки сорти. Многу интересен и единствен е и начинот на производството на виното во...
Старата турска чаршија, магнет за гостите кои доаѓаат во Охрид
Post Views: 12 Старата турска чаршија магнет за гостите кои доаѓаат во Охрид. Ова катче од градот кое има посебна душа и шарм со својата автентичност ги привлекува домашните и странските гости. Холанѓани, белгијци, срби, турци, а и туристи од Македонија доаѓаат тука за да се освежат со турски чај, боза или лимонада, да каснат вкусни ќебапи и други национални специјалитети или да се заблажат со оригинална турска баклава. Во оваа чаршија сеуште има еснаф. Сопствениците на угостителските објекти и продавници велат дека во тоа се крие и тајната на нивното долгогодишно работење и...
Започна проектот за изградба на детски игралишта во градов
Post Views: 7 Започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина Охрид. Во тек е изградбата на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити. Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога.Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид. Идејата за изградба на вакви повеќенаменски игралишта е на градоначалникот Никола Бакрачески и неговите средби со жителите на Урбаните...
Ќе започне производство на автохтон расад на охридската цреша-долгошишк
Post Views: 13 Задругата „Охридска цреша“ прави напори во регионов да започне производство на автохтон расад на охридската цреша-долгошишка. Сега индивидуални производители калемат најразлични видови на цреши со што полека но сигурно се губи нашата препознатлива сорта, вели Ванчо Стојаноски член на зaдаругата. Денес за таа цел преставник од Институтот за земјоделство се сретна со преставници од Локалната самоуправа, поточно со преставници на ТЛЕР за да им ги предочи можностите за изработување еден заеднички проект во кој би партиципирал институтот, локалната и задругата, а со...
Пешачките премини постојано се бојадисуваат и пребојадисуваат
Post Views: 7 Охриѓани се жалат дека пешачките премини во градов постојано се бојадисуваат и пребојадисуваат. Тие велат дека тоа се должи на лошиот квалитет на бојата со која се обележува хоризонтална патна сигнализација па затоа зебрите брзо се бришат. Деновиве повторно се бојадисуваше дел од хоризонталната сигнализација кај вториот чинар и дел од пешачките премини и другата хоризонтална сигнализација на најфреквентната охридска сообраќајница, булеварот „Туристичка“ кои се обележуваа пред еден месец, одвај се препознаваат. Од Секторот за комунален развој и сообраќај...
Започна изградбата на пешачката и велосипедска патека кај каналот Студенчишта
Post Views: 13 Започна изградбата на современа пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“. Според планот патеката треба да биде направена од природни материјали како што се камени плочи и дрво, а ќе има и атрактивни содржини како што се мали мостови од дрвена конструкција кои ќе се протегаат од пешачката патека до малиот канал и ќе се поврзуваат со спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“. Ќе се исчисти и малиот канал , ќе се постават платформи кои ќе се дрвени и ќе служат за пристапување на пловните објекти и неколку...
Граѓаните бараат почист градски пазар
Post Views: 11 Градскиот пазар во Охрид е едно од најпосетените места посебно во летниот период. Граѓаните и туристите секојдневно од таму се снабдуваат со свежо овошје и зеленчук. Големата фреквенција на луѓе како и високите температури си го прават своето па многупати хигиената на пазарот не е на највисоко ниво. Граѓаните коментираат дека тоа не му доликува на туристички центар како што е Охрид.Од ЈП „Градски пазар“ тврдат дека нивните екипи особено се ангажирани околу одржувањето на хигиената во пазарот бидејќи од тоа во голема мера зависи и неговото функционирање, а...
Доцни поставувањето на подземниот контејнер наспроти маркетот Рамстор
Post Views: 7 Доцни поставувањето на подземниот контејнер наспроти маркетот Рамстор. Од Локланата самоуправа уште пред еден месец најавија дека контејнерот ќе биде ставен во функција, но овој проект сеуште не е реализиран. Поради некои технички проблеми се оддолжи целата работа. Имаше некои пропусти во висината на контејнерот . Тие проблеми веќе се надминати и деновиве повторно ќе се активираат работите на терен. За десетина дена контејнерот треба да биде поставен, вели Томе Џамтоски-портпаролот на Локланата самоуправа. Подземниот контејнер е составен од три контејнери кои...