Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 208 Наставниците по англиски од градов и регионот се усовршуваат како да ги следат новите трендови во наставата. Денес за таа цел се одржаа две работилници организирани од Британскиот совет и Бирото за развој на образованието. Едната со наслов „Воспоставување добар однос со учениците“, а другата „Прилагодена настава, креирање на своја веб страница„. На ваков начин се придонесува кон подобрување на наставниот процес и изучувањето на англискиот јазик во Македонија, вели Зора Бушоска, советник за настава по англиски јазик во Бирото за развој на образованието. Искуството...
Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља
Post Views: 169 Актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља.Конкурсот за нов претседател на општинската ВМРО кој беше распишан пред еден месец заврши и сега во тек е втората фаза кога од страна на комисијата на Извршниот комитет се врши селекција на пријавените кандидатаи . Откога ќе се изберат неколкумина кои најмногу ги задоволуваат поставените барања одат на интервју кај претседателот на партијата, а за конечниот избор на претседател на ОК одлучува Извршниот комитет. Михаилов речиси пет...
Градоначалникот заигра ракомет и фудбал
Post Views: 173 Градоначалникот Никола Бакрачески денес ги покажа своите афинитети кон ракометот, а и кон фудбалот. Тој промовирајќи ги двете спортски паралелки кои оваа учебна година се отворија во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“ заедно со идните ракометари и фудбалери заигра на теренот. Градоначалникот не го криеше задоволството што токму нашиот град доби можност да едуцира кадри кои подоцна ќе бидат дел од македонските репрезентации кои ќе не преставуваат во светот.–Она што е најважно за нас е што со отварањето на овие паралелки ќе го развиваме спортскиот...
Огревното дрво најефтина варијанта за затоплување
Post Views: 307 Од денес официјално започнува грејната сезона. Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Во складовите привршуваат нарачките за потрошувачите. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми. Цената на дрвата е иста веќе неколку години. Сеченица на даб или бука од втора класа со дебелина од 3 до 7 см се продава по цена од 1859ден. Даб од прва класа со дебелина од 7 до 16 см чини 2453ден., а бука од 7 до 16 см е 2371ден. Досега преку стовариштето на Македонски шуми во Охрид продадени се преку 22 000 просторни метри. Дрвата можат...
Македонија бара начин како да се спречи верскиот радикализам кај младите
Post Views: 168 Припадници на разузнавачки и безбедносни служби од регионов , но и пошироко како и три меѓународни организации седна на заедничка маса со цел да се изнајдат начини како да се спречи верскиот радикализам кај младите и нивното приклучување во борбите во Сирија и Ирак. На овој собир присуствуваше и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска која рече дека ваквите настани се од исклучително значење за размена на информации и искуства помеѓу службите кои се грижат за националната безбедност во државите. Министерката кажа дека за прв пат на овој собир се отвориле...
Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата
Post Views: 166 Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата и ниските температури кои се очекуваат. Градинката навреме набавила нафта , во три објекти сменета е дограмата се со цел да има поефикасно греење, а во „Росица“ по пат на донација добиле две печки со пелети така што проблемот со греењето и во овој објект е решен. Во моментов се врши и ремонт на парните котли, па директорката на оваа установа, Роза Костоска вели дека нема причина за никаква загриженост кај родителите. Се додека служат временските услови објектите на градинката ќе се загреваат со...
Реакција од Локалната во врска обвинувањата од СДСМ
Post Views: 151 Небулозно е тврдењето на оваа партија дека градоначалникот Бакрачески не ги поздравил борците, бидејќи целата јавност заедно со борците го слушаа говорот на градоначалникот со кој беа поздравени.Очигледно говорот не го слушнало највисокото раководство на СДСМ – Охрид и нивните избрани советници во советот, бидејќи елитата од СДСМ не ги удостои борците и големиот празник 11 Октомври со нивно присуство. Токму оваа елита која го игнорира празникот треба да се извини на борците за игнорирањето кон оние кои се бореа за слободата и устоличувањето на елитата од СДСМ на...
Став на Локалната самоуправа по случувањата на денешната свечена седница по повод 11-ти Октомври
Post Views: 156 Обраќањето на првиот човек на Сојузот на борците на Општина Охрид, Гоце Ѓорѓиески, во кое тој изнесе свои лични видувања, ставови, перцепции и доживувања за власта во земјава, го оценуваме како очигледна злоупотреба на празникот 11 Октомври и настанот кој по тој повод го организираа заедно Локалната самоуправа на Охрид и Сојузот на борците. Со чудење гледаме на преседанот, одбележување на празник кој е заеднички за сите граѓани на Македонија и е симбол на непокорот на македонците, да се злоупотреби во дневно политички цели и да се претвора во држење на политички...
Реакција од ОО НА СДСМ
Post Views: 170 ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш покажа дека не ја почитува антифашистичката борба, борците од НОБ и државниот празник 11 Октомври. На свечената седница во Советот на општина Охрид, по повод државниот празник, градоначалникот Никола Бакрачевски не ги поздрави присутните борци од НОБ и ја напушти седницата за време на обраќањето на претседателот на Здружението на борците. Седницата ја напуштија и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Сашо Василески. Ова е показател за игнорантскиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон оние коишто се бореа за Македонија и кон оние кои...
Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври
Post Views: 186 Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пратеникот Сашо Василевски, претставниците на Локалната самоуправа, директори на јавните претпријатија и на охридските училишта денеска ја напуштија свечента академија изреволтирани од вториот дел на говорот на Гоце Георгиески, претседателот на Општинската организација на Сојзуот на борците од Охрид и Дебрца. Георгиески откога во своето излагање се осврна на значењето на овој историски датум, даде и свое видување,...
Центарот за култура „Григор Прличев“ доби современа техника
Post Views: 184 Во рамките на тригодишниот проект кој е во контекст на заложбите за унапредување на состојбите во областа на театарската дејност, предвидено е опремување на девет од постоечките 15 театри во Република Македонија. До крајот на 2015 ќе се осовремени и техниката во Театарот „Комедија“, Театарот за деца и младинци, Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Останатите театри во државата не беа опфатени со овој проект од причина што веќе добија нови современи објекти,...
Полицијата и трговците заедно во борба против крадците
Post Views: 149 Трговските објекти од градов најмногу на удар на крадците. Според податоците со кои располага СВР Охрид дури 35% од кражбите во градов се извршени во златарите, бутиците и другите трговски објекти во охридската чаршија. Речиси да нема трговски субјект кој не се соочил со ваква непријатна и опасна ситуација.Имаше и кај нас обиди за кражба, а имаше и неколку поситни кражби. Оваа појава тешко дека може да се искорени, но сите треба да направиме напори кражбите да бидат што поретки, вели сопственикот на фирмата „Маеми“, Боро Нечкоски.Со цел да се слушнат проблемите на...