Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

„Зборникот за Охридското востание“ промовиран пред охридската јавност

Post Views: 160 „Зборникот за Охридското востание“ после долгогодишни подготовки денес промовиран пред охридската јавност. Ова дело произлезе од минатогодишниот научен собир што се одржа во Охрид и Дебар по повод 100 години од избувнувањето на Охридско-дебарското востание. Во зборникот се опфатени единаесет реферати во кои е обработено охридско- дебарското востание во кое учествувале од 2500 до 5000 жители од овој крај, од кои голем број биле албанци. Во востанието биле уништени и запалени стотина села и 1000 куќи.Ова востание не беше промовирано во нашаат историја и покрај тоа што...

Продолжи со читање

Сега кој е крив

Post Views: 148   Радоста кратко траеше . Семафорите на раскрсницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ кои на почетокот на учебната година беа поставени после многугодишни барања од страна на родителите и училиштето, оштетени. Овие софистицирани сообраќајни помагала кои работеа на допир не се знае дали се уништени намерно или од незнаење, вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.Оштетувањето на семафорите не е точно утврдено дали е од учениците или од некои други лица. Потребно е да се направи едукација за користењето...

Продолжи со читање

И без раководител се може

Post Views: 160 Дел од вработените во образовните институции во градов реагираат затоа што сеуште нема назначен раководител на Секторот за јавни дејности, поконкретно на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита. Тие велат дека поради тоа се отежнува функционирањето на училиштата. Коко пример го посочија почетокот на учебната година кога дошло до хаотична состојба во училиштата поради неусогласеност на смените поради немање претходна координација помежу директорите на школките што вообичаено пред почетокот на секоја учебна година се правела на заеднички...

Продолжи со читање

Охридските пензионери на прием каj Градоначалникот Никола Бакрачески

Post Views: 174 Охридските пензионери на прием каj Градоначалникот Никола Бакрачески. Повод за тоа се постигнатите резултати и освоеното прво место  на Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република Македонија.  Претседателот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески се заблагодари во име на нивните 9.600 членови и рече дека соработката со Локалната е на завидно нива, а оти се надева дека во иднина ќе биде уште поуспешна. Пензионерот Цветко Попоски и оваа година освои златен медал во стрелаштво. Тој раскажува дека досега седум пати се закитил...

Продолжи со читање

Извештаите за работа на ЈП и училиштата во градов, камен на сопнување

Post Views: 173 Извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија, за некои советници одраз на позитивен тренд во овие претпријатиа, а за некого сеуште показател на тешката состојба и проблемите со кои истите се соочуваат. Советникот од ЛДП, Дејан Блажески рече дека тие како опозиција не се задоволни бидејќи побарале да им се достави образецот за задолжувањата на јавните претпријатија како и информации околу направените трошоци во истите, но ништо не добиле од тоа. ЈП имаат сериозни проблеми и потребен е еден радикален рез...

Продолжи со читање

Ново ветување од Локалната дека градов ќе добие современи автобуски постојки

Post Views: 170 Трета среќа. Оваа локална власт по трет пат во година и половина ветува дека граѓаните кои го користат градскиот превоз ќе добијат пристојно место за чекање. Во повеќе наврати пишуваваме дека автобуските постојки низ градов се во очајна состојба и дека охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо по што Локалната ветуваше дека за брзо овој проблем ќе биде решен. Последното ветување дадено во јуни беше дека со почетокот на летото Охрид ќе добие современи постојки. Летото помина, но со старите постојки. Сега Локалната со ново ветување.–Изготвена...

Продолжи со читање

Станоиздавачите денес протестираа изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност

Post Views: 169 Дел од приватните станоиздавачи денес протестираа пред општинската зграда изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност. Меѓу другото со нив се предлага на физичките лица да не им се дозволува  издаваат станови, соби или апартмани во колективни стамбени згради. Образложението на предлагачот на законските измени, ХОТАМ е дека на овој начин ќе се намали сивата економија кај лицата кои вршат туристичка дејност. Станоиздавачите бурно реагираа на овие забелешки со образложение дека тие се регистрирани и легално ја вршат оваа дејност а при тоа ги подмируваат...

Продолжи со читање

Бакрачески си поигрува со оние вработени во општинската зграда во Косел, обвинуваат од ОО на СДСМ

Post Views: 176 Од  СДСМ обвинуваат дека дел од вработените во општина Охрид незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село Косел. Од таму велат дека ветувањaтa дадени пред неколку месеци од страна на градоначалникот дека целата општинска администрација ќе се ротира и по неколку месеци ќе работи во Косел се само празни ветувања. Општинската организација на СДСМ денес одржа прес конференција во врска со вработените во општина Охрид кои според нив незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во...

Продолжи со читање

Дождовите доаѓаат, а каналите и речните корита плачат за чистење

Post Views: 156 Од вчера и официјално започна есента, а со тоа доаѓаат и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба.Според она што лани нашите екипи го сработија каналите не се во...

Продолжи со читање

Реакција на Локалната на прес конференцијата на СДСМ

Post Views: 355 Како што се покажа , констатацијата на Градоначалникот дека СДСМ нема да настапи со аргументи на говорницата и дека во деновите по неа, ќе организира прес конференции повторно за жал се покажа како точна и денес како и секогаш од како ќе доживеат фијаско на седниците имаме прес конференција на оваа партија, а вчера на седницата имавме наведнати глави и молк.Во интерес на јавноста и вистината уште еднаш чувствуваме за потребно да ги објасниме поволните услови на овој заем кој исклучиво го добива општина која направила извесен напредок во однос на финансиското работење...

Продолжи со читање

Реакција на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ

Post Views: 372 Не поучени од досегашното искуство на национално и локално ниво од СДСМ се повеќе и почесто го допираат дното од кое најверојатно нема уште долго да се кренат доколку и понатака критикуваат се што е добро и на кое вредно и посветено се работи а е во интерес на Охрид и охриѓани. По денешната “бледа“ и вообичаено неаргументирана прес – конференција, бараме од СДСМ јавно да им се извинат на сите охриѓани затоа што со самиот факт што за нив не се битни патиштата , улиците и другите проекти од инфра структурата кои Општина Охрид ќе ги гради  со  средства  од Светска Банка ...

Продолжи со читање

ОО на СДСМ прашува; за каква цел е земен кредитот во висина од 127 милиони денари

Post Views: 159 За каква цел е земен кредитот во висина од 127 милиони денари, прашуваат oд општинската СДСМ. Тие бараат од градоначалникот Никола Бакрачески, да каже и дали под капитални инвестиции се подразбира асфалтирање улици и поставување атмосферска канализација кои што се редовна обврска на секоја општина.–Она што дополнително загрижува е фактот дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески кријат колкави камати ќе плаќаат охриѓани за земениот кредит од 127 милиони денари. – За тоа ли граѓаните на Охрид ќе враќаат кредит до 2030 година?, прашува координаторот на...

Продолжи со читање