Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

„Билките на баба Рада“ пред охриѓани

Post Views: 182 Во книгата „Билките на баба Рада“ можат да се најдат многу совети, рецепти и препораки како да се користат билките кои се наоѓаат во природата, а кои можат да ни бидат од животно значење. Промотор е самата авторка познатата баба Рада со која граѓаните ќе можат лично да се запознаат и да поразговараат, вели Александра Белеска-директор ката на НУ библиотека „Григор Прличев“. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Кој сака да го занемари Законот за заштита од пушење

Post Views: 177 Летово направени 100 надзори од страна на општинскиот пазарен инспекторат во врска со спроведувањето на Законот за заштита од пушење. На триесеттина прекршители изречени им се казни во висина од 2000 евра за правно лице и 500 евра за физичко лице. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на општинскиот пазарен инспекторат вели дека нема отстапување и дека и понатаму  ригорозно ќе го спроведуваат Законот за заштита од пушење. Контролите се прават секојдневно и тоа не само по угостителските објекти, туку и во сите трговски и занаетчиски објекти, бутици, продавници и сите единици...

Продолжи со читање

Почнаа да функционираат двете дисперзирани спортски паралелки

Post Views: 214 Почнаа да функционираат двете дисперзирани спортски паралелки. Министерството за образование заедно со Спортаската академија од оваа учебна година отворија една паралелка за фудбал и една за ракомет во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“. Голем број дечиња се определија своето средно образование да го продолжат токму во овие паралелки, но само триесетина од нив беа избрани од селекторите.Во паралелката за ракомет има десет деца, а во паралелката за фудбал има дваесет и пет.Интересот беше голем но критериумите низ кои поминаа децата беше многу ригорозен....

Продолжи со читање

Започнаа подготовките за проширување на НУ библиотека „Григор Прличев“

Post Views: 176 Започнаа подготовките за проширување на НУ библиотека „Григор Прличев“. Со тоа се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште пред една година, а со која просториите каде моментално функционира НУ фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест.Ние изминатиов период распишавме јавен оглас за спроведување тендерскам постапка на која беше избран економски оператор односно фирма која даде најповолни услови и која од комисијата за јавни набавки во библиотеката беше избрана како најдобар понудувач. Фирмата во наредниов период...

Продолжи со читање

Хигиенско техничките услови на градскиот пазар, лоши, надлежните сеуште молчат околу изградбата на нов пазар

Post Views: 158 Охриѓани се жалат на хигиената и организираноста на градскиот пазар. Велат дека производите кои се продаваат не се чуваат правилно, голем дел од пазарџиите зеленчукот и овошјето го оставаат преку ноќ на тезгите покриено само со некои најлонски кеси,а многу пати гајби со производи можат да се видат и до тезгите поставени буквално на земја. Од ЈП „Градски пазар“ објаснуваат дека уредувањето на пазарот е пропишано со посебен правилник според кој закупците се задолжени секојдневно наутро да ја изложуваат стоката, а навечер да ја прибираат. Додаваат дека продавачите на...

Продолжи со читање

Дрвокрадци ги пустошат шумите во охридско-струшкиот регион

Post Views: 201 Дрвокрадци ги пустошат шумите во охридско-струшкиот регион. Дивата сеча години наназад е доброорганизиран бизнис од кој одлично се профитира. Организирани групи собираат големи количини огревно дрво кое со патнички, теренски и товарани возила најчесто го превезуваат ноќе и го продаваат по многу пониска цена од онаа на пазарот. Според граѓаните кои биле очевидци најмногу дрвокрадци има на планината „Петрино“и тоа над селото Велгошти. Се сечат сите видови дрва, но најмногу се сече бука, велат тие. Според Секторот за шумска полиција при Министерството за земјоделство...

