Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 171 Дали на повидок е започнувањето на реализација на еден капитален проект за градов, а тоа е изградба на ски-центар на Галичица. Според изјавата што за ТВМ ја даде Градоначалникот Никола Бакрачески неколку странски компании пројавиле интерес за инвестирање во ски- центарот.Во изминатиов период од она што јас го добив како информација од преставниците на МЕПСО и од економскиот промотор во Владата на РМ знам дека неколку странски компании, меѓу кои концерни од Швајцарија, Австрија, Катар и Азербејџан, пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица,...
ОO на СДСМ денес со објаснување зошто вчера советниците од оваа партија го напуштија вториот дел на седницата
Post Views: 169 Општинската организација на СДСМ денес со објаснување зошто вчера советниците од оваа партија го напуштија вториот дел на седницата на совет. Координаторот на советничката група, Јован Стојаноски рече дека не сакале да бидат дел од срамни одлуки како што се продажбата на државното земјиште на три многу атрактивни локации во градов. Од СДСМ сметаат дека одлуката за продажба на државно земјиште ја доведува во прашање изградбата на автобуската станица, домот за стари лица и катните гаражи кои се витални проекти од огромно значење за охриѓани.Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески...
Извештајот за трошењето на буџетските средства на општината, камен на сопнување кај советниците од опозицијата и позицијата
Post Views: 160 Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид од почетокот на годината заклучно со месец септември, измената на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2014 година и предлог одлуката за донесување на Буџетски календар на општина Охрид за 2015 година, камен на сопнување кај советниците од опозицијата и позицијата. Опозицијата потенцираше дека сосема е јасно дека имаме извршување на буџетот од 54,5% што значи дека и оваа година буџетот нема да биде остварен онака како што е планиран, рече координаторот на СДСМ, Јован Стојаноски.-За жал ќе има...
Градските избраници ќе носат одлуки за иднината на три капитални проекти за градов
Post Views: 161 Градските избраници ќе носат одлуки за иднината на три капитални проекти за градов . На утрешната 33та седница на градскиот совет ќе се најдат предлог Одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража, предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на автобуска станица и предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на дом за стари лица. Што се однесува до проектот за современата автобуска станица од...
„Детектор за лаги“ е новата премиера на охридскиот театар
Post Views: 158 „Детектор за лаги“ е новата премиера на охридскиот театар. После пауза од една година актерите повторно ќе застанат на штиците што живот значат. Овој пат режисерската палка е во рацете на Ненад Витанов на кого ова му е прва соработка со охридскиот театар. Витанов од свој агол ја обработил вечната тема, а тоа е односот помеѓу жената и мажот. Приказната е за двајца сопружници кои имаат проблеми во бракот и ќе побараат помош одтручно лице. Во тој момент во реалниот живот би почнала трагедијата, но во оваа драма тука почнува комедијата. Комплетно се посветивме на оваа...
Нова туристичка понуда во градов, риболов со кајак по Јадранскиот слив
Post Views: 192 Нова туристичка понуда во градов. Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за организирање на риболов со кајак по Јадранскиот слив почнувајќи од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Оваа идеја на спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Радован Димитриески-претседателот на ова риболовно друштво вели дека неопходна им е помош за реализација на оваа идеја. Ние само можеме да ја извршиме услугата како водичи,...
„Морски брег“ и „Клавир торта“ победнички на 14тата „Тортијада“
Post Views: 207 Прва среќе за Валентина Адамова. Таа годинава за прв пат учествуваше на манифестацијата „Тортијада“ и за својата креација „Морски брег“ во категорија на аматерки ја освои првата награда. „Клавир торта“ од хотел Белведере го освои првото место во категорија професионалци. Женскиот центар „Бисера“ по 19ти пат ја организира манифестација „Тортијада“. Натпреварувачките беа поделени во две категории и тоа аматерки и професионалки. Радува фактот што на оваа манифестација се повеќе учество земаат младите жени.Многу млади прават торти и тоа многу интересни креации. И по вкус...
Со камери ќе ги снимаат часовите во Авто школите
Post Views: 188 Идните возачи и нивните инструктори под будното око на камерите. Во новиот предлог Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата предвидено е до 2017та година сите Авто школи во државава да вградат камери во училниците и во возилата со што ќе се снимаат теоретските и практичните часови. Оваа новина не само што финансиски ќе ги оптовари авто школите бидејќи една таква камера чини околу 2000 евра, туку создава дополнителен стрес и кај кандидатите и кај инструкторите. Тие цело време додека се на предавање или додека возат ќе бидат сконцентрирани на камерата, а не...
Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните
Post Views: 164 Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните. 25ти октомври е европски ден на граѓанските права кој се одбележува во сите држави во Европа, а целта е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното функционирање.Денес им се овозможува средба на сите граѓани заинтересирани преку непосредни контакти да остварат прием и да се запознаат со работењето на основниот суд во Охрид, вели Милчо Клишески, претседателот на основниот суд во Охрид.Претседателот на охридскиот суд е задоволен како истиот функционира и нагласува дека се повеќе...
Перфектно италјанско еспресо со вкус на лешник и на печено лепче
Post Views: 169 Во Охрид од неодамна може да се пие перфектно италјанско еспресо какво што се подготвува во светот. Дваесетина баристи од регионов четири дена беа на специјални обуки во кафе академијата во Скопје и здружението на баристи за да ги научат тајните на овој занает. Подготвувањето на кафе и неговото служење преставува цела наука и овај топол напиток без кој многумина не можат да го започнат денот треба да биде подготвен до перфекција. Душко Петровски, еден од баристите кој ги посетувал овие обуки, а кој денес во кафе терасата „Аквариус“ доби и сертификат за тоа, вели дека...
Жртва на трговија со луѓе може да биде секој
Post Views: 288 Младите барајќи подобро место под сонцето и трагајќи по егзистенција многу често се заплеткуваат во пајакова мрежа. Сомнителни лица, фиктивни компании со примамливи ветувања ги тераат да направат непромислен чекор впуштајќи се во опасни авантури така што многу лесно стануваат жртви на трговија со луѓе.Жртва на трговија со луѓе може да биде секој посебно младите девојките кои се убави и посакувани бидејќи најлесно можат да се продадат. Ништо помал бројот не е и на децата со кои се тргува, вели Анета Јованоска, координаторот на проектни активности во охридскиот Црвен...
Дечињата во градинките низ државава ќе учат охридски бон-тон
Post Views: 229 Дечињата во градинките низ државава ќе учат охридски бон-тон. Градинката „Јасна Ристеска“ израборила проект во кој е опфатено изучувањето на бон-тонот кај најмладата популација со кој аплицирала до Министерството за труд и социјална политика. Проектот не само што бил прифатен туку министерството решило да биде интегриран во програмата што треба да се работи во текот на целата година во предучилишните установи. Во тек е изработката на прирачник по бон-тон.Целта е да се збогати однесувањето на децата во секоја ситуација и се надеваме дека ќе постигнеме добри резултатаи...