Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 4 Максим Венгеров, едно од највпечатливите имиња на светската уметничка сцена, познатиот виолинист чија музика не познава граници, повторно на „Охридско лето“. Директорот на фестивалот Оливер Арсовски рече дека сите кои вечерва ќе присуствуваат на концертот на Венгеров ќе имат едно неповторливо доживување, а уметничката директорка Елизабета Јосифова Неделковска изрази задоволство што Охрид и Македонија ќе бидат домаќини на една од највлијателните музички личности на денешницата. Венгеров со нескриено задоволство кажа дека секогаш со големо задоволство и радост доаѓа...
Се наѕира крајот на изградбата на пешачката патека од мостот до Горица 1
Post Views: 7 Деновиве интензивно се работи на терен да се завршат комуналните зафати по што ќе се премине кон нејзино поплочување и хортикултурно уредување. Со тоа Охрид ќе добие една убава патека за рекреација на граѓаните и гостите, велат од Локалната. Се наѕира крајот на изградбата на пешачката патека од мостот до Горица 1. Моментално интензивно се работи на третата фаза што подразбира изградба на преостанатите 630 метри од патеката и целосно поставување на комуналната инфраструктура. ЈП „Водовод“ и ЈП „Нискоградба“ работат на поставување на нова водоводна мрежа и нова...
Пет идејни решенија пристигнаа на конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“
Post Views: 3 Заврши конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“. На конкурсот се пријавени пет кандидати, а кои се нивните имиња и какви се идејни решенија се нудат допрва ќе се знае кога ќе се отворат понудуите. Изборот на сувенир на градот е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општинатаа целта е да се направи вистинскиот избор за сувенир на градот кој ќе е препознатлив во промоцијата на Охрид. Ова нема да биде официјален симбол на Охрид, туку ќе биде сувенир кој Локалната самоуправа ќе го користи во сопствените промотивни дејности. Општината...
Програмата за поставување времени објекти ги револтира граѓаните кои имаат такви објекти
Post Views: 15 Донесувањето на предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти на седницата на совет која се одржа во понеделникот, ги вознемири граѓаните кои имаат такви објекти. Денес реагираа сопствениците на објектите на локација бр. 6 која се наоѓа наспроти автобуската станица каде има 13 времени објекти.Таа одлука е крајно незаконска и поради нејзиното донесување ќе сносат одговорност и советниците кои ја изгласаа, а и градоначалникот кој е подносител. Овие објекти не може да се стават во таа програма бидејќи за нив има одлука на...
Сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица, обвинуваат од СДСМ
Post Views: 5 Охридските советници од СДСМ денес уште еднаш потсетија на ветувањата дадени од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески, а кои како што велат сеуште не се реализирани. Тие својата пресс конференција ја одржаа кај автобуската станица од каде упатија критика дека сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица.Изградбата на нова, современа, меѓународна автобуска станица која беше прв приоритетен проект во предизборната програма на Бакрачески очигледно била само уште една предизборна лага на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните само знаат дека беше...
Оперската дива Елина Гаранча ја крена публиката на нозе
Post Views: 10 Синоќа со прекрасните звуци на повеќе арии, оперската дива Елина Гаранча од Латвија го означи почетокот на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ја придружуваше оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Ион Марин од Романија. Во преполниот Античкиот театар многубројната публика имаше прилика да ужива во беспрекорните изведби на музичките дела од композиторите Глинка, Чајковски, Масне, Сен-Санс, Гуно, Бизе, Чапи, Лара и Пучини. Покровител на фестивалот и оваа година беше претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го...
Градоначалникот на средба со израелскиот амбасадор
Post Views: 8 Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари работна, но и пријателска средба со израелскиот амбасадор во РМ, Дан Ориан. Се разговарало на повеќе теми кои се од заеднички интерес, но пред се се ставил акцент на развојот на образованието и на туризмот. Договорено било неколку израелски туроператори и новинари да го посетат Охрид и да пишуваат за него и неговите природни и културни убавини, како би се привлекле гости од оваа далечна земја. Ваквата посета би се организирала кон крајот на септември или почетокот на октомври. Станало збор и за развој на...
Ќе се проширува ли градскиот превоз со уште неколку нови линии
Post Views: 8 Локалната најавува воведување на уште неколку нови градски линии. Планирано е во функција да се стави линијата која ќе поминува по улица „Партизанска“, пред ФТУ и по улицата „Асном“. Но се поставува прашањето дали и колкава ќе биде економската оправданост за автопревозниците кои ќе возат на овие линии.Ние како фирма немаме пројавено интерес и нема да учествуваме на тендерот. Сметаме дека овие две линии и уште неколку кои ги покриваме се сосема доволно и ги задоволуваат потребите земајќи го во предвид капацитетот на градот, вели Димитар Василевски – директор на...