Продолжи со читање

Августовските сметки за струја, шок за граѓаните

Post Views: 184 Августовските сметки за струја, шок за граѓаните. Многу од нив ги изненади сумата која треба да ја платат за потрошена електрична енергија која е речиси двојно повисока од месеците јуни и јули. Од ЕВН велат дека нема место за загриженост  бидејќи пракса на оваа компанија е неколку пати годишно да доставува паушални сметки. Тоа се прави и во месец август поради годишните одмори кога најголем дел од граѓаните не се во своите домови, па инкасаторите не можат да им ги прочитаат броилата. -Следниот месец состојбата ќе биде порамнета, а корисникот ако сака и сега може да...

Продолжи со читање

Локалната бара компетентни и високо мотивирани кандидати за повеќе раководни позиции

Post Views: 168 Позициите за кои се бара пројавување на интерес се Раководител на Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште, Раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици, Одделение за инспекциски надзор-инспекторат Раководител на Одделение за инспекциски надзор-инспекторат, Овластен градежен инспектор, Раководител на Одделение за јавни набавки, Командир на територијална противпожарна единица. Огласот се однесува и на позицијата Директор на јавните претпријатија во градов, Директор на основните училишта во градов, Директор на средните училишта како и за...

Продолжи со читање

Колекторскиот систем ќе се рехабилитира по јапонски терк

Post Views: 172 Тим од Македонија составен од неколку преставници кои години наназад работат на заштита на Охридското Езеро десет дена беа во Јапонија каде  имаа можност да ги согледаат начините за рехабилитација на цевките на колекторските системи и начинот на којшто се управува со водоводниот систем. Оваа посета е дел од проектот за рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро.– Она што го видовме на лице место, презентацијата за начинот како ќе се врши рехабилитацијата на системот беше навистина позитивно и апликативно за нашето езеро и неговиот колекторски...

Продолжи со читање

Денес се одбележа петгодишнината од најголемата бродска трагедија во водите на Охридското Езеро

Post Views: 206 Денес се одбележа петгодишнината од најголемата бродска трагедија во водите на Охридското Езеро. Пред спомен-плочата на загинатите туристи од Република Бугарија кои настрадаа во потонување на бродот „Илинден“ цвеќе положија делегации на Општина Охрид, на Конзулатот на Република Бугарија во Република Македонија, на Здружението „5ти Септември“, на Капетанијата, како и млади македонски ротаријанци.Бугарскиот конзул во државава Чавдар Младенов не можеше да ги скрие солзите истакнувајќи дека болката и секаќавањето на луѓето кои снастрада на овој ден сеуште се свежи.–Утринава...

Продолжи со читање

Љубов и топол дом за секое дете

Post Views: 178 Анкица Крстаноска е мајка на три деца. Таа има три ќерки, но само на една од нив и е биолошка мајка. Другите две девојчиња ги има згрижено во своето семејство полно со љубов и разбирање. Анкица уште пред четири години заедно со нејзиниот сопруг се одлучиле да станат згрижувачко семејство.Ние долго време немавме деца. После многу години во брак ја родив мојата ќерка, но бидејќи сакавме уште деца со мојот сопруг решивме да згрижиме некое детенце, вели Анкица.Нејзиното семејство е едно од двете во Охрид кои згрижуваат дечиња. Од центарот за социјални грижи велат дека...

Продолжи со читање

Основците од прво до трето одделениe ги добија новите учебници според програмата од Кембриџ

Post Views: 175 Основците од прво до трето одделение ќе учат по програма како онаа на Кембриџ. Дечињата веќе ги добија новите учебници а први ги разгледаа родителите. И имаа што да видат. По математика првачињата нема да ги учат само броевите од 1 до 10, туку ќе бројат до 100 и назад, а ќе читаат и пишуваат од 0 до 20. Во второ и трето одделение математиката уште поамбициозна, делење со остаток, равенки со една непозната со двоцифрени броеви, броење со прогресија и тн. Во предметот „природни науки“ учениците уште на оваа возраст ќе се запознаваат со основните поими во физиката, хемијата...

Продолжи со читање